Jump to content

Raskol se zahuktava

Оцени ову тему


Препоручена порука

  • Одговори 11.6k
  • Креирано
  • Последњи одговор

Популарни чланови у овој теми

Управо сада, srb_Lo рече

Па можда тај ваш прешао у ПОА или СПЦ . 

Пречиќе када Владимир Димитријевиќ постане “новотарац“. :)

Ти ме волиш, ал ја не осећам.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

И да је неки расколник саслуживао у канонској Цркви, па нека је то и са благословом Његове Светости, не значи да је аутоматски члан Цркве, као што не значи да ће се свако ко је у канонској Цркви спасити аутоматски. Ако се тај исти расколник врати поново у расколу и настави да прогони канонску Цркву, каква ће бити њему корист што је саслуживао у канонској Цркви? Једино што може саблазнити неке који нису одлучни у вери да остану у расколу. И Јуда се причестио са Христом, па Га издао. Каква је корист била њему од тога што се причестио? Тако се само може наћи на свадби Сина Божјега, необућена у свадбену одећу. Свако од нас има и личну одговорност пред Богом за наше поступке, али у зависности од положаја у коме се налази у друштву, сваки човек има и колективну одговорност за остале људе.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

пре 12 минута, Ристо, разбираш рече

И да је неки расколник саслуживао у канонској Цркви, па нека је то и са благословом Његове Светости, не значи да је аутоматски члан Цркве, као што не значи да ће се свако ко је у канонској Цркви спасити аутоматски. Ако се тај исти расколник врати поново у расколу и настави да прогони канонску Цркву, каква ће бити њему корист што је саслуживао у канонској Цркви? Једино што може саблазнити неке који нису одлучни у вери да остану у расколу. И Јуда се причестио са Христом, па Га издао. Каква је корист била њему од тога што се причестио? Тако се само може наћи на свадби Сина Божјега, необућена у свадбену одећу. Свако од нас има и личну одговорност пред Богом за наше поступке, али у зависности од положаја у коме се налази у друштву, сваки човек има и колективну одговорност за остале људе.

Фразава: „Секој што е во расколот ја гони Црквата“ ми личи на руските бапски прикаски, кои викаат дека цел руски народ е крив што го отепале царот. А за “славните“ (не)дела на царот си молчат или ги оправдуваат, оти нормално Москва е “Третиот Рим“, а царот има право дури и да ги убива оние кои на мирен начин си бараат достоинствен живот.

Знам, дека е тешко и боли кога ќе помислиме дека сме нешто, дека сме тоа нешто не` убедуваат сите, ама на крајот дури и тој што би требало најмногу да верува дека сме нешто се однесува како да сме ништо. Односно во случајов, дури и НС г. Патријарх Српски ја смета ништовна одлуката на Синодот на ПОА, за одлачување на верниот народ и чесното свештенство на МПЦ-ОА. Господ и Спасител наш Иисус Христос, по молитвите на свети Климент и Наум и сите свети Охридски архиепископи, да му дарува долг и мирен живот, крепко здравје, а кога ќе се претстави пред Бога  Царство Небесно.

ПС: Веројатно и Патријархот, сполај му и да му ја имаме молитвата, ја слуша Цеца, па затоа општи со оние со “расколнички менталитет“, на кои им е својствено Цеца да ја слушаат. Цеца е крива, не е тој.

Ти ме волиш, ал ја не осећам.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Лично ме боли за таквите како тебе, што се задоволуваат со некаква сентименталност, наместо со љубов во изобилие. Одлуката да се одлачи клирот на МПЦ е од 1967 и тоа на Соборот на СПЦ, како и одлуката од 2005 да не се причестуваат ниту верниците кои се во раскол. Јасно е дека многумина заради сентиментална поврзаност не ја почитуваат таа одлука. Но за тоа самите ќе си дадат одговор пред Бога. Црквата не одлучи така затоа што не ги сака расколниците, туку за да не бидат како Јуда. Ама бадијала му на намигнуваш на слеп, кога не може да те види. И не си ласкај многу, никого од Црквата што ја почувствувал благодатта на Единството со Бога не го боли тоа дали некој расколник ќе се провлече некаде и дали Патријархот ќе му дал да сослужува или не. А, пак, ако тебе те испонува нечија болка, само Господ нека ти е на помош. Под гонење на Црквата не се подразбира само физичко гонење, туку и секое работење против Единството на Црквата. Што прават и клириците и верниците во раскол, ако не работат против Единството на Црквата? Затоа споредбата со рускиот пример не ти е соодветна.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

