Jump to content

Прогон Православне Охридске Архиепископије у Р. Македонији

Оцени ову тему


Guest свештеник Иван

Препоручена порука

Г-дине/г-ѓо/г-ѓице Валтер, 

разговарав и со мојот духовник и со мојот владика (од МПЦ). Иако не ми се извинивте, тужба нема да Ви поднесам (иако истата ќе биде спремена), само поради Христа Богомладенецот. Ако по некој случај повторно пишам на овој форум и повторно лично ме навредите истата ќе биде доставена до надлежен суд. 

Бидете поздравен/а и Христос се роди!

Hoćeš biti ljubazan i malo pojasniti kako se neko iz kvazi Crkve može nazvati vladikom ili duhovnikom?

Link to comment
Подели на овим сајтовима

  • Одговори 3.1k
  • Креирано
  • Последњи одговор

Популарни чланови у овој теми

Да се подсетимо:

ПИТАЊЕ МАКЕДОНСКЕ ПРАВОСЛАВНЕ ЦРКВЕ У ЈУГОСЛАВИЈИ - ДР. ЂОКО СЛИЈЕПЧЕВИЋ

 

http://www.scribd.com/doc/105257125/ПИТАЊЕ-МАКЕДОНСКЕ-ПРАВОСЛАВНЕ-ЦРКВЕ-У-ЈУГОСЛАВИЈИ-ДР-ЂОКО-СЛИЈЕПЧЕВИЋ

"Ембрион је од самог зачећа личност и целовито људско биће" - Свети Григорије Ниски

"Ембрион до четрдесетог дана не поседује потпун људски облик, али зато од тренутка зачећа поседује умну и разумну душу" - Свети Максим Исповедник

http://www.serbian-iconography.com/                       www.youtube.com/watch?v=sJRslkLQRyU

Link to comment
Подели на овим сајтовима

@@Orthophill,

 

Немам намеру да и даље водим ову најбесмисленију преписку у историји форума, заиста.

Али пошто видим да си и код себе на форумском профилу написао да те је неко тј ја, назвао схизофреним... а ја ти ево трећи пут кажем да је то апсолутна неистина, а ти ми машеш ''дефиницијом'' са Википедије...само услед тога што видим да неки људи наседају на твоју причу да сам те тако назвао... Ја бих волео Истине ради да ме цитираш.. где ти то кажем. ЈЕР САМО ТО ЈЕ ЗДРАВ ДИЈАЛОГ и разовор..

 

А ово што ти радиш говорећи да сам за тебе рекао нешто а ја то нисма ни помислио.. то је крајње безобзирно са твоје стране и ја сам брате мој драги тај који би требао сада да се љути. То што си ти учинио стављајући ми у уста речи које нисам рекао а онда се о томе жалио на форуму и чудио како нико не реагује.. то је тужно и хришћанину страно.

 

Наравно да нико не реагује када тога није ни било.. жалиш се за ствар која ти није ни учињена. Ево имам толико воље , опет Истине ради јер Једина Истина јесте Христос, да те позовем да ЦИТИРАШ РЕЧИ ГДЕ КАЖЕМ ДА СИ ''ТО'' што се жалиш да сам реко.. Изволи .. ЦИТАТ.. А онда брате како је ред и како доликује коментариши само речено а не сопствене конструкције. То како рекох, већ спада у домен неких који са Истином заиста немају много додирних тачака. 

 

П.С. 

Погрешном човеку си приписао ''етикетирање и махање''  дијагнозама. Ником никада не бих прилепио етикету било које дијагнозе пре свега из Људских, потом и Хришћанских али уједно и из дубоких професионалних разлога. И оно што сам ти рекао о бесмислу дефинисања те болести је било апсолутно са тих професионалних позиција.

 

Очекујем цитат...

.. Нек пропадне није штета !..

Link to comment
Подели на овим сајтовима

него теби се стално мешају ствари, појмови и реалност са илузијом..

Што е ова? Што значи ова стално мешање работи, поими и реалност со илузија? Посебно тоа реалност со илузија? Тоа на психички здрав човек не му се случува! 

Како и да е не планирам со Вас да си го помина Божик.

Ти ме волиш, ал ја не осећам.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Епископ стобиски Давид: Христос се роди!

