Jump to content

Епископ Фотије: Обновљени нишки разговори СПЦ и МПЦ, могуће васпостављање канонског јединства већ на мајском Сабору

Оцени ову тему


Препоручена порука

Ѓорѓевски: Изненадувачка средба за која знаеле мал број владици на МПЦ-ОА

Изненадувачка средба за која знаеле мал број владици на МПЦ-ОА, вака верскиот анаитичар Бранко Ѓоргевски го коментира возобнувањето на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ, минатат недела во Ниш.

Во изјава за ТВ Сител, Ѓоргевски вели дека во овие разговори се клучни одговорите на две прашања. Едното е дали Вселенската патријаршија знаела за оваа средба и второто што се подразбира под канонско единство, за кое објави Зворничко-тузланскиот епископ Фотиј дека начелно веќе е договорено и дека треба да се реализира веќе на Соборот во мај оваа година.

-Според информациите со кои јас располагам, Вселенската патријаршија била запознаена со оваа средба, односно дала амин таа да се случи. Тоа води кон заклучокот дека оваа оваа средба треба да се стави во контекст на решавањето на македонското црковно прашање кое се води пред Вселенската патријаршија. Главната дилема е дали тоа канонско единство подразбира враќање на МПЦ под капата на СПЦ, или водење на процес кој ќе води кон добивање на афтокефалност, вели Ѓоргевски за Сител.

Тој се надева дека МПЦ нема да ја повтори грешката со Нишкиот договор од 2002 година, апелирајќи до македонските владици да не го загрозуваат македонскиот идентитет. Расколот меѓу двете цркви датира од 1967 година.

 

RELIGIJA.MK

Изненадувачка средба за која знаеле мал број владици на МПЦ-ОА, вака верскиот анаитичар Бр

 

Ти ме волиш, ал ја не осећам.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Автокефланост во замка на играта на интерси

 

Дваесет години подоцна, МПЦ-ОА е пред второто најголемо искушение во нејзината историја, откако на 17 мај 2002 година во Ниш, тројца владици на МПЦ-ОА, ставија потпис на Нишкиот договор од кој произлезе првото делење на црковното ткиво на МПЦ-ОА, кое за среќа не ја постигна целта на оние, кои во Црковен Белград, сонуваа со години.

Зборовите на еден од тогашните епископ на СПЦ, а и денеска главен идеолог на Српската црква: „Ние како Јована баравме човек повеќе од 30 години“, како да не беа добра лекција.

Разликата од тогаш, до денеска е што сега го нема Јована. Митрополитот кој тогаш ја понесе жртвата и на свој грб однесе се, спасувајќи ги останатите тројца владици на МПЦ-ОА.

Ако денес се повтори истата грешка, чинам дека одговоронста ќе мора да ја понесат токму оние, кои и одлучиле да го водат процесот, ако тој не го гарантира она за кое жртва понесоа генерации владици, свештеници, теолози, верници во изминативе 55 години, верувајќи дека патот од Издеглавје 1943 година е исправен и единствен. Автокефалност,  без компромиси.

Исто како и во 2002 и во 2022 година, таинственоста во разговорите е константа, како што е константа и центарот на разговорите Ниш. (веројатно случајно) Разликата е во тоа што од македонска страна, добар дел од влдиците кои беа вкучени во процесот на преговори со СПЦ сега не се дел од оваа делегација, но нема ниту потврда кои се е дел од тој процес.

Што всушност се случува?

Зворничко-тузланскиот епископ Фотиј, случајно или не, намерно или не, со наивност или со умисла, на проповед објави дека МПЦ-ОА и СПЦ се вратиле на преговарачка маса пред неколку дена, со оптимизам констаирајќи дека веќе на Соборот на СПЦ во мај ова година е можно враќање на МПЦ-ОА во канонско единство.

Веста во Македонија ја објави Религија.мк, единствен медиум кој се занимава со религиски прашања. Редакцијата до информацијата доаѓа сосема случано во рамки на секојдневното рутинското пребарување информации по црковните портали на православните цркви.  Инетересно е што ниту еден медиум во Србија не ја пренесува веста веќе трет ден по нејзиното обелоденување.

