Jump to content

Прогон Православне Охридске Архиепископије у Р. Македонији

Оцени ову тему


Guest свештеник Иван

Препоручена порука

  • Гости
Велики Четврток: на Тајната Вечера

 

tajnataVecera.jpg

 

На светиот и велики четврток, светите Отци, коишто добро го уредија превземеното од светите Апостоли, од светите и божествени Евангелија, ни предадоа денес да празнуваме четири настани: светото миење на нозете на учениците, Тајната Вечера т.е. нам предавањето на страшните тајни, чудесната молитва и самото издавање.

Бидејќи јудејската пасха мораше да биде направена во петок, а бидејќи приличеше вистината да биде во согласност со праобразот, т.е. тогаш и Христос да биде принесен како Пасха за нас, Господ Исус Христос, по зборовите на светите Отци, ја направи Пасхата со учениците пред тоа, во четвртокот навечер. Таа вечер, и целиот петок Јудејците ја сметаат како еден ден. Тоа го направи за да не биде престапник на законот. Потоа покажувајќи им го на учениците направеното, им ја предаде тајната и на нашата Пасха, во големата горна одаја, кога веќе беше настапила ноќта. Гледате дека тоа не беше законска пасха: тука се седи, тука има вечера, леб и вода, а таму сè е печено на оган и бесквасно. Како што велат стиховите на Тајната Вечера: Двојна вечера се поставува: Пасха законита, и Пасха нова – Крвта и Телото Господови.

На Велики Четврток, Господ Исус Христос ја востанови светата Тајна Причест, со зборовите: „Земете, јадете, ова е Моето Тело“ и „Пијте од неа сите, ова е Крвта Моја на Новиот Завет, која за вас и за мнозина се излева, за отпуштање на гревовите“ (Мт. 26:26-28). Овие зборови можат да се слушнат на секоја Света Литургија, чијшто централен дел е Светата Причест.

Господ Исус Христос со миењето на нозете ги поучува учениците да не бараат старешинство. Миејќи им ги нозете, исто така, им покажа дека ќе се возвиси секој што себе си се понижува.

После вечерата се упатија на Маслиновата гора, во местото Гетсиманија, каде што, како што велат стиховите од богослужбата од лицето Христово течеше: пот како капки крв, и: со молитвата ги фаќаш непријателите за смртта навистина да ја уништиш.

Потоа Јуда, со војници и народ, му се приближи на Исуса Христа, го целива – со тоа давајќи им знак дека е тој. Тие го фатија и врзан го доведоа во дворот на првосвештеникот Ана, кадешто веќе се беа собрале обвинителите Христови: фарисеите и книжниците.

Ние, значи, празнуваме и со страв правиме спомен на тие страшни и неискажани настани и дела.

По неискажливата милост Твоја, Христе Боже наш, помилуј нè. Амин.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

  • Одговори 3.1k
  • Креирано
  • Последњи одговор

Популарни чланови у овој теми

  • Гости
Велики Петок: на Светите Христови Страдања

 

raspetie.jpg
 
 

Во светиот и Велик Петок ги славиме светите, спасителни и страшни страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, коишто Он заради нас доброволно ги прими: плукањето, биењето, шлаканиците, навредувањата, исмејувањето, багреницата, трската, сунѓерот, оцетот, клинците, копјето и, на крајот – Крстот и смртта, а сето тоа се изврши во петок. Затоа, богоносните отци ни заповедаа да вршиме спомен на сè она што се збидна оној Петок, со скрушеност на срцето и со умиление.

Треба да се знае дека Господ беше распнат во шестиот ден, односно во петок, затоа што во почетокот човекот беше создаден во шестиот ден. И тоа што во шестиот час од денот Он висеше на Крстот, беше затоа што во тој час, како што велат, и Адам ги пружи рацете кон забранетото дрво, го допре и умре. Бидејќи требаше, во оној час кога бидна падот, во истиот час да биде и пресоздавањето.

Некои светители велат дека, според извесни преданија, на местото Голгота бил погребан од некој ангел самиот праотец Адам. А таму каде што е трупот, таму доаѓа и орелот – Христос, вечниот Цар, Новиот Адам, Кој стариот и паднатиот преку дрвото Адам, го исцелува со дрвото на крстот.