„Црквата не одлучи така затоа што не ги сака расколниците, туку за да бидат како Јуда.“  - ај протолкувајте го оксиморонов? Значи ем не` љубите, ем со Јуда не` причислувате! Јас би требало да сум шокиран од оваа Ваша изјава, но не сум, зашто припадник на ПОА, кога зборува за љубов е како кога политичар зборува за чесност. Ама колку љубите, толку и Бог да ве љуби! Јуда, за пари Го продаде Христа! Ама што направи кога ги зеде тие пари? Ги врати и се обеси.

Кој работи против единството на Црквата? МПЦ или ПОА? Нормално дека ПОА, со сите нереални услови што ги поставувате, за идни преговори и ако Бог даде помирување. Вам помирување не Ви одговора. Зошто? Затоа што не ќе можете да живеете од донациите од Србија и Грција, а кога ви ја фатија шемата како ги перите тие пари, почнавте групно да глумите маченици. Или треба да се донесе закон, со кој ниеден закон во Северна Македонија нема да ги фаќа припадниците на ПОА. Исто и на СПЦ не и` одговора тоа, затоа што фиктивно ќе си замислува дека има јуриздикција во Северна Македонија, која нормално е “српска“ земја, иако има верници колку пола селска парохија, кои од љубов се научени до 12 саатот да го мразат цел свет, а по 12 и самите себеси. Исто ко Србија што си замислува дека има власт во Косово, а Косово си функционира како независна држава.

МПЦ цело време плаче за да биде дел од Црквата, ама онака како што и свети Сава плачел за својата Црква! Ако тој е светец и покровител на својата Црква, свети се и оние кои се борат за автокефалијата на МПЦ.

Се ритате против бодило!

Ти ме волиш, ал ја не осећам.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

пре 3 часа, Ристо, разбираш рече

Црквата не одлучи така затоа што не ги сака расколниците, туку за да не бидат како Јуда.

Прочитај подобро! Тоа беше печатна грешка што веднаш ја поправив. Се гледа кој сака да биде во Единство. Ако на МПЦ сакаше да влезе во Единство со Црквата до сега тоа ќе го направеше. Ти веројатно и не знаеш што се подразбира под перење на пари, па затоа не ти замерувам што тресеш зелени. Само не ги соблазнувај луѓето со дезинформации. Кои се тие нереални услови што ги поставува Црквата? Тоа што бара да се покајат за расколот? Тоа што бара МПЦ да престане со прогонот на Архиепископот Јован и на другите Епископи, клирици, монаси и верници? А реално е од страна на МПЦ да си седи на два стола. Ем бара од СПЦ продолжување на разговорите, ем во исто време од Цариград бара да им додели „автокефалија”, без да покажат ни најмалку каење за тоа што го направиле 1967 година. Ова не е само не реално туку е и безобразно! Не се плаши никој од Охридската Архиепископија да влезат и МПЦ во Единство, за тоа се молиме од секогаш. Затоа што не си ја почувствувал љубовта во Црквата, затоа мислиш дека сите те мразат.


 

Link to comment
Подели на овим сајтовима

пре 31 минута, Ристо, разбираш рече

Прочитај подобро! Тоа беше печатна грешка што веднаш ја поправив. Се гледа кој сака да биде во Единство. Ако на МПЦ сакаше да влезе во Единство со Црквата до сега тоа ќе го направеше. Ти веројатно и не знаеш што се подразбира под перење на пари, па затоа не ти замерувам што тресеш зелени. Само не ги соблазнувај луѓето со дезинформации. Кои се тие нереални услови што ги поставува Црквата? Тоа што бара да се покајат за расколот? Тоа што бара МПЦ да престане со прогонот на Архиепископот Јован и на другите Епископи, клирици, монаси и верници? А реално е од страна на МПЦ да си седи на два стола. Ем бара од СПЦ продолжување на разговорите, ем во исто време од Цариград бара да им додели „автокефалија”, без да покажат ни најмалку каење за тоа што го направиле 1967 година. Ова не е само не реално туку е и безобразно! Не се плаши никој од Охридската Архиепископија да влезат и МПЦ во Единство, за тоа се молиме од секогаш. Затоа што не си ја почувствувал љубовта во Црквата, затоа мислиш дека сите те мразат.

