Jump to content

Прогон Православне Охридске Архиепископије у Р. Македонији

Оцени ову тему


Guest свештеник Иван

Препоручена порука

  • Одговори 3.1k
  • Креирано
  • Последњи одговор

Популарни чланови у овој теми

@@Student91,

 

Пре него ти одговорим на нека од питања која си поставио, волео бих само да ми кажеш ко је пореклом из Макеоднијуе.,.ти или твој пријатељ.. или можда обојица.. ако није превише интимно а мислим да није..  И још када би ми само рекао одакле је та девојка из Македоније милсим из ког је града, места... и да ли се и код кога од расколничких свештеника или монаха исповеда.. то ће бити јако битно за даљи ток разговора јер ћемо тако много добити на времену ..

 

Поздрављам те ..

.. Нек пропадне није штета !..

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Да наставим са чланцима (из македонских новина), који дају јаснију слику како је излазак из раскола народу представљен као велеиздаја због које је наводно угрожено и само постојање македонске државе и македонског народа.

Натпис испод слике говори више од свих речи шта је новинар хтео да каже...

 

 

РАСКОЛНИЧКА И СКАНДАЛОЗНА ПОСТАПКА НА МИТРОПОЛИТОТ ПОВАРДАРСКИ

 

1207.jpg

А сега, напред марш кон Белград: Владиката Јован

 

Владиката Јован ја фрли Велешката епархија во дворот на СПЦ

 

Ние сме шизматичка црква и јас влегов во МПЦ за да го поправам тоа, а не да чекам признавање на нејзината автокефалност -изјави митрополитот Јован

 

Владиката Јован вчера ја отцепи Велешко- повардарската епархија од Македонската православна црква и ја приклучи во литургиско единство со Српската и со другите православни цркви. Верниците од Велес беа шокирани од изјавата дека тој ја прифатил поканата од српскиот патријарх Павле, со која архијереите, свештенство и верниците во Македонија без никакви предуслови се повикуваат да воспостават литургиско и канонско единство со СПЦ и со сите православни цркви. Писмото претставува покана до осумте владици на МПЦ одделно да воспостават литургиско единство со СПЦ. Со тоа, решенијата од "нишкиот договор" важат за поединечно приклучување на македонските епархии кон СПЦ, а не на МПЦ во целина.

 

- Патријархот Павле не повика да влеземе во литургиско единство без условување и ние во Велешко-повардарската епархија ја прифативме таа покана.

 

Ова не значи дека ние сме се отцепиле. Тоа значи дека не сме со отцепените, туку сме со една вселенска црква.

 

Ова не е раскол бидејќи ние сега го лечиме расколот. Јас не сакам да чекам на признавање на автокефалноста на МПЦ, не сакам младоста да ја губам во шизмата. Влегов во МПЦ за да го поправам тоа- изјави на вчерашната прес-конференција митрополитот Јован.

 

Архиепископот г.г. Стефан и другите владици вчера не беа достапни за коментар, а портпаролот на Светиот синод, владиката Тимотеј, изјави дека "не е запознаен со случувањата".

 

Владиката Јован најави дека во своите литургии на прво место ќе го спомнува новиот Свет синод на МПЦ, кој ќе биде составен од владиците кои во иднина нема да сослужуваат со владиката Кирил". Тој го обвини владиката Кирил дека е недостоен да го носи митрополитскиот чин, затоа што во минатото направил канонски престап со тоа што бил соучесник во едно убиство во ресенско и поради тоа одлежал затворска казна.

 

- Стравот дека ќе му суди црковен суд од 12 владици во кои ќе има и митрополити од СПЦ, беше решавачки владиката Кирил да ја одбие "нишката спогодба". Тој не ги бранеше националните интереси, туку сопствената кожа. За него е најдобро да се повлече во пензија. Поважно ни е единството со целата православна црква отколку со еден владика кој има канонски пречки-рече владиката Јован.

