Jump to content

Прогон Православне Охридске Архиепископије у Р. Македонији

Оцени ову тему


Guest свештеник Иван

Препоручена порука

И на крају одлука... одбацују споразум

А на истој седници доносе одлуку да дају подршку оним политичким партијама који својим програмом и у пракси штите интересе МПЦ. Хм... :.mislise.

 

 

Највисокото црковно тело на МПЦ на вчерашната седницата не го прифати српкиот предлог за автономија


Синодот едногласно го отфрли нишкиот нацрт-договор

 

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, на вчерашната седница, одржана во голема тајност во манастирот †Света Богородица° кај Матка, едногласно го отфрли нацрт-договорот потпишан во Ниш, оценувајќи го само како работен документ на Комисиите за разговори на МПЦ и на СПЦ, но необврзувачки за нашата црква. Преговорите со СПЦ ќе продолжат. Се очекува првиот чекор да го направи Српската црква, иако според владиката Петар еден од потписниците на нишкиот документ, поканата за средба може да дојде од која било страна. Нишкиот документ во иднина може да послужи како платформа, но притоа Синодот на МПЦ нема да се откаже, ниту пак имал намера да се откаже, составен дел од името на нашата света црква да биде називот Македонска православна црква, како и од нејзината самостојност, односно автокефалност.

 

8901.jpg

Владиката Петар ги информира новинарите за одлуките на Синодот на МПЦ

 

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

Синодот на МПЦ ја одржа вчерашната седница во голема тајност, криејќи се вешто од медиумите. Обидите на новинарите да ја откријат локацијата на средбата на членовите на највисокото црковно тело, вчера остана безуспешна, за доцна попладнето владиката Петар на прес-конференцијата да соопшти дека состанокот владиците го одржувале во манастирот ?Света Богородица° кај Матка. Оваа локација е одбрана со цел архијереите да работат мирно, без притисок, со оглед на тоа дека во јавноста имаше најави дека верниците кои се против договорот мирно ќе протестираат пред зградата на Архиепископијата, каде што вообичаено се одржуваат синодските седници. На вчерашната седница, на која Синодот донел едногласна одлука, единствено не присуствувал митрополитот брегалнички, Јован, кој бил на службен пат, еден од владиците кој по одржувањето на претпоследната синодска седница изјави дека до смрт ќе ја брани идејата Македонската православна црква да го прифати договорот кој ни го понуди Српската црква за добивање на автономија под нејзина закрила, условувајќи ја притоа МПЦ да се преименува во Автономна охридска архиепископија. 

?Светиот архијерејски синод на МПЦ му благодари на Бога за пројавената загриженост на својот верен македонски народ и на пошироката македонска јавност за зачувувањето на достоинството и името на својата мајка МПЦ и го повикува да станат нејзини активни членови, живеејќи редовен црковен и литургиски живот. Ваквото високо мислење и одаденост на македонскиот народ кон својата црква го обврзува САС на МПЦ заедно со својот народ да побара и да се избори со амандмани да и се врати достоинството на нашата црква во Уставот на Република Македонија°, изјави митрополитот Петар, администратор на Преспанско-пелагониската епархија и надлежен за Австралиско-новозеландската епархија на вчерашната прес-конференција. Тој изјави дека митрополитот брегалнички, Агатангел на седницата вчера го изразил своето длабоко жалење и им се извинил на членовите на САС за упатените навреди на седницата на 18 мај, додека Синодот на МПЦ се оградува од шпекулациите изнесени во јавноста.

Највисокото црковно тело на Македонската православна црква вчера потенцирал дека обврзувачки и конечни документи во натамошните разговори на Комисијата на САС не можат да бидат работните документи, туку обврзувачки се конечните документи потпишани од претседателот на Синодот и на архиепископскиот црковно-народен собор на МПЦ. Истовремено, ова тело донело одлука за сите прашања значајни за сегашноста и иднината на македонскиот народ и држава јавно ќе донесува свои мислења и ставови, барајќи притоа тие да бидат слушнати и прифатени. 

Имајќи го предвид сознанието за значењето и улогата на МПЦ во минатото, а особено денес за македонскиот народ, неговата самобитност и држава, нашата црква вчера одлучила да им дава поддршка само на оние политички партии кои во својата програма и практика ги штитат интересите на Македонската православна црква. Владиката Петар не прецизирајќи на кои партии ќе има дадат поддршка нагласи дека во ниеден случај нема да ги поддржуваат минорните партии кои, оцрнувајќи ја МПЦ, сакаат да го зголемат својот рејтинг. 