Со Твоето натприродно и за нас неизмерно милосрдие, Христе Боже, помилуј нè. Амин.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Епископ стобиски и Местобљустител струмички Давид: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

 

pasha1.jpg?w=640&h=478

 

 

Еден копнежлив поглед кон прекрасните планински врвови во пролет, доволен е – за на човекот да му ја предочи возвишеноста на неговото постоење! Колку ли неспоредливо повеќе, учеството во Воскресението Христово, му ги заблескува лицето и срцето на човека, токму заради непобитниот факт дека засекогаш е решен најгорливиот проблем на човештвото, проблемот на смртта. Смртта е победена, трулежноста е минато!

Следствено, Воскресението е стилот на живот на Православниот Христијанин. Согласно на тој стил на постоење, човекот, бивајќи соочен со најразлични животни околности, постојано се исправа и постојано оди напред. Живеејќи ја таа крсто-воскресна атмосфера, Црквата без престан ита кон средбата на иднината, средбата со Воскреснатиот Христос. Надвор, пак, од Соборноста на Црквата, во која единствено дејствително се пројавува Воскресението, значи, вон Единството, забележуваме дека празнувањето на Воскресението се случува во рамката на фолклорот и адетите. Просто имитирање, како што се изразува Аристотел.

Навистина претставува трагедија кога некои луѓе ја доживуваат Црквата како племенска синагога, како етно-клуб, додека самата Црква, според нејзината природа никогаш ниту се основала, ниту ќе се основа на нечија политичка воља за организирање национални прослави на наднационалното Воскресение Христово! Црквата не е организација! Таа е, како што велат Отците, самиот Христос продолжен низ вековите. Рековме и повторуваме, Црквата не се основа на политичките желби и одлуки, туку се основа на Овоплотувањето, на Крстот и Воскресението Христово.

Воскресението е секогаш новиот изглед на нашиот живот! Единствениот начин, во оваа наша татковина, да се објасни постоењето на нашата помесна Црква, се следниве два збора: Христос Воскресна! Затоа, денес, со празнувањето на Воскресението ние ја празнуваме непобедливата сила Божја. Некој, можеби ќе праша, кои сме ние? Постои еден човек, испратен од Бога, чие име е Јован, Архиепископ охридски. Тој дојде да сведочи дека Соборноста на Црквата е нашето Воскресение. Постои и еден род Христов од Архиепископијата Охридска, и на сите од тој род им е дадена власт да бидат деца Божји. Но, заради реченово, првиот страда по затворите, останатите се по светските судови на овоземните моќници. Овој 

 на нашата Архиепископија, за гонителите во суштина претставува бегство во нивната измислена стварност, која нема допирни точки со стварноста на Воскресението. Затоа, за луѓето, коишто ја гонат Црквата, сѐ завршува со смртта. Без соборниот светоглед на Воскресението, постоењето постанува работилница на смртта. Само Соборната Евхаристија е работилница на животот.

Воскресението точно и значи – повторно воспоставување! Затоа, Православната Охридска Архиепископија и го сведочи, и самата е Воскресението во нашата земја, откако нејзиниот Претстојател го воспостави единството со Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква!

Кон нашите расколници, пак, секогаш да покажуваме разбирање дека им е премногу лесно да речат: ајде да се оддадеме на прогон на Црквата, бидејќи токму тоа произлегува од нивното сепарирано одбележување на Воскресението како народен обичај!

Денес, мнозина го гледаат споменатиот прогон и поимаат од каде ни извира оваа воскресенска радост со која постојано сме израдувани! Светот, овој прогон го именува – тортура врз верските слободи. Црквата, во поднесувањето на прогоните препознава исповедање на верата! Едни се грижат прогонот да престане, други се немоќни да го прават тоа, трети гледаат со исчекување, но никој не е рамнодушен. Освен оние, коишто глумат рамнодушност!

Ние, пак, во лицата на сите луѓе да го откриваме Воскреснатиот Христос. Секогаш да простуваме за сѐ, токму заради Воскресението, та како и сега, така постојано да се среќаваме во Литургиските Собранија, кои претставуваат крај за безизлезите на светот, и се почеток на полнотата на пројавата на Воскреснатиот Господ, та примајќи од Неговите Тело и Крв како попатнина за живот вечен, без престан да пееме и воскликнуваме: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Link to comment
Подели на овим сајтовима

  • Гости

05.05.2013

Прослава на Воскресението Христово во Православната Охридска Архиепископија

 

kumanovo1.jpg

 

 

Со црковно благолепие, денес, во богослужбените места на Православната Охридска Архиепископија, ширум Р. Македонија, беше прославено славното Воскресение на Господа и Спасителот наш Исус Христос.

 

Само заради припадноста на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, припадниците на Православната Охридска Архиепископија, единаесетта година по ред го дочекуваат празникот на Воскресението Христово во околности на државен прогон врз верска основа.