 

Во обраќањето на српскиот патријарх Павле се наведува дека "во единство и заедницата не може да биде примен само оној клирик кој има канонски и морални пречки за свештеничка служба". Во писмото се наведува дека СПЦ нема национални и територијални претензии.

 

- Ја почитуваме националната определба и идентитет на македонскиот народ и на секој народ во Македонија. Етнофилетизмот, односно, подредувањето на Црквата на национално-политички идеологии и програми е осуден како ерес - се вели во писмото.

 

Колку од другите седум архијереи на МПЦ ќе ја следат одлуката на владиката Јован, ќе се види в понеделник во Охрид, кога ќе се осветува олтарниот дел во црквата "Света Софија". Беше предвидено службата да ја извршуваат сите архијереи на МПЦ. Владиката Јован вели дека нема да присуствува на службата, а неизвесно е како ќе постапат владиците Наум и Петар кои ја потпишаа "нишката спогодба".

 

- Единството е императив на Црквата и мора да направиме се за да го оствариме. Секоја епархија е автокефална на чело со епископот. МПЦ не е во позиција да условува. Ниту една православна црква во светот нема да се согласи во регистарот на православните цркви МПЦ да биде запишана пред неа како автокефална црква. Ние бараме преку леб погача. Се залажуваме и себеси и народот дека имаме автокефална црква во однос на другите. Во практиката ние не сме исти со другите православни цркви, не сме признаени од никого и тоа значи сме во шизма - тврди велешкиот владика.

 

Тој рече дека сега неговата епархија практично ќе биде признаена како автокефална, бидејќи влегла во литургиско општење со СПЦ. Таа нема да биде запишана во диптихот - меѓународниот регистар на православните цркви, но владиката Јован "однатре" ќе настојувал еден ден и тоа да се случи.

 

- Подобро ли е во ситуација кога на Македонија се атакува од сите страни да имаме признаена или непризнаена црква. Таа црква подоцна ќе го воскресне идентитетот на државата. Етнофилетизмот е националфашизам и тој создава основи за поделби. Фашист си ако сакаш црква по национална основа- вели владиката Јован.

 

Тој најави дека наскоро во негова епархија ќе дојдат српски, руски и бугарски црковни великодостоинственици за заеднички служби.

 

Верниците од Велес вчера беа шокирани од одлуката на епархискиот владика. Свештениците револтирано одбија да го коментираат чинот на спојување на нивната епархија со СПЦ, а со оценка се огласи само архијерејскиот намесник Зоран Грозданов.

 

- Во името на сите свештеници од велешко, тврдам дека владиката Јован е во право и ние го поддржуваме- рече Грозданов.

 

Бошко Кипровски најстариот свештеник во Велес, вчера изјави:

 

- Седумдесет години не успеаја да не претопат и да не асимилираат. Сега со еден потег се се растура и се брише историјата. Дали оние кои во 1958 година прогласија автономија, а во 1967 ја обновија Црквата, не беа зрели и мудри кога го направија тој историски чекор- праша Кипровски.

 

Верниците не ја прифаќаат одлуката на владиката Јован и уште вчера најавија дека ќе организираат масовни протести пред седиштето на епархијата. Верниците и во минатата година имаа големи недоразбирања со владиката Јован. Тогаш, повеќе од 1.000 верници со петиција бараа негово заминување од Велешко- Повардарската епархијата и организираа протести. Една од причините поради кои велешани му се спротивставија, беше неговото пеење на литургиите на грчки јазик.

 

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски изјави дека својот став ќе го каже откако ќе ја слушне изјавата на владиката Јован.

 

И во Брегалничката епархија оваа одлука предизвикала шок и револт. Тамошните свештеници тврдат дека владиката Јован направил неразумен чин, кој не е во интерес на македонската држава и нејзиниот идентитет.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Владика Јован је одмах добио епитет РАСКОЛНИК...