На новинарското прашање дали при разрешувањето на спорот на МПЦ со СПЦ има големо влијание грчко-српското лоби, митрополитот Петар, оградувајќи се од некои констатации во јавноста дека е просрпски преориентиран, изјави:? Јас ниту сум бугароман, ниту гркоман или србоман. Јас сум православен Македонец° 

И покрај најавите дека пред зградата на Архиепископијата ќе протестираат верници кои ќе го искажат својот револт против нишкиот документ, вчера единствено се појавија неколку членови на бугарската организација ?Радко° и неколку мајки на замонашени деца.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

  • Одговори 3.1k
  • Креирано
  • Последњи одговор

Популарни чланови у овој теми

  • Гости

A jadni narod BJR Makedonije živi u para Crkvi, u raskolu i ne sudeluje u jedinstvu Tela Gospodnjeg. Hvala za ove tekstove, znao sam načelno sve, ali ovo potvrđuje činjenice!

 

Od prošle godine, kada sam u martu posetio Skoplje, počeo sam više da se zanimam za problem makedonske Crkve. Tada je drug sa kojim sam išao našao devojku sa kojom je i dalje u vezi. Vrlo je teško i nezgodno objasniti celokupnu situaciju mladoj osobi koja je odrasla bez svesti o raskolu. 

 

Pre mesec dana, neposredno pred novu godinu, je prisustvovala na Liturgiji na PBF-u sa mojim drugom, bio sam i ja prisutan i nije se pričestila. Pitala ga je šta da radi, nije smeo da joj kaže da se pričesti. Kako da vodi život dole, da li da učestvuje u zajedničarenju sa raskolnicima ili ne? Da li samo da se pričesti kada dođe ovde? Vrlo nezgona životna situacija za sve verujuće u Makedoniji.

 

 

На жалост тешко ко схвата и раузме главну суштину раскола, о томе овде подоста има да се прочита, можда је нада за младе  - ипак они некако другачеије имају слику и реалност , па и поглед на сав овај свет, да схвате све ово само ако нису дубоко загризли у оно што су њихове ТВ станице избомбарсовале ране лажи и поверовали свим тим подметачинама.

 

Тако и за њу је то вероватно некако реалнија слика од ове што ми причамо, на неки начин и оправдано што у све то верује јер она једноставно живи у таквој средини и друштву.

 

Да би све ово лепо схватила и разумела, потребан јој неко ко добро барата са овом "компликованом" тематиком, онда би можда после тога другачије имала слику и можда би прихватила реалност свих ових дешавања па о поцени тога да после добије силне увреде, била би на рубу срама и издаје и за њу би то - као младом бићу, било и те како превелик крст како би издржала сав тај притисак када би схватила да је неко на лошем путу!

 

Наравно, ми ту на силу ништа не можемо постићи, само њена слобода, добра воља, жеља за истином и јака вера!

 

Док то не добије у себи , она ће остати ту где јесте и на жалост она као таква не може да се причешћује ни у једној Помесној цркви а камоли у нашој! Све док је то тако , она нит може у ПОА да се причести, а да присуствује на Литургијама - то да, тако и код нас и свуда - то јој нико не брани, а поготово не смемо на силу неком бранити да иде по њиховим црквама јер то може само супротан исход да настане, већ док сама те ствари не схвати - ми јој ту ништа не можемо помоћи ако она нема воље за тим!

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Једино је Архиепископ Јован (тада Митрополит велешки и повардарски) одбио да остане у расколу. Петар, Тимотеј, Наум и Стефан променили су свој став и одлучили да је останак у расколу добра ствар за македонски народ (!). 

 

 

Драматична седница на највисокиот орган на МПЦ за преговорите за статусот за нашата Црква


Синодот ја отфрли автономијата

 

Членовите на Светиот архиерејски синод не го прифатија Нацрт-документот потпишан во Ниш за признавање на автономијата на МПЦ од Српската црква. Владиците, под притисокот на јавноста, на вонредната седница во саботата одлучија да го одбијат предлогот нашата црква да добие автономија само во рамките на СПЦ и притоа таа се преименува во Охридска архиепископија. Тоа автоматски не значи дека се прекинуваат контактите со СПЦ. Напротив, тие продолжуваат со цел да се изнајде најприфатливо конечно решение по прашањето за признавање на статусот на Македонската православна црква.