 

bozik.jpg?w=640

 

Денес, кога го празнуваме воплотувањето Христово, возможно е некој да го постави прашањето: зошто се воплоти втората ипостас на Света Троица, а не стана човек на пр. Отецот или Светиот Дух! На ваквото прашање, Отците на Црквата одговараат со следниве зборови: затоа што човекот е икона Христова! Логосот е Создател на човекот, согласно на напишаното во Светото Писмо: рече Бог и би, од што недвосмислено е јасно дека Бог сѐ создаде преку Словото. Затоа и Словото стана човек, за да го спаси човекот што го создаде. Човекот е икона Христова, образ на Логосот, та следствено Он стана човек, а не некое од другите две лица на Света Троица.

Оттука, според зборовите на светиот Хризостом: Рождеството Христово е Митрополија на сите празници во Црквата! Доаѓа Господ во овој свет смирено! Нетелесниот се вотеловува, невидливиот станува видлив! Станува сиромашен за ние да се обогатиме! Од љубов се воплотува! Се спушта Господ, за да се издигне човекот! Доаѓа блиску до нас, за ние да се доближиме до него, да го обожиме сопственото постоење! Небото се спушта на земјата и човекот едноставно ја пружа својата рака за да го прими новиот живот! Според зборовите на светиот Атанасиј Велики: кога сонцето не бива загадено доаѓајќи во допир со разните предмети на земјата, ниту го губи блесокот, туку напротив, сѐ осветлува и очистува, тогаш колку повеќе Логосот Божји, Создателот на сонцето, со тоа што се воплоти не само што не беше загаден, туку поточно речено, бивајќи Самиот нераспадлив – го оживотвори и го освети распадливото тело! Затоа, со воплотувањето Христово човекот станува син Божји!

Навистина претставува штета кога луѓето му се доближуваат на овој празник без грам теологија. Кога остануваат само на подготвување храна, на украсување и на фолклор. Со други зборови кажано, кога го прославуваат Рождеството Христово, но без Христа! Токму како што тоа, за жал, го прават нашите браќа од схизматичкото опкружување, кои упорно остануваат вон Соборноста и кои дури и за Божик го гонат Богомладенецот Христа и нашата Црква, со тоа што го ставаат Архиепископот охридски Јован во затвор и со тоа што по овоземните судови развлекуваат Христијани: Епископи, свештеници, монахињи и верници! Но, како и да нѐ нарекуваат, што и да ни прават, колку и да се занимаваат со нас, за нас, нивното рамниште никогаш нема да биде смислата на Рождеството Христово, ниту, пак, било кога ќе го прославуваме раѓањето на Богочовекот Христос, прогонувајќи, онеправдувајќи и осудувајќи луѓе!

За нас, смислата и целта на прославата на денешниот празник секогаш ќе бидат зборовите: Бог се вочовечи, за човекот да стане бог по благодат! Бидејќи, доколку целта беше ние само да ги научиме вистините од Евангелието, тогаш Бог и не мораше да станува човек, туку можеше да ни го покаже тоа учење преку Пророците и Апостолите! Но, ќе можевме ли ние тогаш да Го љубиме ако не Го познававме, ако никогаш му Го немавме видено лицето, ако останеше за нас невидлив и недостижен? И, како би било возможно да воспоставиме заедница со еден таков далечен, недостапен и студен бог? Сепак, Логосот Божји ја премости онтолошката провалија, којашто постоеше помеѓу Бога и човекот, та човештвото го виде и го гледа лицето на нашиот Господ Иисус Христос, бидејќи Логосот стана плот и живееше помеѓу луѓето, а и денес ни се дава во Соборната Евхаристија! Затоа, често нагласуваме дека Црквата не е некаков философски систем, којшто ќе нѐ направи подобри луѓе, туку во Соборната Црква го стекнуваме опитот од познанието на Богомладенецот Христос, ја стекнуваме полнотата на заедничарењето со Соборниот Христос, преку причестувањето со Неговите Тело и Крв!

Денес сме собрани далеку од човечката суета на светската моќ. Собрани сме во смирената Витлеемска пештера. За Христос да се роди во нас, Он дејствува во пештерата на нашето срце во коешто влегува со својата несоздадена благодат и во него преобразува сѐ што е непреобразено; та, тогаш нашето срце дејствително станува престол на Богоотрокот Христос. Таму се совршува тајната на нашето спасение! Зошто баш таму? Според зборовите на Отците, каква ќе беше ползата од Рождеството Христово доколку не го познавме дејствително токму во сржта на нашето битие! Оти, возможно е некој да знае за Христа на еден интелектуалистичко-теоретски начин, но истовремено да не го познава во длабочината на своето битие, па оттука да остане и неопитен за Љубовта.