 

 

Поглаварот Павле го известува митрополитот Јован дека Велешко-повардарската епархија од завчера и официјално е во литургиско единство со СПЦ

 

Српската црква го прими расколникот Јован

 

Расколничкиот чин што го направи велешкиот митрополит Јован, кој ненајавено влезе во единство со СПЦ, ги шокира и ги разгневи верниците, но и целиот македонски народ. Веднаш по соопштувањето на расколништвото следуваше брзиот одговор од страна на Српската црква, која не чекаше долго време за да му потврди и одговори дека велешката епархија сега е во единство со сите православни цркви, нарекувајќи ги другите владици и епархии на МПЦ расколници. "Ве примаме во светата заедница на црквата во полно литургиско и канонско општење, заедно со свештенството, монаштвото и народот во Велешко-повардарската епархија.

 

9927.jpg

           Митрополитот на Велешко-повардарската епархија на прес конференција во Скопје

 

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

 

Ви соопштуваме дека за вашата одлука ќе ги известиме и другите патријарси и поглавари на сестринските цркви°. Ова е одговорот на српскиот патријарх Павле на одѕивот на митрополитот на Велешко-повардарската епархија Јован за влегување во канонско и литургиско единство со СПЦ, а со тоа и со другите цркви. Српскиот патријарх, задоволен од тоа што Јован ја прифатил неговата понуда за литургиско единство, во писмото упатено до него, се надева дека и другите владици од МПЦ ќе го следат примерот на митрополитот велешко-повардарски и дека ќе влезат во заедница со сите православни цркви преку литургиите, односно службите.

 

Митрополитот Јован е единствениот што се одзва на поканата на поглаварот на Српската црква за единство, што тој ја испрати поединечно до сите владици-членови на Синодот на МПЦ. Велешкиот митрополит во одговорот до патријархот Павле, известувајќи дека од с? срце ја прифаќа поканата, вели дека неговата епархија искрено, слободно и одговорно го прифаќа предлогот за литургиско и канонско единство со СПЦ и со целата православна икумена. ?Со оглед на тоа дека приемот за литургиско-канонското единство не е условен, освен тоа што велите дека според канонскиот поредок не го примате во општење клирихот кој има морални и канонски пречки за свештеничка служба, и не барате да ја менуваме досегашната литургиска и административна практика, ние ја прифаќаме поканата. Се обврзуваме дека нема да бидеме во сослужување со митрополитот полошко-кумановски Кирил°, му пишува митрополитот Јован на српскиот патријарх во писмото, прифаќајќи ја понудата за единство, истовремено потенцирајќи дека неговата Велешко-повардарска епархија повеќе не е во раскол со Српската црква, а со самото тоа ниту со православната икумена. ?Ве молиме, да ја известите сестринската православна црква дека Велешко-повардарската митрополија е во единство со вселенската православна црква°, вели на крајот Јован во дописот што го испратил до Павле уште во петокот, кога и ја извести јавноста дека влегува во литургиско и канонско единство со СПЦ и со сите други сестрински цркви, а за сметка на тоа се откажува од сослужување со другите митрополити, с? додека не се конституира нов синод од владиците кои ќе ја прифатат поканата од Српската црква.

 

Постапката на најмладиот владика и не е за чудење ако се има предвид неговото минато. Тој дури во неформалниот разговор со новинарите, по обелоденувањето дека влегува во единство со СПЦ, изјави дека ова што сега произлезе од кујната на Српската православна црква, по неуспехот на нишкиот нацрт-документ, е долго подготвувана и однапред смислена политика. Имено, Јован во петокот по прес-конференцијата призна дека подолго време бил во комуникација со СПЦ и дека бил запознат со чекорот што го презеде Српската црква, откако спогодбата за признавање на МПЦ како Охридска архиепископија падна во вода. Потврда за тоа е и средбата на Управниот епархиски собор, што бил одржан на 15 овој месец, кој дал виза за влегување во канонско и литургиско единство со СПЦ. Тоа значи дека митрополитот Јован многу однапред знаел за предлогот што Српската православна црква ќе го упати поединечно до сите членови на Синодот на МПЦ.