Значи треба да веруваме, дека некоја жена ќе земе кредит од 5000 евра (во Македонија, во време кога просечната плата беше 350 евра) и ќе го плаќа со години, само за да ја помагне Црквата на која припаѓа? Ви се молам... Јас не верувам, ни дека Црквата може да прифати таков дар. Зарем Црквата ќе дозволи нејзино чедо да плаќа кредит, за епископите да седат на резбарени столици?
Прогонот врз +Јован престана уште во 2015, т.е. 4 години. И јас тврдам, дека никогаш не требаше ни да го има! Барем МПЦ не требаше да го тужи. Иако сакате да ја претставите МПЦ дека е над државата, сепак не е. Па за прекршувањето на законите секој треба да си одговара. Се избрука МПЦ со тоа и тие што го гонеа треба да се покајат! Верувам дека веќе се и покајани.

Сега очекувам да ми пишете, како треба да се покае МПЦ за самопрогласената автокефалија од 1967, која беше поддржана од свештеничкото здружение на Југославија? Пишете ми конкретно како. Патем пишете ми и како се покајал свети Сава, за тоа што ја прескокнал Охридската Архиепископија, во неговото барање за автокефалија.

Еден од членовите на форумов, ми вети пред година и нешто дека ќе ми прати текст во кој е опишано, што се` треба да има една помесна Црква за да биде автокефална. Се` уште го чекам тој текст!

Како што учениците на свети Кирил и Методиј во 9. век, имаа право да се жалаат на Константинополската Патријаршија затоа што Римската Црква тогаш им ги одзеде чиновите, така и МПЦ има право да се жали. Гледате, од 9. век имаме пример, дека Вселенската Патријаршија имала право да биде Апелационен Суд. Јас искрено немам никаква доверба во СПЦ. Зошто? Затоа што на пример дури и кога беше во затвор вл. Јован, воопшто не се потрудија да му помогнат. Доколку сакаа можеа. Ама па како ќе се фалеа дека имаат владика в затвор, прогонет.

Јас во канонската Црква имам осетено повеќе лицемерие, од љубов. На пример, за гревовите за кои му судевте на вл. Кирил, Бог да го прости, излезе дека и повеќето од судиите ги имаат направено истите. Ама иако сте во канонско и литургиско единство со ними, вие не им свикавте судови за расчинување, туку и се фалите кога со нив сослужувате. Дури и последниов случај со сослужувањето на попот од МПЦ е пример на лицемерие. Едни правила важат за другарчињата на Патријархот, други за оние кои не му се другарчиња. За тоа како мазневте со пера паунови расархимандрити, и што сте им ветувале за да не се оженат со трудните сопруги, не сакам да пишувам. Си знаете. Македонија е мала и оговарачки настроена, ништо тајно не останало. И од МПЦ и од ПОА глупостите се разбираат.

Господ да не` чува од лицемерие и од недостојни клирици! Свети Климент да се моли за нас, како и што се моли! (Ај можеби и ќе издејствувате во календарчето на СПЦ, да го пишат со црвено слово.)

 

Ти ме волиш, ал ја не осећам.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

пре 9 минута, srb_Lo рече

Отворите тему о Македонији и црквеном стању тамо па расправљајте колико хоћете 

Тамо је већ подобро пљувао Цркву у С. Македонији!

 

Link to comment
Подели на овим сајтовима

пре 4 часа, Orthophill рече

Прогонот врз +Јован престана уште во 2015, т.е. 4 години.

Судскиот прогонот врз Архиепископот Јован не престанат иако тој не е во затвор моментално. Врховен суд не се изјаснил по жалбата. Може пак да го врати делото на првостепено разгледување. И пак сè од почеток.

На владиката Кирил му беше судено и пресудено заради тоа што учествуваше во предизвикувањето на расколот и остана непокајан за тој грев до смртниот час. Кој од другите Епископи што судеа направија раскол? Во голема заблуда си! Нешто си начул, ама не си дослушнал и се служиш со полувистини, а се знае кој се служи со полувистини, да не му го спомнуваме името. За кривично дело перење на пари треба да има пари што се стекнати со кривично дело нелегално. Тоа што некој заштедата си ја дал за да се купи место за служење на Литургија, а не за резбани столици, не се нелегални пари. А по најмалку можел Архиепископот Јован да им ги даде, како што го обвинуваа, оние пари што ненаменски ги потрошил кога бил Епископ во Велес. Значи еднаш потрошени пари од страна на Архиепископот Јован, повторно тој им ги дава на другите да ги трошат. Ако според тебе ова има логика, тогаш си за сериозен медицински преглед.

