Jump to content

Прогон Православне Охридске Архиепископије у Р. Македонији

Оцени ову тему


Guest свештеник Иван

Препоручена порука

  • Одговори 3.1k
  • Креирано
  • Последњи одговор

Популарни чланови у овој теми

Хиротонија на Епископот Поликарп од Бугарската Православна Црква

 

  

На 27-ми Јули 2014 год., во Лопушанскиот манастир „Свети Јован Крстител“, во близина на градот Монтана, Видинска Митрополија, Р. Бугарија, се изврши хиротонија во епископски чин на новиот Архиереј на сестринската Бугарска Православна Црква, Епископот белоградчишки г. Поликарп.

 

Со благослов на Неговата Светост Патријархот бугарски г. Неофит, на Литургијата началствуваше Митрополитот видински г. Дометијан. На покана на Бугарската Православна Црква на Литургијата сослужуваа и учествуваа во хиротонијата Архиерејите на Православната Охридска Архиепископија, Нивните Преосвештенства, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид. На Митрополитот видински уште му сослужуваа, Епископот воскресенски г. Сава, Викар на Рускиот Патријарх г. Кирил, Митрополитот великотрновски г. Григориј, и Епископите, велички г. Сиониј, месемвријски г. Јаков, деволски г. Теодосиј, трајанополски г. Кипријан и новоракоположениот белоградчишки г. Поликарп.

 

На соборната Литургија Архиерејите се помолија за здравје и долгоденствие на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован. Тие уште ја истакнаа надежта дека Архиепископот охридски г.г. Јован ќе биде што поскоро ослободен од затвор и го изразија своето чудење какви ли луѓе се расколниците и колку се озлобени штом во изминатите дванаесет години осумпати по ред го затвораат Архиепископот охридски г.г. Јован и ја тиранисуваат канонската Црква Христова во Р. Македонија.

 

 

После Литургијата, Архиерејите благоизволија да го осветат и новоизградениот храм посветен на светиот великомаченик Пантелејмон и на преподобната маченичка Параскева Римјанка.

 

На Архиерејите им сослужуваа голем број свештенослужители од помесните цркви, од Константинополската (од Света Гора), од Московската и од Пеќската Патријаршија, од Романската и Бугарската Православна Црква, од Атинската Архиепископија и од Православната Охридската Архиепископија.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

  • 2 weeks later...

Колико год покушавао да икономишем и да смислено гледама на овакве ствари апсолутно нема могућности за разумевање примања и контаката са расколницима.. И то у атмосфери прогона и осуде потпуно невиног Архиепископа охридског Јована .. 

 

Како хоћете ..али ја ово видим катастрофом и потпуним безосећајем за тренутак, ..за стварност..и добро Цркве Христове ...

 

Интервју со игумен Рафаило Бољевиќ

 

otec-rafailo-720x340.jpg

 

http://agapi.mk/interview-igumen-rafailo-boljevic/?fb_action_ids=823432444356806&fb_action_types=og.likes

الحرية أو الموت

Link to comment
Подели на овим сајтовима

 

polikarp3.jpg

 

Izvinjavam se na off, al jel ovo maskenbal?

Zayron: Pa tamo ni nema svađa oko vjere i nacije jer se o tom uošte ni ne priča. Priča se kakva je koja ribica i na šta se fata, na mrmka, na glistu, na kruh, hljeb ili angelbrot, na na lažni mamac itd. Evetualno o tom kako se koja peče i koja je ukusnija.

cloudking: "Ne postoje cuda... postoje samo stvari koje jos ne razumemo."

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Hristos i apostoli bese imali obicne lanene haljine...

Zayron: Pa tamo ni nema svađa oko vjere i nacije jer se o tom uošte ni ne priča. Priča se kakva je koja ribica i na šta se fata, na mrmka, na glistu, na kruh, hljeb ili angelbrot, na na lažni mamac itd. Evetualno o tom kako se koja peče i koja je ukusnija.

cloudking: "Ne postoje cuda... postoje samo stvari koje jos ne razumemo."

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Сећам се кад је Архиепископ Јован служио Литургију код нас у Новом Саду. Ретко фин човек што би се рекло. Страшно је ово што му се дешава. Нек' му Бог да снаге да издржи. 

Блажени гладни и жедни правде, јер ће се наситити;

Link to comment
Подели на овим сајтовима

  • 2 weeks later...
  • Гости

Може ли неко да преведе ово?