 

Приклучувањето на Велешко-повардарската епархија јавноста го оквалификува како расколнички чин со кој оваа епархија се отцепува и приклучува кон СПЦ. Но, владиката Јован ваквите тврдења ги негира и во саботното соопштение потенцира дека ?Велешко-повардарската епархија е призната од Српската црква како самостојна и на литургиите нема да се спомнува српскиот патријарх, што во суштина е најголем доказ дека не сме приклучок кон СПЦ°.

 

Поединечното упатување на поканата за влегување во канонско и литургиско единство со СПЦ , до владиците на МПЦ и потенцирањето дека нема да се прифати клирихот кој има пречки за свештеничка служба, покажува дека Српската црква отворено алудира на митрополитот полошко-кумановски Кирил. Откако владиката Кирил остро се спротивстави на нишкиот нацрт-документ, Српската црква со условот што го поставува за влегувањето во единство, смислено сака да го отстрани најголемиот противник на спорниот договор со кој МПЦ требаше да стане Охридска архиепископија. Евентуалното пензионирање или отстранување на Кирил, велат извори во МПЦ, би им го олеснило патот на поддржувачите на идејата за враќање на автономијата и преименување на нашата црква, односно безусловно прифаќање на нишкиот документ. Тоа што во моментот останува нејасно е како одненадеж владиката Јован се свртува против владиката Кирил, кога токму тој го хиротонисал за епископ.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Хистерија се наставља. Народ треба преплашити да владика Јован ради на уништењу македонског народа и државе... Владику називају СРБОМАН а премијер Љубчо Георгијевски (који је скоро признао да је владика Јован сво ово време прогоњен на политичкој основи), тражи да се Јован рашчини!

 

 

МИТРОПОЛИТИТЕ СЕ ОГРАДИЈА ОД СРБОМАНОТ ЈОВАН

 

Владиката расколник остана сам

 

1242.jpg

По потегот на седумте владици во "Света Софија", владиката Јован ќе возврати со заедничка богослужба со српскиот владика Иринеј

 

Седумте митрополити, членови на Светиот синод на Македонската православна црква, со своето присуство на преосветувањето на црквата "Света Софија" во Охрид вчера се оградија од чинот на епархиско отцепување на велешкиот владика Јован. Архиепископот г.г. Стефан практично му упати покана за враќање во единство со другите епархии на МПЦ, откако Јован реши да ја стави Велешко-повардарската епархија во канонско и литургиско единство со Српската православна црква. Името на владиката Јован не беше спомнато во литургијата, а неговото име не се најде ниту меѓу потписниците на Повелбата за преосветување, која е положена во новиот олтар на црквата.

 

- Од ова свето празнување упатуваме порака за надминување на сите недоразбирања меѓу нас, а за победа на доброто над злото и на љубовта над омразата, за остварување на потребното единство меѓу нашиот народ, како гаранција за наш успех. Потребна ни е меѓусебна љубов и слога - изјави во обраќањето архиепископот Стефан.

 

Владиката Јован вчера изјави дека тој нема намера да го смени својот став и да го прекине воспоставеното литургиско единство со СПЦ. Тој неодамна соопшти дека нема да сослужува со митрополитот Кирил поради неговата недостојност да биде владика. Неофицијално дознаваме дека до крајот на неделава во Гевгелија владиката расколник би можел да одржи заедничка богослужба со српскиот владика Иринеј, епископот нишки.

 

Засега е неизвесно какви санкции би можеле да преземат другите митрополити кон него. Со присуството на церемонијата во Охрид останатите митрополити покажаа дека немаат намера своите епархии одделно да ги приклучуваат во литургиско единство со СПЦ. При завчерашната посета на една црква во Кратовско, владиката Кирил изјави дека "никој не може да одвојува епархии од стеблото на МПЦ".