 

8300.jpg

Жестока расправа на Седницата на светиот синод. Владиката Петар ретерирал, Јован и Наум останале на автомистичките ставови. Енергичен став на владиката Кирил против нишкиот документ

 

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

Синодот, по завршувањето на седницата, официјално се изјасни дека на саботната средба било констатирано дека на разговорите во Ниш не е потпишан и донесен конечен документ со кој се воспоставува црковно единство меѓу Македонската православна црква и другите помесни православни цркви. Според САС, Документот што се појавил во јавноста е само Нацрт-документ од работен карактер, а не таен документ.

Светиот архиерејски синод на МПЦ еднодушно го истакнува својот став дека никогаш не се откажал и нема да се откаже од името на својата црква - Македонска православна црква, како и од титулата на нејзиниот поглавар - архиепископ охридско-македонски°, се вели во соопштението од Синодот.

Документот од Ниш, потпишан од членовите на нашата преговарачка страна, во саботата на вонредната седница на САС бил тема на остра дискусија меѓу владиците. Најжестоки и најгласни меѓу владиците кои воопшто не ја прифаќаат идејата нашата црква да се нарекува Охридска архиепископија биле митрополитот полошко-кумановски владиката Кирил и брегалничкиот митрополит Агатангел. Тие двајца дури се заканиле дека ќе направат раскол во Синодот, доколку другите одлучат да ја прифатат автономијата што ја понуди Српската црква на разговорите во Ниш, а која отворено ја поддржуваа потписниците на документот митрополитот австралиско-новозеландски Петар, дебарско-кичевскиот Тимотеј и струмичкиот Наум, како и велешкиот митрополит Јован. Дознаваме дека сите владици, освен Јован, ретерирале од својата првобитна одлука да се прифати широката автономија и го омекнале својот став. Иако, дури и поглаварот на МПЦ кој бил со мислење дека српскиот предлог не треба да се одбие, свесен за можните последици се повлекол. 

Ако потписниците на нишкиот документ, на четиричасовната Синодска седница успеале да го сменат своето првобитно мислење, засега само митрополитот велешки останува отворено на идејата да се прифати автономната положба на МПЦ во однос на СПЦ. По завршувањето на седницата, тој пред новинарите, не сакајќи многу да коментира во однос на завршницата на средбата, рече дека со таа идеја останува до крајот на животот. 

Дека Синодската седница предизвика внимание во јавноста, покажа и малата група незадоволни верници, кои го исвиркаа претседателот на Комисијата за водење на разговорите со СПЦ, митрополитот австралиско-новозеландски Петар, нарекувајќи го Јуда. Тоа, само по себе, покажува дека јавноста не прифаќа ниту едно решение од спорот со СПЦ и другите сестрински цркви, што значи само автономија во рамките на Српската црква, односно дека не се откажува од името на својата црква, Македонска православна црква. И Светскиот македонски конгрес, меѓу другите, реагира на Нацрт-спогодбата отфрлајќи ја како срамна и понижувачка. Според СМК, се нанесуваат несогледливи последици по црковно-националното достоинство на Македонскиот народ и се урива веќе стекнатиот автокефален статус на нашата Светиклиментова македонска православна црква.

?МПЦ е национална црква на Македонскиот народ, какви што се и другите помесни православни цркви. Нејзиното име може да се промени само тогаш кога сите православни цркви во светот ќе ги променат своите имиња со имињата на градовите каде што се наоѓаат нивните актуелни и древни седишта°, се вели во реакцијата на Светскиот македонски конгрес.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

И после свега текстови који изгледа да имају за циљ да се у будућности не деси слична ствар (излазак из раскола мимо одлука власти).

