Jump to content

Orthophill

Члан
  • Број садржаја

    1031
  • На ЖРУ од

  • Последња посета

  • Број дана (победа)

    1

Последњи трофеј

Orthophill је имао/ла садржај са највише реакција!

2 Пратилаца

Profile Information

  • Пол :
    Мушко
  • Локација :
    Скопје

Скорашњи посетиоци профила

11458 посетилаца

Orthophill's Achievements

Дуго је са нама

Дуго је са нама (7/9)

651

Форумска репутација

  1. Да ли сте видели победу коју је патријарх Порфириј извојовао у Македонији? Како ми Македонци га волимо? После 20 година мржње, Порфириј је ушао у Македонији као највеќи победник, који ослободајуќи нас од српску јуриздикцију, освојио је сва наша срца! Долгоденствуј владико Свјати! http://www.spc.rs/sr/vishe_stotine_vernih_dochekalo_patrijarha_porfirija_u_manastiru_kalishte_kod_struge
  2. Значи @carjunaka и јас приложуваме докази и тоа писмени. А, останатите вклучени во дискусијава раскажувате прикаски! Приложете еден единствен документ, па да речиме така е, во право сте! Ама таков документ нема. Значи дискусијава се сведе на факти спротив лични мислења, желби и фантазии! Ако СПЦ има континуитет на Пеќската Патријаршија и Жичката Архиепископија и покрај прекинот од 1459-1557 и конечното укинување на Пеќската Патријаршија во 1766, тогаш и Охридската Архиепископија имала право да си произведи континуитет од Јустинијана Прва, а МПЦ има право да си произведи континуитет од Охридската Архиепископија! Или СПЦ има право на митови, ние немаме?
  3. Најдлабоко ти се извинувам! Еве го изборот на последниот велик архиепископ Охридски! ALD * HISTORICAL MATERIALS * ALD ALD-BG.NAROD.RU Каде пишува дека во изборот учествувал Константинополскиот Патријарх или негов претставник???
  4. Во однос на СПЦ и МПЦ - МПЦ е ќерка и го влечи апостолското преемство од СПЦ. Мора да бидеме реалисти и да не си правиме прикаски. Архиепископот Доситеј бил викар на Патријархот Герман, епископот Климент е ракоположен од +Доситеј и +Герман.
  5. Документи на Охридската архиепископия ALD-BG.NAROD.RU Во документите кои се зачувани од Охридската Архиепископија има и документи за избор на Патрик (Архиепископ). Како членови на Синодот кој ги бирал има само епископи од Охридската Архиепископија! Приложи еден документ каде Константинополскиот ПАТРИЈАРХ или Синодот на Константинополската Патријаршија поставил Охридски Архиепископ. Ја извртувате вистината, само за вашите желби и фантазии да ги прикажете како историски вистини. Жалам, ама вистината е таа - Митрополитот Епифаниј е свети Сава за Украинскиот народ. Колку побрзо го сфатите тоа, толку полесен ќе ви биде животот.
  6. За 1055 немам директни податоци, ама можам да Ви пратам што викал Валсамон за Бугарската, односно Охридската Архиепископија! Еве читајте го неговото толкување на 2. канон од 2. Вселенски Собор и престанете да си измислувате прикаски, само затоа што тие прикаски ви одговараат. Если же находишь и другие независимые (автокефальные) церкви, как-то: болгарскую, кипрскую и иверскую, не удивляйся этому. Архиепископа болгарского почтил император Юстиниан: читай 131-ю новеллу его, находящуюся в 5-й книге Василик титул 3, глава 1, помещенную в толковании 5-й главы, 1-го титула настоящего собрания. Друго прашање: Зошто Вселенскиот Патријарх не го расчинил Охридскиот Архиепископ, кој што учествувал на воздигнувањето на Пеќската Архиепископија во Патријаршија и воздигнувањето од крал во цар на Душан Силен? /otechnik/assets/img/apple-touch-otechnik1602.png Канонические правила Православной Церкви с толкованиями. Второй Вселенский Собор - Константинопольский - читать, скачать AZBYKA.RU Труд «Канонические правила Православной Церкви с толкованиями. Второй Вселенский Собор - Константинопольский». Большинство произведений... https://azbyka.ru/otechnik/books/original/8273-Канонические-правила-Православной-Церкви-с-толкованиями-(Зонара-Аристен-Вальсамон-Кормчая-Книга-правил).pdf 898 страница