 

- Пред да биде ракоположен, владиката Јован ме молеше да му ги простам тешките зборови што своевремено ги кажувал за мене, а откако го хиротонисав, сега упатува недостојни обвинувања - рече тој.

 

Премиерот Љубчо Георгиевски изјави дека очекува Синодот на МПЦ што побрзо да заседава и да ја расчисти конфузијата.

 

- Синодот треба да им каже на верниците по кој правец да се оди и ние ќе го поддржиме. Ние треба да се погрижиме да се задржи авторитетот на Синодот и на архиепископот - објасни премиерот.

 

Поглаварот г.г. Стефан ниту вчера не сакаше ништо да коментира. Тој во своето обраќање во "Света Софија" го објасни значењето на преосветувањето на храмот по 535 години, во годината кога се одбележува и 35 години од обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на автокефалната Македонска православна црква.

 

- Овој храм е и ќе биде вечно сеќавање за нашите свети основи и трајна врска со нашите предци. Таа нишка не смееме никогаш со ништо да ја прекинеме - рече поглаварот.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Новинари се упиру да обавесте народ о страшној опасности која се се надвила нада македонски народ... 

 

 

ВЕЛЕШКИОТ ВЛАДИКА ГО ПРОДЛАБОЧУВА РАСКОЛОТ

 

Јован во Велес ќе гради грчка црква поплочена со српски намери

 

1249.jpg

Прифати да биде распнат од грчките и српските претензии: поглаварот на МПЦ г.г. Стефан

 

Светиот синод на МПЦ му дава рок на владиката Јован до претстојната синодска седница да се покае за чинот на отцепување на Велешката епархија

 

Велешкиот владика Јован продолжува со намерата целосно да ја отцепи велешката епархија од Македонската православна црква. Тој деновиве го очекува доаѓањето на нишкиот епископ Иринеј, со кој планира да одржи заедничка богослужба во Гевгелија. Велешкиот владика се надева дека на богослужбата ќе дојдат и владици од Грција и од Русија, за да покаже дека неговата епархија е прифатена од другите православни цркви.

 

Тој наскоро во Велес ќе гради и голем православен храм, а проектот за него веќе бил подготвен од главниот архитект на Грчката православна црква. Финансиерите на храмот засега ги чува во тајност.

 

Се очекува нишкиот епископ Иринеј, кој во моментов престојува на Света Гора, в петок или в сабота да пристигне во Македонија.

 

- Иринеј од Грција треба да дојде со нови "инструкции" што нивниот извршител во Македонија, владиката Јован, треба да ги спроведе на штета на МПЦ - изјавија високи црковни извори за "Дневник".

 

Велешко-повардарскиот митрополит вчера рече дека владиката Иринеј нема да биде негов единствен гостин.

 

- Планираме богослужба, но не само со српски владика. Сакаме на богослужбата да присуствуваат и свештеници од сите православни цркви - вели Јован. Тој очекува писмени пораки со поддршка од Руската православна црква и Цариградската патријаршија. Паралелно со црковната, тој почна и жестока дипломатска офанзива. Вчера во Велес тој се сретна со австрискиот амбасадор во Македонија, Филип Хојос, а наскоро планира средби и со неколку други амбасадори.

 

Австрискиот амбасадор вчера изјави:

 

- Дојдов по покана на владиката Јован, кој ме информира за состојбите во црквата. Тој најави дека состојбите многу бргу ќе се смират. Оваа посета не е ништо необично, бидејќи секој амбасадор сака изворно да слушне за настаните и состојбите во земјата.

 

Владиката Јован вели дека му соопштил на амбасадорот оти притисоците и заканите на кои деновиве е изложен се грубо нарушување на правата на вероисповед. Додека тој се жали на нарушените верски права, Светиот синод на МПЦ очекува владиката Јован да се покае за чинот на отцепување на Велешко-повардарската епархија до претстојната синодска седница. Ако тоа не се случи, членовите на Синодот најверојатно ќе му изречат одредена санкција поради прекршување на Уставот на МПЦ. Седницата на Синодот се очекува до крајот на неделава и во тој случај преостанатите седумте владици би се јавиле во улога на највисокиот црковен суд.