Информацијата сама по себе е вест, бидејќи после десетина години двете цркви влегуваат во отворен дијалог, а исклучитечно важна е што во изјавата на Епископот г. Фотиј има голема доза на оптимизам. Вели: „На Соборот на СПЦ во мај оваа година може да се врати МПЦ-ОА во канонско единство“. Соборот на СПЦ е закажан за 15 мај, а тоа е една недела од сега. Како тоа г. Фотиј гаи оптимизам дека МПЦ-ОА ќе се врати во канонско единство со СПЦ во следните седум дена, ако 55 години одбива тоа да го стори? Од каде тој оптимизам, ако во Синодот на МПЦ-ОА од 13 владици, 9 велат дека не знаат ништо, а веста ја виделе на медиумите? Синодскиот портарол во изјава за ТВ Сител вели: „Преговорите се во тек, толку можам да кажам“.

Дали тајновитоста треба да биде загрижувачка?

Ако се следи искуството, а искусните велат да, тогаш одговорот е едноставен. Да! треба да се биде загрижен.

Ако се следи тврдењето на владиците дека знаат што е крајната цек, тогаш можеби и не треба да се биде загрижен.

Но, недостатокот на какви било информации остава простор за сериозен сомнеж, но и дилеми за анализа.

Првата дилема е како се случи се ова, ако се знае дека СПЦ повеќе од седум години ги игнорира апелите на МПЦ-ОА за возобнување на дијалогот, откако беше ослободен Вранишковски од сите обвиненија и затворски казни, што СПЦ го бараше како услов? Залудините апели на МПЦ-ОА, до пред некоја година завршуваа со ставот на СПЦ дека „црковното прашање во Македонија е решено и МПЦ-ОА може да разговара со ПОА, канонската црква создадена од СПЦ.“

Пред 4 години МПЦ-ОА покрена постапка за апелација пред Вселенската Патријаршија, која пак го прифати и стави на дневен ред, нешто што српските владици до пред дена година го сметаа за погрешно и жестоко го напаѓаа Вселенскиот патријарх. Тој испрати две барања до СПЦ и МПЦ-ОА за заедничка и одделна средба во Фанар, на што СПЦ остана глува.

Минатата година пред крајот во декември СПЦ изненадно испраќа писмо до поглаварот на МПЦ-ОА и иницира средба на ниво на поглавари. МПЦ-ОА ја известува Вселенската патријаршија, која советува средбата да се оддржи под нејзини покровителство. Следува одговор до СПЦ со пролнгирање на идејата за средба… по што се случува ова што сега се случува… МПЦ-ОА и СПЦ ја реализираат оваа средба, на која спроед изјавите на г. Фотиј присуствуваат тој, Патријархот Порфириј, и можеби уште некој од СПЦ, а од македонска страна логично Архиепископот Стефан, портоаролот на Синодот Тимотеј и можеби уште некој. Но, според сознанијата, таму не се Наум Струмички и Петар Преспанско-пелагонски, редовни членови на македонската делегација. Зошто? Нема одговор.

Засега општо познатиот факт, според изјавата на г. Фотиј е дека МПЦ-ОА ќе се врати во канонско единство со СПЦ и толку. Без какви било детали.

Логичните прашања кои се поставуваат се: Какво е тоа канонско единство? Што тоа подразбира? Зошто некој би ја трампа автокефалноста за автономија, и колку време тоа ќе трае? Кои се гаранциите дека ќе имаа автоекфален статус? Дали за ова е запознаена Вселенската патријаршија?

Неофицијалните информации со кои јас располагам велат дека две сценарија се во игра.

Првото е дека во процесот е запознаена Вселенската патријаршија и дека крајната цел ќе резултира со автокефалност, а второто сценарио е дека играта ја води Руската православна црква, воспоставувајќи нова замка за МПЦ-ОА.

Според првото сценарио во Ниш бил скициран нов договор налик на Нишкиот договор од 2002 година кој подразбира МПЦ-ОА да се врати во канонско единство со СПЦ, односно да влезе во автономен статус, а потоа со заедничко писмо МПЦ-ОА и СПЦ да го известат Вселенскиот патријарх дека црковното прашање во Македонија е надминато и дека СПЦ не се противи Всленската патријаршија да издаде Томос за автокефалност на епархиите во Македонија, кои се управуваат од нова црква, во случајов Охридска Архиепископија (МПЦ). Во тој процес наводно е вклучена и Вселенската патријаршија и би финишираш некаде пред Божиќ 2023 година кога во Скопје Вартоломеј би го презетоирал Томосот на заедничка литургија со г. Порфириј и г. Стефан.