Мислиш дека некој намерно садистички сакал Архиепископот да биде во затвор само за да се фали дека има владика во затвор!? Тоа е многу болно размислување. Тоа што во канонската Црква си видел повеќе лицемерие од љубов само значи дека си видел она што си барал. Ако ја бараш љубовта Божја ќе ја најдеш па дури и во затвор. Нема удобно распетие! Никој од нас не бара да оди во затвор, ама и не бега ако тоа дојде. Архиепископот го уценуваа, ако го пуштат од затвор да ја напушти Македонија. Е затоа Архиепископот не излезе од затвор толку време, бидејќи сакаше да остане со паствата, па макар и во затвор. Но за тоа ќе пишува историјата на Црквата. Ќе читаш ако си жив и здрав.

Никој во канонската Црква не оди затоа што таа е идеална и нема недостатоци. Има секакви и во Црквата, почнувајќи од мене како најгрешен. Ама во Црквата сме затоа што Христос е Глава, а на расколот не е. На Неговата милост се надеваме. Тоа што треба Епископатот на МПЦ да го направи не е ниту непознато ниту комплицирано. Тие еднаш и го направија, кога го потпишаа Нишкиот договор. Треба да го прифатат оној статус што го имале пред расколот, со тоа што сега може веднаш да се дефинираат и понатамошните чекори до автокефалијата која, секако, ќе дојде со консензус, бидејќи ем така се договорени сите Цркви пред Соборот на Крит, ем сега се виде со Украина дека еднострано признавање не вродува со плод.

Што и да направил Свети Сава тоа било укинато заедно со Охридската Архиепископија 1767 година. Последната канонска состојба на СПЦ како автокефална Црква е од 1920 година запечатена со Томос од Цариградската Црква. Последната канонска состојба на МПЦ била во рамките на СПЦ, затоа решавањето на спорот е во договор со СПЦ. И тука ништо не е комплицирано, доколку се тргнат настрана суетите човечки и политичарите како некои што и нанесоа најголемо зло на Црквата со своето мешање, а сè заради нивни лични интереси, а не заради интересите на Црквата и народот.

Дури и да се признае правото на апелација на Фанар, тоа не може да се случи ако нема првична одлука. СПЦ не бара од МПЦ ништо невозможно ниту комплицирано. Само да се врати во статусот пред расколот, како и што го прифатија со Нишкиот договор, ама после под притисок на политиката се откажаа. А ти што велиш? Треба да им се легализира пучот на МПЦ од страна на СПЦ? И ако не се случи тоа тогаш ќе бараме апелации се додека некој не се најде да го легализира пучот? Нели е недозреано такво мислење? Нели мислиш дека така МПЦ наликува на разгалено детиште што по секоја цена сака да му удоволат, без притоа да мрдне со мал прст?

Ако мислиш дека го оправдувам Патријархот, ако воопшто дал благослов, расколникот да сослужува во канонска Црква, се лажеш. Тој сам ќе си даде одговор за тоа пред Бога, јас само реков дека ни за расколникот не е полезно тоа.

И не е убаво да се бавиш со инсинуации. Кои расархимандрити, какви трудни сопруги, за какви ветувања зборуваш? Тие што пристапија во канонската Црква пристапија, тие што сакаа да останат останаа, некои заминаа. Никој со сила ниту ги принудувал да останат ниту ги бркал.

Еден смирен братски совет. Наместо да бараш лицемерие во Црквата и надвор од неа, подобро барај ја милоста и љубовта Божја и ела во Црквата, а не од надвор, како пред прозор, да викаш. Биди ти промената што сакаш да се случи во Црквата. Покажи како треба, ама од надвор не е можно. Треба да си внатре, за да те видат и препознаат. Вака остануваш туѓинец за Црквата.

П.С. Пишем на македонском, јер се обраћам лично ономе који ме је прозвао и пише на македонском. Сада је бар лако, ако неко не разуме, да то преведе на google translate.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

пре 9 минута, Ристо, разбираш рече

Ама во Црквата сме затоа што Христос е Глава, а на расколот не е. На Неговата милост се надеваме.

amin-nas

Link to comment
Подели на овим сајтовима

×
×
  • Креирај ново...