 

http://www.poa-info.org/vesti/2014/08/20140822.html

 

 

22.08.2014

Отворен одговор на едно измамничко писмо
 

Поглаварот на расколниците г. Стефан, испратил писмо до канонските православни Епископи во кое го клевети Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и упатува закани до него и до останатите Епископи на Православната Охридска Архиепископија.

Во оваа прилика го објавуваме одговорот на Високопреосвештениот Митрополит Сисаниски и Сијатиски г. Павлос од Црквата на Елада, во којшто, помеѓу останатото, овој Митрополит на г. Стефан му го предочува и следново: и во путирот пред кој „служите“ не се наоѓа Крвта Господова, туку крвта на вашиот брат кого го убивате и таа крв засекогаш ќе ве оддели од Канонската Црква.

 

 

 

До:

оној што незаконски го држи тронот

на Архиепископијата Охридска и

што лажно ја води непостоечката Македонска Црква

г. Стефан

 

г. Стефане,

со изненадување и болка, и без да ви го побарам, го примив писмото со кое се обидувате да го оправдате неоправдливото и се нафрлате против единствениот Канонски Епископ Охридски г. Јован.

Згора на сѐ, тргнувате со една мала измама. Пишувате: „во прилог Ви ги доставуваме информациите за криминалните активности...“.

Кога г. Стефане ви испратив писмо, па да итате да ми одговорите? Зошто би испратил писмо до вас, кога не го признавам вашето црковно постоење и лажната црква што ја водите ја сметам како црковно непостоечка? Кој ви кажа дека ве сметам за валидно лице за да побарам од вас информации?

Се обидувате на овој измамнички начин да постигнете едно непосредно признавање и да оставите да се смета дека јас или било кој друг Архиереј од Црквата на Елада разговара со вас. Вашиот начин со измама изобилува.

Единствената вистинска причина за прогонот на Охридскиот Јован е дека тој е единствениот Канонски Епископ, којшто е признат од сите Православни Цркви. Значи, се обидувате во содејство со државата да го уништите. Зборувате за негово расчинување. Зар може една црква којашто НЕ е Црква да избира или да расчинува? Црквата не е куклен театар.

Што се однесува на обвинувањата и пресудите, не заборавајте дека со слични одлуки судот на беззакониците го осуди, го затвори и го распна Господа.

Митрополитот Јован не припаѓа на јурисдикцијата на една непостоечка црква, туку на Патријаршијата Српска. Црковно, никаква власт немате над него.

Вие се наоѓате во црковно неопределена состојба. Вие на неканонски начин се одделивте од вашата мајка Црква, Патријаршијата Српска, и се обидувате насилно да постигнете признавање.

Се обидувате со силата на државата и со наместени, лажни судења да го скршите Митрополитот Јован, но и оние кои го следат на канонскиот пат, изрекувајќи закани во вашето писмо против нив. Единственото, според вас, нивно „беззаконие“ е дека не ве следат, почитувајќи ги теологијата на Црквата и нејзиниот канонски поредок и предание.

Се претставувате за Архиепископ на една непостоечка црква, но и во путирот пред кој „служите“ не се наоѓа Крвта Господова, туку крвта на вашиот брат кого го убивате и таа крв засекогаш ќе ве оддели од Канонската Црква.

Сите низ светот, коишто протестираат против гонењето на Охридскиот Јован не очекуваат од вас да добијат информации, којшто сте соучесник во неговото уништување. Во историјата на Црквата, однесувања какво што е вашето, се познати. Тоа се однесувања на беззаконици наспроти праведните.

Вашиот лажен облик, што го нарекувате „Македонска Црква“ е експозитура на една држава која ја узурпира вистината и историјата и нема никаква врска со Црквата Христова.

Колку што вие ќе ја продолжите вашата безбожна тактика и неканонскиот ваш пат, колку што ќе опстојувате да го кинете хитонот Христов од светски причини, колку што ќе „благословувате“ еден фалсификат како доказ на вашата „државна“ доблест, зборот ваш ќе скита низ воздухот, вашата „христијанска“ вера ќе биде идеологија, а гонењето на Митрополитот Охридски Јован ќе биде печат на вашата нечовечност. Значи, вашето писмо јавно го враќам како неприфатливо.

Со болка,

 

+ Митрополит Сисаниски и Сијатиски Павлос

посветено на споменот на вечнопамјатниот мој претходник

од Сијатиста Архиепископ Охридски Зосим

Извор: http://www.romfea.gr/ektakta-nea-2/26102-2014-08-21-21-04-11

Link to comment
Подели на овим сајтовима

×
×
  • Креирај ново...