 

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и минатата, и оваа година за Велигден се наоѓа во затворот Шуто Оризари. Во овие денови кога Христијанството повикува да се сеќаваме на оние што се наоѓаат во затворите, без основна човечка доблест, на Архиепископот охридски Јован за Велигден му беше ускратен дури и пакетот со основни намирници!

Верниот народ на Православната Охридска Архиепископија усрдно се молеше пред Воскреснатиот Христос за отклонување на неправдата што му се врши на Архиепископот охридски Јован, како и за добивање сила да се издржи државниот прогон насочен кон канонското Православно Христијанство во Р. Македонија.

 

Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким богослужеше во Куманово.

 

Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко богослужеше во Штип.

 

Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид богослужеше во Скопје.

 

Не заборавајќи, но простувајќи им на гонителите на Христа и Црквата, токму заради Воскресението, верниот народ на Православната Охридска Архиепископија на овој празник на победата на животот над смртта, се утврди во надежта дека ќе преовладее разумот и дека ќе биде прекинат судскиот прогон насочен кон Неговото Блаженство Архиепископот охридски г.г. Јован и Православната Охридска Архиепископија!

 

 

Христос Воскресна!

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Из Васкршње Посланице СПЦ +

 

Смрћу и Васкрсењем Господ је победио нашу смрт и подарио је људима непобедиву и неуништиву снагу, којој не могу одолети никакве силе овог света. Та се снага не испољава као зло – саморекламом и светском буком. Напротив, она се пројављује у миру, трпљењу, у привидним слабостима деце светлости. Он Који је победио свет дарује снагу онима који су Његови, да и они побеђују миром и трпљењем страх у себи, као и своје неверје и маловерје; да побеђују сва насиља која се врше над децом Божјом; да одолевају насиљу, опет миром и трпљењем, сигурни да је Божја сила свевремена, а људска привремена; да су све силе овога света долазиле и пролазиле док је Бог остајао, и светиња Његова остајала, усправно и непоколебиво. Тако је било, тако јесте, и тако ће бити. Ову истину из тамнице сведочи и Архиепископ охридски и Митрополит скопски Господин Јован, коме упућујемо речи љубави, утехе, охрабрења и наде да ће Васкрсли Христос отворити очи и његовим прогонитељима...

 

ХРИСТОС  ВАСКРСЕ ...

.. Нек пропадне није штета !..

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Иначе да би Икона страдања П.О.Архиепископије била комплетнија.. само да потстеимо да је суђење Архипископији и Њеном Првојерарху Јовану настављено данас ..на трећи дан Васкрса ... 

 

Надамо се и извештајима у остатку дана ..

.. Нек пропадне није штета !..

Link to comment
Подели на овим сајтовима

После петмесечни одложувања продолжи судскиот процес против Архиепископот Јован, Епископи, монаштво и верници на Православната Охридска Архиепископија

 

sudenje2.jpg

 

После цели пет месеци, токму на третиот ден од Воскресението Христово, продолжи судскиот процес против Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, против Епископите: брегалничкот г. Марко, стобискиот г. Давид, свештеномонаси, монахињи и верници на Православната Охридска Архиепископија.

Процесот започна со повторен распит, а за следното рочиште повторно се најавува учество на претставник на расколничката МПЦ!

На претресот присуствуваше и Епископот нишки г. Јован во својство на претставник на Неговата Светост Патријархот српски г.г. Иринеј и Светиот Архиерејски Синод на Српската Православна Црква, како и набљудувачи од различни организации за заштита на човековите права и слободи.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

После петомесечног одлагања продужен је судски процес против Архиепископа Јована, Епископа, монаштва и верника Православне Охридске Архиепископије

 

После пуних 5 месеци, на трећи дан од Васкрсења Христовог продужен је судски процес против Архиепископа охридског и Митрополита скопског г.г. Јована, Епископа: брегалничког г. Марка, стобијског г. Давида, свештеномонаха, монахиња и верника Православне Охридске Архиепископије.

Процес је почео са поновљеним испитивањем, а за следеће рочиште поново је најављено учешће представника расколничке МПЦ.

Претресу је присуствовао и Епископ нишки г. Јован у својству представника Његове Светости Патријарха српског г.г. Иринеја и Светог Архијерејског Синода Српске Православне Цркве, као и посматрачи из различитих организација за заштиту човекових права и слобода.

 

Поставите на насловну страну!



Ова порука се налази и на насловној страници Поука. Погледајте!
Link to comment
Подели на овим сајтовима

×
×
  • Креирај ново...