Оној Којшто на земјата носи мир и помеѓу луѓето добра воља, уште со самото Негово доаѓање во светот започна да го трпи прогонот! Значи, од прогонот од страна на Ирод, па до смртта на крстот! Ние секогаш да го примаме во нашите срца прогонетиот Богомладенец на мирот и љубовта, да го примиме во нас Сонцето на правдата, сведочејќи така дека Рождеството Негово не е само далечен историски настан, туку дека и денес е победа на Божјата љубов, којашто и од нас прави синови и ќерки на Светлината, деца Христови, во Отца, преку несоздадената благодат на Светиот Дух, сега и секогаш и во вековите на вековите. Христос се роди!

Успенски манастир, Скопје, 07.01.2014

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Прославено Рождеството Христово во Православната Охридска Архиепископија

 

Празникот на Рождеството Христово денес беше прославен во сите богослужбени места на Православната Охридска Архиепископија.

 

Во 2002 година, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован го воспостави канонското и литургиско единство со Соборната Црква исцелувајќи го постоечкиот раскол! Оттогаш, во Р. Македонија, спротивно на основните цивилизациски и демократски начела, граѓаните коишто по слободен избор едноставно не сакаат да бидат расколници, т.е. припадниците на Православната Охридска Архиепископија го прославуваат Рождеството Христово во особени околности на државен прогон и терор врз верска основа. Нејзиниот Претстојател, Архиепископот охридски г.г. Јован, од 2002 год., само заради неговото исповедништво на соборниот карактер на Црквата - затворан е седум пати, а и денес, веќе над две години, под лажни обвиненија, се наоѓа во суров затворски режим. Против него и против Епископи, монаштво и верен народ на Православната Охридска Архиепископија во политички монтиран судски процес, донесена е нова осудителна пресуда.

 

За празникот на Рождеството Христово, Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким богослужеше во Куманово.

Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко богослужеше во Штип.

Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, богослужеше во Скопје.

 

Во сите богослужбени места низ нашата татковина, верниот народ на Православната Охридска Архиепископија усрдно му се молеше на Богомладенецот Христос за што побрзо ослободување на Архиепископот охридски г.г. Јован од затворот во кој се наоѓа, и за прекин на државниот прогон и говорот на омраза врз верска основа што се спроведува кон припадниците на канонската Црква во Р. Македонија.

 

На денешниот ден трулежното и нетрулежното се проникнуваат во единство. Следствено, Рождеството Христово во суштина и претставува повик кон сите луѓе, коишто го немаат тоа единство - да влезат во единството на Телото Христово, во Соборноста на нашата Црква! 

 

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Не сакајќи да го расипеме празничниот спокој, не одговоривме на неколку невистини, коишто во седмицава пред Рождеството Христово беа пренесени од средствата за информирање. Но, за да не се помисли дека сме согласни со изречените невистини, од Канцеларијата на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска го издаваме следново:

 

СООПШТЕНИЕ

 

Во интервјуто дадено за весникот „Вечер“ (04. 01. 2014 г.), поглаварот на МПЦ, г. Стефан, меѓу другото вели: „кога сите ќе ги прифатат аргументите со кои се докажува криминалот и неморалот на Вранишковски и некои негови поддржувачи, ќе падне и митот за мачеништвото, но ќе падне и маската за искреноста и одржаноста на овој проект“. Без да се осврнуваме на речникот што го употребува поглаварот на МПЦ, кој очигледно повеќе му прилега на ѕидар кој се занимава со извршување на проекти, отколку на теолог, ќе се задржиме само врз веродостојноста на неколку поими, коишто се употребени во горната реченица. Непристојно е г. Стефан да говори за „криминалот и неморалот“ на Архиепископот охридски г.г. Јован и некои негови подржувачи, бидејќи за криминалот што го прави г. Стефан, а за којшто сепак останува недопирлив за органите на прогонот од причини што е вртикапа и се подлизува на секоја гарнитура на власта, знаат веќе сите во Р. Македонија. Нема човек кој не знае за „Изгрев, Говрлево, Аеродром“... За неговиот, пак, неморал што го прави уште од времето на неговиот краток монашки стаж, па сè до денес, зборуваат не само луѓето во црквата, туку и самите свештеници кои се под негова јурисдикција. Не е непозната психологијата на арамиите, кои тргнувајќи од себе си, сите други ги сметаат за арамии; а, исто така и прељубодејците и блудниците сметаат дека сите се како нив.