  7. Не ми се допаѓа тоа што сте пристрасен и пристрасноста во оваа дискусија Ви е единствена водилка. Да беше бл. Димитриј во добри односи со св. Сава и Охридската Архиепископија да му дадеше автокефалија на св. Сава, Охридската Архиепископија ќе беше најавтокефална, а архиепископот Димитрија Хоматијан ќе беше светец невиден... Тоа доаѓа како некој Македонец по 900 години да вика: патријархот Павле не е свет и да мафта со памфлетите на прота Жарко Гавриловиќ, а да не го сака само затоа што не ни давал автокефалија. Или по 2000 години некој Украинец да тврди, дека Руската Црква не била автокефална, затоа што добиле автокефалија од Константинопол.
  8. Штo значи блажењејши? Офтопик: Го оживеавме форумот - јупи-јупи-јеее
  9. Ако Охридската Архиепископија била автономна, дали и Александриската, Антиохиската и Ерусалимската Патријаршија биле автономни? Бидејќи и нивните поглавари ги бирал Синодот на Константинополската Патријаршија!
  10. Штом бил архиепископ - блажен е. Светител, а за светец - Господ си знае. Каде поточно се поточно моштите на свети Теофилакт? Првпат читам, дека се во Чачак.
  11. Епа зошто протестира Блажениот Димитрија Хоматијан за царот, а не за Патријархот? Затоа што Охридската Архиепископија била под царот, а не под Патријархот. Да била под Патријархот против него ќе протестирал. Блажениот Димитрија Хоматијан ги знаел каноните, не бил неписмен... Тешко е да дискутираме за теми од 13 век со менталитет и знаења од 21.
  12. Охридската Патријаршија (која веројатно е утврдена од страна на Римскиот Папа) не е укината само од една причина - конфликтот меѓу Василиј II Бугароубиецот и Вселенскиот Патријарх Сергиј II. Се` друго се хагиографски прикаски. Од истиот конфликт и Александрискиот Патријарх станал Судија на Вселената со право да носи два петрафили. И не може да биде исто дали е автономна во однос на Вселенската Патријаршија или автономна во однос на царот. Како и да е, во време на Отоманското Царство сите грчки цркви (вклучувајќи ја и Охридската Архиепископија) биле во блиски односи и не може да се сфаќа нивната автокефалија во однос на денешните автокефалии. На пример: еден Костурски митрополит Герасим Палада (втор по ранг во Охридската Архиепископија, кој го вовел тропарот на третиот час пред претворувањето на даровите) станал Александриски Патријарх. Дали тоа значи, дека и Александриската Патријаршија не била автокефална? Уште повеќе во Цариградскиот Типик постои правило за избор на Блаженејши (Патријарх Александриски, Антиохиски, Ерусалимски или Архиепископ Кипарски), кого го бирал Синодот на Вселенската Патријаршија, дури и откако ќе го избереле прво му пееле многолетствие на Вселенскиот Патријарх, па потоа на новоизбраниот Блаженејши Патријарх; и откако ќе завршел изборот Блаженејшиот одел на “баци рака“ кај Свјатејшиот. Дали можеме да речеме дека и Патријарсите не биле автокефални?
  13. Постоеле Рашка и Призренска епархија. Епископите по добивањето на автокефалијата на св. Сава биле протерани. Охридската Архиепископија била царска Црква. Независна од Патријаршијата, зависна од царот. Во тоа време цар немало. Кога се зборува за Охридската Архиепископија, треба да се знае, зошто и во кои услови не била укината во 1018 година. И знаејќи го тој факт, ќе знаеме дали била или не била зависна од Патријаршијата. Како и да е, свети Сава се помирил со Охридскиот Архиепископ и тоа е најважно. Како што и сега МПЦ се помири со СПЦ.
  14. Томосот од СПЦ е валиден и неопходен! Но, доколку ја слушнавте или прочитавте неговата содржина, истиот не е конечен. На пример не е решено името на МПЦ-ОА. Затоа, од Вселенската Патријаршија се бара конечен Томос. Овој начин на добивање на автокефалија беше предложен од самата Српска Православна Црква, уште одамна. Не заборавајте и Томосот за автономија на Православната Охридска Архиепископија исто беше однесен на потврда во Вселенската Патријаршија. Тој Томос никогаш не беше потврден. Без Томос од СПЦ - ќе го имавме сценариото на ПЦУ. Без Томос на Вселенската Патријаршија ќе го имаме сценариото на ПЦА. Епископатот на МПЦ-ОА уште на почетокот кажа, дека не сакаме да бидеме дел од некаква блоковска поделеност. Туку сакаме да сме во единство и братска љубов со сите помесни Православни Цркви. Ако, ни беше за раскол и до сега бевме во раскол.
×
×
  • Креирај ново...