Но, овде недостасуваат неколку важни коцки од целиот мозаик. Прво што ќе се случува со ПОА? Каде е таа во играта на ова решение? Второ како на ова ќе реагира Руската Православна Црква, која е изразито против Вселенскиот патријарх да издава Томос за автокефалност, без согласност на сите помесни православни цркви? И клучното прашање, ако толку беше едноставно се ова зошто досега не беше реализирано? Едно такво сценарио би претставувало тежок удар на СПЦ врз РПЦ, што е наивно да се верува во него, бидејќи би предизвикало тектонски поремтувања во правосавниот свет и еден жеток удар врз Црковна Москва и тоа во период кога таа тоа најмалку би го очекувала.

Второто сецнарио е сосема поинакво. Тоа значи дека во целиот процес Вселенската патријаршија воопшто не е вклучена, туку напротив се е идеја на Рсуката црква. Зошто? Руската православна црква во моменото е соочена со тешка ситуација во православниот свет поради незината улога во воената агресија врз Украина. Речиси и да нема православна црква, освен СПЦ која не ја осуди улогата на РПЦ во војната. Во таква изгубена позиција на РПЦ во православниот свет и се потребни сојузници. Информациите велат дека позадината на овој план е токму тоа. Совет до СПЦ да признае се што може и да вети дека ќе се согласи на автокефалност со цел да ја претрка Вселенската патријашија во евентуална одлука наскоро да го отвори прашање за МПЦ-ОА и официјално и да повлече потег кон издавање на Томос за автокефалност без согласност на СПЦ.

Што ќе добие РПЦ, а што СПЦ со тоа? Руската црква го добива признанието за нејзиното влијание и благонаклонетоста на МПЦ кон нејзе, секао во пакет со симпатиите на Македонците што би значело и политички бенефит за Москва. СПЦ го добива крунскиот аргумент, успеала да го затвори и реши деценискиот спор сама, без да се вмешува Вселенската патријаршија.

Кој е тој аргумент и што тој би значел?

Главниот аргумент на МПЦ-ОА за апелацијата покрената пред Вселенската патријаршија е токму времнскиот континуитет повеќе од 55 години во кои СПЦ нема реална јуриздикција на овие епархии. Што значи иако нејзе и се дадени, таа не е способна да ги управува и затоа Вселенската патријаршија е должна тој спор да го реши. Ова е состојабта што сега постои. Но каква ќе биде ако се случи договор и враќање во канонско единство со СПЦ? Сосема спротивнотна. СПЦ успеала да го реши проблемот самата и да ја врати реалната јуриздикција врз епархиите во Македонија. Тоа значи прекин на петдеценискиот континуитет и оневозможување на Всленската патријаршија да се меша во јуриздикција каде нема проблем, затоа што Мајката црква, во случајот СПЦ го решила проблемот.

И сега доаѓаме до замката, од која мора секој искрен автокефалист да се плаши.

Што ќе се случи ако МПЦ-ОА прифати враќање во каноснско единство со СПЦ, а никогаш, или пак се пролонгира со години барањето до Вселенската патријаршија за коненчно речение на статусот?

СПЦ не е таа која може да даде Томос за автокефалност, не е ниту Руската црква, на крајот од денот се мора пак да заврши пред Вселенската патријаршија. Што ако се остане заглавено? Или појасно да бие. Што ако СПЦ ја изгира МПЦ-ОА? Македонската црква ќе го напушти пак канонското единство со СПЦ? Логичнен одговор би бил  ДА, може да се случи тоа. Но на тој начин го губи временскиот континуитет од 55 години. Тоа ќе биде нов раскол, за кој Вселенската патријаршија нема да може да се грижи, затоа што грижата во следните 30 години ќе биде на Макјата црква, односно СПЦ. И секако и во ова второ сценарио повторно се поставува клучното прашање каде е ПОА во приказната?

Кое од овие две сценарија е во игра, не знам. Но, знам дека изненаданата добра воља на СПЦ не е ниту христијанска, ниту опсипана со некаква голема љубов кон МПЦ-ОА. Напротив таа е испирирана од лукративност, од политиканство. Зошто? Затоа што ако СПЦ имаше искрена воља за автокефана црква во Македонија, еве после 20 години тоа можеше да го направи со Јована и ПОА. Но не го направи. Можеше да го направи и со МПЦ-ОА во изминативе 55 години, но не го направи. Можеше и само да се согласи на сослужување, но и тоа не го направи. Зошто сега би направила нешто што можала да го направи многу проано?