 

По завчерашното соопштение на црковниот врв и прес-конференцијата


Синодот од црковна дефанзива преминува во политичка офанзива

 

8984.jpg

Митрополит Петар

 

Гордана Дувњак

"Балонот што го надувавте го пукнавме, ако повторно го надувате, пак, ќе го пукнеме!". Со овие зборови саркастично и низ полуиронична насмевка им се обрати митрополитот Петар на насобраните новинари, кои во респективен број и со големо очекување (впрочем, како и целата македонска јавност), го очекуваа исходот од седницата на Синодот, на која осумтемина владици требаше да изградат став околу нишкиот нацрт-договор, кој од многумина беше оценет како "срамен и штетен" за интересите на државата. Контроверзниот митрополит Петар, администратор на Преспанско-пелагониската епархија и надлежен за Австралиско -новозеландската епархија, кој ја предводеше тричлената црковна делегација во преговорите со Српската православна црква, на прес-конференцијата одржана по тој повод ги прочита и ставовите изнесени во соопштението на МПЦ. Дел од нив, најблаго речено, може да се наречат "проблематични", а подиректно кажани-"скандалозни" . Патем, владиката нема да се воздржи и од обвинување на новинарите, набедувајќи ја А1 телевизија дека му ги организирала "радковистите" да го нарекуваат со погрдни зборови, како: "јуда" и "предавник".

Однесувањето на "осумтемина величествени" од МПЦ, (кои во четвртокот останаа седум, зашто едниот -Јован, јавно се произнесе "додека е жив нема да го промени ставот"),особено она што произлезе како нивно стојалиште по седницата на Синодот, заслужува да биде анализирано низ призмата на два различни аспекта. Прво, низ пораките што ги упати лично преспанскиот владика Петар, од кои треба да се разбере дека "новинарите непотребно ја надуле целата работа околу нишкиот документ" и оти, повторно медиумите "се виновни за с?", затоа што ете, му "пакуваат" скандал и непријатности на митрополитот. Ви звучи од некаде познато, нели?! Владиката не е прв, а ни осамен во обвинувањата на седмата сила за "заговори, конструкции, фабрикување афери", и што уште не. Од сето претходно изречено, владиката Петар има право само за една работа - за балоните. Дали и ова е уште еден балон , ама "пробен" за да се тестира расположението на народот, да се види колку е подготвен да проголта една толку крупна работа како што е промената на името на МПЦ во Охридска архиепископија и за симнување на нејзиниот статус од автокефална во автономна црква во рамките на СПЦ. Се сеќавате, како што своевремено "пукна" во јавноста грозоморната идеја за размена на територии, што ја промовираа одделни академици, кои по "казна" се испратија на амбасадорско "робување" во далечната Кина.

Ако се чита, пак, внимателно соопштението на МПЦ, не може да се избегне впечатокот за премногу "политички примеси", во она што треба да претставува заклучок од синодска седница, како и на нелогичности коишто збунуваат.

Синодот му "благодари на Бога за пројавената загриженост на својот верен народ и на пошироката јавност за зачувување на достоинството и името на својата мајка МПЦ..." Дали тоа значи дека владиците не воделе доволно сметка за овој факт , па само благодарение на народот се вратени на "вистинскиот пат", за да не залутаат од сопственото црковно стадо. Притоа, се користи оваа новонастаната ситуација, во која јавноста е фокусирана на активностите на Синодот, да се "издејствува донесување закон за МПЦ ". За многу крупни работи што се случуваа во државата владиците ја избраа тишината пред гласно искажаниот збор, но изгледа се премногу чувствителни, кога се лично засегнати. Одиме понатаму! МПЦ ја оценува нацрт-спогодбата како "работен документ", а обврзувачки ќе бидат само конечните документи. Тоа е точно и никој не го оспорува.Но, притоа владиците избегнуваат јасно и категорично да се изјаснат околу решенијата што се содржани во истиот тој документ, кој може да се нарече и обичен лист хартија, скица,нацрт,-како и да е , но тоа не ја менува суштината на работите. Дали јавноста треба да го земе здраво за готово она што ќе и го сервираат владиците како "конечен документ" и само да ги подигне рамениците и да рече : "И бидна, како што Бог одлучи! Признајте, драги мои читатели, нема шанси за такво нешто! Владиците ја известуваат јавноста и дека нема да се откажат , ниту пак, имаат намера да се откажат од официјалното име на МПЦ, како и од нејзината самостојност , односно автокефалност. Ако е така, а сакаме да веруваме дека е така, зошто тогаш МПЦ прифаќа брзоплето и свесно да влета во "маѓепсаниот круг" на подземни политичко-калкулантски игри за "двојни имиња" и условувања. 