 

Така, лагите што г. Стефан ги изнесува за Архиепископот охридски г.г. Јован и неговите приврзаници, всушност го омаловажуваат него самиот, иако се наменети кон омаловажување на други.

 

Интервјуто што г. Стефан го даде за „Вечер“ не дава доволно податоци за да се заклучи дали и тој самиот мисли дека: „ќе падне митот за мачеништвото (на Архиепископот Јован)“, или, пак, тоа го вели само како негова новогодишна желба! Прво, ако г. Стефан барем малку се разбира од теологија, ќе знае дека ги побркал лончињата во врска со митот и реалноста. Нема мит што во потполност е лишен од секаква реалност. Во некој мит има повеќе, а во некој помалку реалност. Така и во митот за мачеништвото на Архиепископот охридски г.г. Јован има толку порака, колку што секој, според стадиумот на духовноста во која се наоѓа, може да прими. Ако г. Стефан сметал дека мачеништвото на Архиепископот охридски г.г. Јован не е реално, дека на Архиепископот охридски г.г. Јован не му ја запалиле куќата, не ги повредувале неговите монаси и монахињи, не ги навредувале и злословеле преку средствата за информирање, дека судски не го гонеле во шест судски процеси, поттикнати токму од г. Стефан, дека не бил дури седумпати во затвор и тоа само заради тоа што стапил во литургиско и канонско единство со православните цркви во светот, тоа можел да го каже на друг начин, а не преку поврзување со митот!

 

Но, тоа што е најчудно, не е неговото непознавање на теологијата! Најчудно е што г. Стефан инсистира сите да ги прифатат аргументите со кои се докажувал „криминалот и неморалот“ на Архиепископот охридски г.г. Јован и некои негови подржувачи. По вообичаениот манир на политичарите во Р. Македонија, на кои сите од надвор им се виновни што не ја разбираат нивната политика, така и на г. Стефан, сите му се виновни што еве веќе полни единаесет години не му ги разбирале неговите издржани аргументи дека Архиепископот охридски г.г. Јован и неговите поддржувачи биле „криминалци и неморални“, а, пак, сите во Соборното Православие ги сметаат за маченици.

 

Психологија на секој криминалец, господине Стефане е никогаш да не отиде во затвор и да направи сè што е во негова можност да го избегне затворот! Ова второво, Архиепископот охридски г.г. Јован го можел и тоа на повеќе пати, но тој ја одбрал психологијата, поточно речено етосот на маченикот. А, тој етос, изразен преку зборовите на светиот Игнатиј Антиохијски, би изгледал вака: „Пченица сум Божја и се мелам со забите на ѕверовите, да му се покажам чист леб на Христа“. Ваквиот етос секако е непоимлив за секој инквизитор, без разлика во која епоха живеел, во времето на Галилео, на Коперник, на Јан Хус или на Јован Вранишковски!

 

Последниве денови, средствата за информирање се занимаваа и со тоа што бил Архиепископот охридски г.г. Јован по националност! Да потсетиме дека ова прашање, одвреме навреме, веројатно во недостаток на други теми, се појавува во јавноста, но секогаш со нови откритија! Најпрво, кога оваа тема се појави во средствата за информирање, беше заклучено дека тој е Грк. Потоа, други медиуми открија дека тој е Влав. По интервјуто, коешто Архиепископот охридски г.г. Јован го даде за Бугарската Национална Телевизија, во 2011 г., кадешто јасно кажа дека населението на територијата на Македонија во времето на монархот Самоил се изјаснувало како: Бугари, тој беше наречен Бугарин. Сега, најново, тој е Србин. Бидејќи во затворот го научи и албанскиот јазик, за очекување е дека наскоро ќе биде наречен и Албанец. Од сево ова, сигурно е само едно, она што го вели светиот Апостол Павле за себе: на сите им бев сè, само во Христа да ги придобијам (1Кор. 9. 19,27)!

 

Од Канцеларијата на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Да се разумемо,Македонија је Србија,и то је јасно као дан,зашто се бунимо само око КиМ кад су дали Македонију нико реч да каже...то уопште није ни била држава до 1946...

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Да се разумемо,Македонија је Србија,и то је јасно као дан,зашто се бунимо само око КиМ кад су дали Македонију нико реч да каже...то уопште није ни била држава до 1946...

Dušane, brate, promašio si temu. Hristos se rodi! A veruj mi rodio se najpre u skopskim zatvorima.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

  • Чланови који сада читају   0 чланова

    • Нема регистрованих чланова који гледају ову страницу
×
×
  • Креирај ново...