Македонските владици би требало да бидат доволно искусни за да можаат да проценат дали велгуваат во замка или не. Би требало да бидат доволно свесни дека автокефалноста е целта, бидејќи тоа им го дожат на оние кои се вградија во оваа црква. Во оваа приказна има многу нелогичности за да се биде така едноставно како што можеби Порфириј ветува…

Пишува: Марјан Николовски

 

http://religija.mk/avtokeflanost-vo-zamka-na-igrata-na-intersi/

Ти ме волиш, ал ја не осећам.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

пре 2 часа, александар живаљев рече

Можда је добар знак што јутрошња и српска и македонска штампа не третирају ову тему. Кад год су се расписивали, није ваљало. Делује као да су сада извршене озбиљније припреме на свим нивоима у заједничкој жељи да се дође до резултата.

И то је сад питање, често је боље када се дизала прашина, јер се тиме показивало да су се зли духови узнемирили, а када је све ''потаман'', онда може бити ко зна каква подметачина и замка.

Већ сам рекао, данас у подељеном Православљу најважније је да питање аутокефалија решавамо у складу са актуелним проблемима, тј. решавајући истовремено све проблеме везано са опште питање аутокефалија.

Македонци немају блискије пријатеље од Срба који их и признају и који им дају потпуну слободу, једино је важно да то (питање аутокефалије) неко не злоупотреби на штету Цркве и православне вере. Дакле, важно је на који начин ће та аутокефалија бити додељена.

Македонци треба да разумеју да аутокефалија коју би им доделила цариградска патријаршија на већ виђене начине, подразумева и то да у сваком тренутку та аутокефалија може бити и одузета једнострано од цариграда.

Да би се спречила свака злоупотреба, како политичка, тако и црквена и свака друга, важно је да Црква укупно буде активна и одговорна по питању аутокефалија. Они који се плаше саборности на правом васељенском нивоу, а не неком парцијалном, показују да немају добре намере и да им је вера условљена и да им служи за неки другачији циљ од оног који је Божији.

Наука верујућих каже:

Апсолутан је само Бог

Link to comment
Подели на овим сајтовима

пре 1 сат, Orthophill рече

Ѓорѓевски: Изненадувачка средба за која знаеле мал број владици на МПЦ-ОА

Изненадувачка средба за која знаеле мал број владици на МПЦ-ОА, вака верскиот анаитичар Бранко Ѓоргевски го коментира возобнувањето на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ, минатат недела во Ниш.

Во изјава за ТВ Сител, Ѓоргевски вели дека во овие разговори се клучни одговорите на две прашања. Едното е дали Вселенската патријаршија знаела за оваа средба и второто што се подразбира под канонско единство, за кое објави Зворничко-тузланскиот епископ Фотиј дека начелно веќе е договорено и дека треба да се реализира веќе на Соборот во мај оваа година.

-Според информациите со кои јас располагам, Вселенската патријаршија била запознаена со оваа средба, односно дала амин таа да се случи. Тоа води кон заклучокот дека оваа оваа средба треба да се стави во контекст на решавањето на македонското црковно прашање кое се води пред Вселенската патријаршија. Главната дилема е дали тоа канонско единство подразбира враќање на МПЦ под капата на СПЦ, или водење на процес кој ќе води кон добивање на афтокефалност, вели Ѓоргевски за Сител.

Тој се надева дека МПЦ нема да ја повтори грешката со Нишкиот договор од 2002 година, апелирајќи до македонските владици да не го загрозуваат македонскиот идентитет. Расколот меѓу двете цркви датира од 1967 година.

 

 

Овде се види да се политика већ умешала. По ком то канону цариград мора да се меша у унутрашње питање друге помесне Цркве?

СПЦ је доделила аутономију ПОА без нужног мешања било које друге помесне Цркве, док се за додељивање аутокефалије треба питати свака помесна Црква једнако као и цариградска.

Проблем је у томе што цариград жели да ,,потписивање'' свих Цркава не буде једнако, него да цариград ,,додељује'' и даје ,,сагласност'' за аутокефалију, а да се друге Цркве само надовезују на ту сагласност.

Чим се примети да неко потенцира улогу цариграда као апсолутистичку, то одмах показује да постоје друге намере које залазе у нецрквене ствари. Зато постоји опасност по питању аутокефалија.