Остатокот од соопштението отстапува од концепт за верска содржина, недвосмислено нудејќи поинаква конотација од очекуваната, со што Светиот синод од една црковна дефанзива преминува во политичка офанзива. "МПЦ во иднина ќе им дава поддршка само на оние политички партии кои во своите програми и практика ќе ги штитат нејзините интереси". Како треба да се сфати оваа порака? Како закана или, пак, како јасно легитимирање со кого ќе биде сега и во иднина МПЦ! Дали со истите оние партиски челници од ВМРО-ДПМНЕ кои на секој можен начин, дури и претерано по многу вкусови, ја истакнуваат блискоста кон црквата. Или, пак, обратно со пренагласеното присуство на одделни владици на сите световни настани, дури и таму каде што не им е место, како на пример, на воени вежби, отворање чешми, приеми, спортски настани... Дали на граѓаните треба да им е повеќе од јасно "кој со кого е" и "која е најмакедонската партија ", за да може полесно да се одлучат на претстојните парламентарни избори. Логиката е ако црковните татковци знаат кому да му веруваат, зошто да не можат избирачите. Дали наместо црквата да ги зближува верниците, во иднина ќе ги дели на партиска основа. Па, ќе вели: ова се наши "вмровски верници", а овие "сдсмовските" му ја продале душата на ѓаволот.

Што, пак , да се каже за тврдењата на МПЦ дека "отсега натаму јавно ќе се произнесува за сите прашања значајни за сегашноста и иднината на македонскиот народ и државата". Или за констатацијата дека Синодот е "загрижен за невоспоставениот мир во кризните региони и за нерешеното прашање за киднапираните лица". Ништо повеќе освен да се заврши во стилот на новокомпонираната народна песна: "Каде сте досега Македончиња?

Link to comment
Подели на овим сајтовима

ИМА ЛИ МПЦ ВИЗИЈА

Гордана Дувњак

Македонската православна црква се наоѓа пред големи искушенија. Под огромен притисок на јавноста и сериозна закана од раскол во сопствените редови, Светиот архијерејски синод викендов реши да не го прифати нацрт-документот за воспоставување црковно единство потпишан со Српската православна црква. Но, сам по себе исходот од драматичната и жестока саботна седница во МПЦ не значи ништо, освен купување време! Зашто ниту е ставен крај на преговорите со СПЦ, ниту, пак, тоа значи дека е изграден заеднички и конечен став на владиците по клучното прашање. Ќе прифати ли МПЦ статус на "автономна православна Охридска архиепископија" во рамките на СПЦ и уште побитно е како тоа ќе му го објасни на сопствениот народ. Дали како прагматичен и неопходен чекор, кој долгорочно н? приближува кон зацртаната цел - автокефалноста на МПЦ, како што тврдат владиците Петар, Наум, Јован и Тимотеј или, пак,тоа е рискантен и избрзан потег кој, дефинитивно, н? враќа во прегратките на Српската црква и со кој се загрозува самобитноста не само на македонската црква, туку и на самата држава, како што предупредуваат владиците Кирил и Агатангел, а дедо Горазд, барем јавно, не се изјаснува. Не помалку битно е како со целата оваа деликатна ситуација ќе се справи архиепископот г.г. Стефан, кој с? досега покажуваше претерана претпазливост, па на моменти дури и неможност, со силата на својот авторитет на врховен духовен отец да се наметне во клучните моменти. 

Нетранспарентноста и неумешноста на МПЦ навреме и на вистински начин да понуди одговори на прашања од суштински карактер пред сопствената јавност и пред своите верници, сега и враќа како бумеранг. Што е сосема разбирливо, зашто и за работи за кои нема потреба, МПЦ непотребно внесува(ше) мистика и спиритуален дух! За сите овие десет години црковниот врв не успеа да изгради автентична медиумска стратегија. Недораснатоста на улогата и на позицијата некои црковни великодостоинственици од МПЦ, на чело со поглаварот, ги направи да прават погрешни процени: да бидат хиперприсутни таму каде што не им е местото, а да отсуствува нивен официјален став за битни прашања, не само за Црквата, туку и за опстанокот на државата. Па така, владиците не најдоа за потребно да ја информираат својата јавност за што и од кои стари позиции ќе преговараат со српските владици во Ниш. Која ќе биде црвената линија, која по ниедна цена не може и не смее да се премине, дури и по цена да се остане во натамошна изолација и отуѓеност од другите сестрински цркви. А, сето тоа под изговор дека "темите се чувствителни и не треба прерано да се зборува", за да не им се наштети на разговорите. Притоа, не најдоа за потребно да ги подготват сопствената јавност и верниците за она што сигурно добро го знаат од сопственото, но и од туѓото искуство. Патот до самостојноста на Македонската православна црква не е послан со рози, туку е макотрпен, долготраен и трнлив. Наместо тоа, македонската црковна преговарачка делегација дозволи она што требаше самата да го направи да и го препушти на другата страна. А, српските владици едвај дочекаа преку тамошните средства за информирање да го објават "историскиот исчекор" што е направен, кој, иако не е конечен, и чека на официјализирање од двете синодски управи, оди во нивна полза. Треба ли тогаш некого да чуди зошто со толкава возбуда, разочарување и страв се примија вестите од север. Дека никаде во нишкиот документ не се споменува определбата "македонска", дека изборот на поглаварот на Охридската архиепископија ќе го потврдува српскиот поглавар, дека во ситуации на некаков спор ќе треба да добиеме медијатор од "горе", дека прво име што ќе се споменува во литургиите ќе биде она на српскиот патрон... Нема сомневање дека идентификацијата на која било православна црква со нацијата е етнофилетизам и дека сите стари цркви официјално го користат своето еклисиолошко име како Цариградска, Александриска, Ерусалимска, како и дека помладите цркви во поново време прават идентификација на нацијата со името на помесната црква. Но, да се предлага промена на името на МПЦ во Охридска архиепископија, а истовремено да се инсистира Пеќката патријаршија да се именува и како Српска, Атинската патријаршија како Грчка православна црква, а Трновската патријаршија да го носи името Бугарска, е рамно на хипокризија. Двојните стандарди се чести во политиката, но дали е потребно тоа да го прави и Црквата, ако не е водена од некои други интереси, кои најмалку се религиозни и верски. Од тие причини се јавува и "црвот", но и чувство на вознемиреност кај македонските граѓани било да живеат овде во Македонија, било да се накаде далеку во дијаспората, дека се подготвува некакво "големо предавство"! Во услови на едно општо разнебитување на државата, на состојба на длабока духовна и материјална криза, со неодговорна власт на која, иако устата и е полна со патриотизам и со демократија, потезите што ги влече се антимакедонски, стравот е разбирлив и оправдан. Ако на целиот тој неповолен амбиент се додаде и надворешното опкружување, без претерана параноја, непотребното брзање не може никакво поинаку да се сфати, освен и како некаков сплет на грчко-српски интереси, во кои проблематизирањето на позицијата на МПЦ ќе се искористи како пробен балон. А, во тој случај, МПЦ ќе ја одигра улогата на тројански коњ во преговорите со Грција за името.

Факт е дека МПЦ не може како досега да го крие "правот под тепихот". Мора еднаш да пресече и да одлучи дали ќе ги прекине натамошните преговори со СПЦ, или ќе се преговара со српските владици, но под други подостоинствени услови и со префинет дипломатски такт, без да се води сметка за дневните политички интереси на партиите на власт. 

Ако се донесе одлука да се прекинат преговорите, што не е некоја мудра одлука, треба да се понесе товарот дека ќе се продолжи со неколкудецениската изолација и натаму ќе се остане надвор од донесувањето на одлуки од догматски, литургиски и канонски карактер за православието. И покрај тоа што во административно-територијална форма МПЦ веќе ги има сите белези и елементи на автокефална црква: има црква со свој поглавар, Свет синод, многубројни верници, изграден црковен и монашки живот на територијата на целата држава, црковен имот, изградена внатрешна политика кој подразбира немешање на државата во црковните работи...

Ако се продолжат преговорите, почнати уште пред три и пол децении, мора тоа да биде под определени услови и со определени гаранции за опстанокот на МПЦ, но и за самобитноста на сопствениот народ, кој со векови успеал да опстојува, дури и во времиња кога немал сопствена држава.. 

Но, прашање е дали водството на МПЦ има визија во кој правец ќе се развива и кои ќе бидат неговите идни потези. За такво нешто не се потребни само црковни одбори, Божји благослов, Евангелие в раце, туку мудрост и решителност!

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Гледано да је тадашњи њихо епископат бројао 7, ако се не варам, логично се бојали да не избије раскол мећу њима , јер ова тојица што су били у преговору и прлус садашњи архиепископ Јован , била би сигурна већина око изгласавања али ето видимо ко се и ко је све умешао прсте за овај "трагични" споразум!

 

Било их је осам владика укупно. И Стефан је био за прихватање. па је било 5:3 (за тог трећег нисам сигуран да ли је у почетку био против Нишког договора).