Наука верујућих каже:

Апсолутан је само Бог

Link to comment
Подели на овим сајтовима

пре 2 часа, Orthophill рече

Но, знам дека изненаданата добра воља на СПЦ не е ниту христијанска, ниту опсипана со некаква голема љубов кон МПЦ-ОА. Напротив таа е испирирана од лукративност, од политиканство.

http://religija.mk/avtokeflanost-vo-zamka-na-igrata-na-intersi/

 

Шта рећи више о овом парадоксу, да целим политикантским ставом оптужиш некога за политиканство.

Чим се толико потенцира апсолутна улога цариграда, да све треба да уради цариград, то значи да од решавања црквеног проблема нема ништа. Јер управо то јесте политиканство и терање свих да буду под утицајем једног хегемона, како политичког запада тако сада и цариграда.

Наука верујућих каже:

Апсолутан је само Бог

Link to comment
Подели на овим сајтовима

@Milan Nikolic нема да ги коментирам ставовите на новинарите. Само ќе ги пренесувам во темава за да се има предвид што се објавува во Македонија.

Ти ме волиш, ал ја не осећам.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

@Orthophill

Наравно да ће бити свакаквих коментара, поготово оних злонамерних. Сви ти који тако говоре, да све треба ићи само преко цариграда, највећи су непријатељи Македонцима. Није то ништа ново, није то само македонски проблем.

Наука верујућих каже:

Апсолутан је само Бог

Link to comment
Подели на овим сајтовима

ЕКСКЛУЗИВНО: Мајката Црква - Вселенската Патријаршија ја прими во единство со себе Охридската архиепископија на чело со Неговото Блаженство архиепископот Стефан

Ти ме волиш, ал ја не осећам.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

http://religija.mk/ekskluzino-vselenskata-patrijarshija-ja-prizna-mpc-oa-i-vospostavi-kanonsko-edinstvo/?fbclid=IwAR1sNyuQt5q6Ct9o0ZH5MMWbri6zGtSDipVDhN1NRFon0WEmLOEm7Y5C25Q

 

ЕКСКЛУЗИНО: Вселенската патријаршија ја призна МПЦ-ОА и воспостави канонско единство

Синодот на Всленската патријаршија ја тргна 55 годишната шизма од Македонската парвославна црква и одлучи да воспостави канонско и евхаристичко општење во македонските владици, свештениците и со народот,  објави религија.мк

Тоа практично значи дека Вселенската патријаршија ја призна МПЦ-ОА и сега ќе може да сослужува со нејзе.

Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.

Во официјалното соопштение од Канцеларијата на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија меѓу другото се вели:

„Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денес, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Северна Македонија, го одлучи следново: Ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален Акт. Се остава на најсветата Црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Северна Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание. Како име на оваа Црква го признава „Охридска“ (имајќи ја на ум како област на нејзината јурисдикција владението во границите на државата Северна Македонија“.

По повеќедеценискиот спор на МПЦ со СПЦ и меѓународната изолација и непризнавање на нашата црква од православниот свет, во април 2018 година Синод едногласно испрати молба за апелација до Вселенската Патријаршија, која единствена на сеправославно ниво има историски и канонски права и привилегии да прифаќа апелација и да доделува автокефалност. Молбата од Синодот на Охридската Архиепископија веднаш беше земена предвид и според јавното соопштение од мај истата година Вселенската Патријаршија, Мајка Црква на сите православни „одлучи да се заземе за ова (т.е. за решавање на канонското прашање на нашата Црква) и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“.

Оттогаш и државниот врв упати неколку писма и молби до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за уважување на молбата за апелација.

Денеска, откако уште еднаш биле разгледани сите црковно-правни елементи, Патријархот Вартоломеј и неговиот Синод ја уважија молбата на нашата Црква и ја донесоа конечната одлука.

Оваа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на нашата црква, туку е израз на татковска љубов и грижа од страна на Вселенската Патријаршија и претставува објава дека повеќе МПЦ не  во шизма и раскол со севкупната православната Црква и нашите свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите помесни православни цркви.