Али... после свега остао је један који је просијао светлост Христову... :slavaaa:

Link to comment
Подели на овим сајтовима

  • Гости

По овоме што сам читао, тај трећи је Горазд, он је био више неутралан - тако од прилике...

 

иначе, ја сам схватио да је Агатангел био само викарни скопске митрополије, ваљда велички је тада био, међутим прешао сам се, већ је био активни архијереј.

 

Сматрао сам као викарни - нема гласа, па сам зато мислио да их је било укупно 7.

 

А и за Стефана сам знао да је био за споразум, али не рачунајући њега - гледао сам ону четворку која је била довољна за већину да их је било само 7. Значи, Агатангел је већ био активни архијереј...ја сам све мислио супротно, све ми то тако било у глави да је био викарни.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

На жалост тешко ко схвата и раузме главну суштину раскола, о томе овде подоста има да се прочита, можда је нада за младе  - ипак они некако другачеије имају слику и реалност , па и поглед на сав овај свет, да схвате све ово само ако нису дубоко загризли у оно што су њихове ТВ станице избомбарсовале ране лажи и поверовали свим тим подметачинама.

 

Тако и за њу је то вероватно некако реалнија слика од ове што ми причамо, на неки начин и оправдано што у све то верује јер она једноставно живи у таквој средини и друштву.

 

Да би све ово лепо схватила и разумела, потребан јој неко ко добро барата са овом "компликованом" тематиком, онда би можда после тога другачије имала слику и можда би прихватила реалност свих ових дешавања па о поцени тога да после добије силне увреде, била би на рубу срама и издаје и за њу би то - као младом бићу, било и те како превелик крст како би издржала сав тај притисак када би схватила да је неко на лошем путу!

 

Наравно, ми ту на силу ништа не можемо постићи, само њена слобода, добра воља, жеља за истином и јака вера!

 

Док то не добије у себи , она ће остати ту где јесте и на жалост она као таква не може да се причешћује ни у једној Помесној цркви а камоли у нашој! Све док је то тако , она нит може у ПОА да се причести, а да присуствује на Литургијама - то да, тако и код нас и свуда - то јој нико не брани, а поготово не смемо на силу неком бранити да иде по њиховим црквама јер то може само супротан исход да настане, већ док сама те ствари не схвати - ми јој ту ништа не можемо помоћи ако она нема воље за тим!

 

 

Meni je to kristalno jasno. Taj konkretan primer sam naveo zato što je u mojoj neposrednoj blizini, poznajem tu osobu i imamo kontakt. Već je moj drug dosta ozbiljno razgovarao na tu temu, zato je i počeo ozbiljnije da izučava tu problematiku, uz njega i ja, i predočio joj činjenice koje Romejac ovde postavlja. ;) Ona je devojka sa delimično osvetljenom crkvenom svešću i velikim potencijalom za istinsko učestvovanje u Liturgiji Saborne Crkve. Najbitnije je da želi da čuje šta on ima da joj kaže, postavlja pitanja. Njegova misija, a i svih nas hrišćana, ličnim životom je "najubedljiviji" dokaz onoga što govori. 

Na kraju sve ostaje na njoj, to si lepo rekao i nadam se da će ispasti najbolje.

 

Zanima me kakav je status naroda koji je nafilovam propagandom tamošnjih vlasti i raskolničke jerarhije? Šta sa onima koji ne znaju, a istinski se mole Hristu? Sa onima koji učestvuju na njivoim Liturgijama, da li imaju blagodat? Duh deluje tamo gde hoće, to nije sporno, ali bezmalo 2 miliona ljudi je otcepljeno. Veliki je to problem i samo je Gospodu znano kako gleda na žrtvu i život ljudi koji pripadaju raskolu.

 

Da spomenem, student sam treće godine PBF-a i završio sam srednju bogoslovski školu. :) Već duže vreme pratim forum pa sam odlučio da se registrujem, ima dosta kvalitetnih tema i rasprave su dosta konstruktivne i vode se u duhu želje za znanjem, to mi se sviđa, te da se i ja malo aktivnije uključim. :)

"Koji ne ljubi ne poznade Boga; jer Bog je ljubav" - 1Jn 4,8

Link to comment
Подели на овим сајтовима

  • Гости

@@Student91,

 

све си паметно и лепо написао.... facenew22222222

 

ако ти неко други не одговори на она нова питања, онда ћу се опет потрудићу да ти колко толко одговорим у току сутрашњег дана - надам се да не замераш пошто је ипак малко касно да би се наставила ова прича!

 

 

 

Zanima me kakav je status naroda koji je nafilovam propagandom tamošnjih vlasti i raskolničke jerarhije?

 

За ово болдовано, Волео бих неко други да ти подобије одговори који су баш упазнати са овим, а имамо овде те чланове и надам се да ће ти на ово одговорити баш онако како треба, јер ја који нисам из тих крајева - не бих могао да одговорим сем да нагађам а то онда није то - то!

 

Сад тек да видим да си нов члан....онда, добро нам дошао и жив био што се за ово интересујеш!

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Zanima me kakav je status naroda koji je nafilovam propagandom tamošnjih vlasti i raskolničke jerarhije?

 

Можда ће ти ове две одлуке Светог Архијерејског Синода Православне Охридске Архиепископије појаснити...

 

 

Светиот Архиjерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија на својата редовна седница одржана на 06/23 Мај/Април 2005г., ја донесе следнава:

О Д Л У К А

 

Одлуката АС бр.50/зап.7 од 15 септември 1967г. донесена од Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква, а во врска прекинувањето на секое богослужбено и канонско општење со јерархијата на расколничката верска организација во Р. Македонија, Православната Охридска Архиепископија ја проширува и над народот кој останал во религиозна врска со споменатата расколничка организација. Секој кој паднал во ерес или себе си се издвоил во парасинагога и со тоа направил црковна схизма останува во безблагодатното подрачје кое е надвор од Црквата и не може да има потполно општење со едната католичанска и апостолска Црква.

Оваа одлука се донесува заради пастирска потреба на верниот народ на Православната Охридска Архиепископија како би можел полесно да ја направи разликата помеѓу благодатното подрачје на Православната Црква и безблагодатното на парасинагогата подигната во Р. Македонија која своеволно останува во раскол со соборната Црква насекаде во светот.

Се замолува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот велески и повардарски и Егзарх охридски г.г. Јован, со оваа одлука да го запознае Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква и да му препорача истата да ја прифати.

 

Одлуката да се достави до:

-Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот велески и повардарски и Егзарх охридски г.г. Јован

-Сите епархијски Архијереји на Православната Охридска Архиепископија

-Архивата на САС на ПОА х2

 

За Претседател на Светиот Архијерејски Синод

Е П И С К О П

+Јоаким полошко-кумановски

 

 

ОДЛУКА ЗА ПРИМАЊЕ НА КРСТЕНИТЕ ВО РАСКОЛ

Протокол број 29 од 21 јуни 2006

Светиот Архиjерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија на својата редовна седница одржана на 13/30 мај/април 2006 г., ја донесе следнава:

 

О Д Л У К А

 

„Сите оние, коишто се крстени од страна на расколничката организација во Р. Македонија, после издавањето на Томосот за автономија во Мај 2005 год., при нивното приопштување кон Црквата Божја, да им биде извршуван чинот на миропомазание.”

Link to comment
Подели на овим сајтовима

  • Гости

да,да...добро си одмах схватио шта је брат питао, ја сам другачије мислио - опште за тамошњи народ како и шта, не мислећи на ово,

 

хехехехе вероватно су касни сати те ми чука више не зармишља како треба :D

 

То је заправо и прави одоговр на питање без да ми нешто додајемо и тумачимо!

Link to comment
Подели на овим сајтовима

  • Гости
Zanima me kakav je status naroda koji je nafilovam propagandom tamošnjih vlasti i raskolničke jerarhije? Šta sa onima koji ne znaju, a istinski se mole Hristu? Sa onima koji učestvuju na njivoim Liturgijama, da li imaju blagodat?

 

Ostao sam ti dužan od sinoć za odgovore...

 

na ova dva već je Romejac odgovorio, povezana su pitanja, a za ovaj teći što sam boldovaao - šta da ti kažem, Gospod najbolje poznaje njuhova srca i možda će ih pribojati u njegovom stadu ako kod njih video ono što bi mi rekli "Opravdano ne znanje" pa će ih Gospod tako i primiti.

 

Na nama je da se molimo i da se nadamo da se jednoga dana sve ovo srediti na radost vascele Crkve Hristove!

  • Волим 1
Link to comment
Подели на овим сајтовима

×
×
  • Креирај ново...