За утврдување на конечниот статус ќе следуваат дополнителни преговори. Ваквиот чекор на Патријархот Вартоломеј и на Вселенската Патријаршија претставува историски настан, бидејќи конечно се исправа долгата неправда нанесена врз нашата Црква. Признавањето на каноничноста од страна на Мајката Црква, првопрестолната Вселенската Патријаршија ѝ стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија

 

Ти ме волиш, ал ја не осећам.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Било би добро да се текстови из македонских извора пропусте кроз преводилац, како би могли да се испрате од ширег круга људи

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Το Οικουμενικό Πατριαρχείο αναγνώρισε την σχισματική Εκκλησία των Σκοπίων

 

fanari iatron

Ἡ Ἁγία καί Ἱερά Σύνοδος, συνελθοῦσα σήμερον, Δευτέραν, 9ην Μαΐου 2022, ὑπό τήν προεδρείαν τῆς Α. Θ. Παναγιότητος τοῦ Οἰκουμενικοῦ Πατριάρχου κ. κ. Βαρθολομαίου, συνεζήτησε διεξοδικῶς τό ἐκκλησιαστικόν θέμα τῶν Σκοπίων, καί, ἀξιολογήσασα εἰς τελικήν φάσιν τήν ὑποβληθεῖσαν τῇ Μητρί Ἐκκλησίᾳ ἔκκλητον προσφυγήν τῆς ἐκεῖσε Ἐκκλησίας, ὡς καί τάς ἀλλεπαλλήλους ἐκκλήσεις τῆς Πολιτείας τῆς Βορείου Μακεδονίας, ἀπεφάσισε τά ἑξῆς:

1) Δέχεται εἰς εὐχαριστιακήν κοινωνίαν τήν Ἱεραρχίαν, τόν κλῆρον καί τόν λαόν τῆς ὑπό τόν Ἀρχιεπίσκοπον κ. Στέφανον Ἐκκλησίας ταύτης, θεραπεύουσα τήν πληγήν τοῦ σχίσματος, καί ἐπιχέουσα εἰς τό τραῦμα τῶν ἐκεῖσε ἀδελφῶν ἡμῶν Ὀρθοδόξων "ἔλαιον καί οἶνον". Πρός τοῦτο ἐκδίδεται καί ἡ σχετική Πατριαρχική καί Συνοδική Πρᾶξις.

2) Ἐπαφίησιν εἰς τήν Ἁγιωτάτην Ἐκκλησίαν τῆς Σερβίας τήν ρύθμισιν τῶν μεταξύ αὐτῆς καί τῆς ἐν Βορείῳ Μακεδονίᾳ Ἐκκλησίας διοικητικῶν θεμάτων, ἐν τῷ πλαισίῳ ἀσφαλῶς τῆς ἱεροκανονικῆς τάξεως καί ἐκκλησιαστικῆς παραδόσεως.

3) Ἀναγνωρίζει ὡς ὄνομα τῆς Ἐκκλησίας ταύτης τό "Ἀχρίδος" (νοουμένης τῆς περιοχῆς τῆς δικαιοδοσίας αὐτῆς μόνον ἐντός τῶν ὁρίων τῆς ἐπικρατείας τοῦ κράτους τῆς Βορείου Μακεδονίας), ὡς ὑπεσχέθη ἐγγράφως πρός τό Οἰκουμενικόν Πατριαρχεῖον καί ὁ Προκαθήμενος αὐτῆς, ἀποκλείουσα τόν ὅρον "Μακεδονική" καί οἱοδήτι ἄλλο παράγωγον τῆς λέξεως "Μακεδονία".

Τό Οἰκουμενικόν Πατριαρχεῖον συνεχίζει νά ἐνδιαφέρεται διά τήν αὔξησιν, πρόοδον καί εὐστάθειαν τῆς ἐκκλησιαστικῆς ταύτης ὀντότητος τῆς Ἀχρίδος, ὡς ἔπραξε διά μέσου τῶν αἰώνων δι᾿ ὅλας τάς κατά τόπους Ὀρθοδόξους Ἐκκλησίας, ὡς "τό πανδοχεῖον τῆς ἀγάπης, ἡ πηγή τῆς εὐσεβείας τοῦ Γένους τῶν Ὀρθοδόξων Χριστιανῶν" (Δράμας Παῦλος).

Ἐν τοῖς Πατριαρχείοις, τῇ 9ῃ Μαΐου 2022

Ἐκ τῆς Ἀρχιγραμματείας
τῆς Ἁγίας καί Ἱερᾶς Συνόδου

arxiepiskopos stefanosΟ Αρχιεπίσκοπος Στέφανο

Извор: 

 

Link to comment
Подели на овим сајтовима

@александар живаљев Vaseljenska se umesala u kanonski prostor SPC i sad kad su poceli pregovori navodno dala tomos MPC ako je ovo istina sto pisu 

Равно,нигде брда све је равно...

Link to comment
Подели на овим сајтовима

×
×
  • Креирај ново...