 

Но, владиката Јован веќе се соочува со најголемата казна - револтот на верниците, кои бараат да биде расчинет и протеран од Македонија.

 

За синоќа во Велес беше закажан голем народен митинг на верниците, кои сакаа да го искажат револтот од болката и навредата што им ги нанел владиката со припојувањето на Велешко-повардарската епархија на Српската православна црква.

 

- За него нема место во овој град и во нашите црковни храмови ако ја отцепи епархијата од македонското јадро. Оваа епархија има големо национално и историско значење и сите заедно треба да преземеме нешто за да не не колнат наредните генерации - се вели во летокот со кој верниците беа повикани на синоќешниот протест.

 

Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија од Битола бараат од Светиот синод на МПЦ да го развладичи и да го избрка отпадникот од МПЦ, владиката Јован.

 

- Тој што мисли дека може да ја оддели епархијата од нашата МПЦ се излажал. Нашиот народ ќе биде тој што ќе му пресуди. Секој Македонец е должен да го брани името на Република Македонија, МПЦ и на македонскиот народ - соопштува Здружението.

 

Владиката Јован вчера повторно демантира дека ја отцепил Велешко-повардарската епархија и ја приклучил на СПЦ.

 

- Не сум ја приклучил епархијата кон СПЦ. Велешко-повардарската епархија е единствено признаена црква во Македонија. Јас стапив во канонско единство со СПЦ, бидејќи оваа територија на неа канонски и припаѓа, а ние подоцна неканонски сме се отцепиле - изјави тој.

 

Според него, тој веќе нема да се појавува на седниците на Светиот синод на МПЦ додека е таму владиката Кирил. (Б.Ѓ.)

Link to comment
Подели на овим сајтовима

И онда се појављују приче какво је зло владика Јован чинио над народом и како се народ од зулума владике Јован избавио тек доласком Агатангела спасиоца...

 

Светиниколчани го паметат Дремвицки само по лошо

 

На владиката Јован верниците му ги затворија црковните двери

 

 9865.jpg

Црквата во Свети Николе

 

СВЕТИ НИКОЛЕ - Летото 2000 година, во Свети Николе се случи една од најголемите афери во историјата на Македонската православна црква, а чиј главен актер беше Јован Дремвицки. Имено, тој како администратор брегалнички, при една богослужба удри свештеник. Таквата постапка, како и неговото богослужење кое содржеше многу елементи што се карактеристични на соседните православни цркви, предизвика големи незадоволства кај верниците во Свети Николе. Тие најпрвин побараа да биде сменет од функцијата, но тој одговори со тоа што истера од работа други свештеници, со суспензии, преместувања и ангажирање платеници кои со сила сакаа да го скршат отпорот кај верниците. Чашата на незадоволството се прелеа кога еден од неговите платеници на старешината на црквата "Свети Николај" му стави пиштол на слепоочницата, па имаше работа и полицијата.

 

Кон средината на август 2000 година, повеќе стотици верници од Свети Николе му ги затворија црковните двери на Дремвицки, порачувајќи му дека е непожелна личност во Свети Николе и како таков треба да ја напушти функцијата. Во таа бурна августовска недела беа регистрирани многубројни навреди од негова страна типот "вие сте неписмени", мајмуни", потоа закани од двете страни, мавање со камења. Тоа беше еден од најморничавите денови на црковниот и верскиот живот во Светниколско и пошироко и како таков ќе остане запаметен уште многу време.

 

Аферата заврши на тој начин што Дремвицки беше преместен од Брегалничката во Велешката епархија, а на негово место како владика беше назначен господин Агатангел, што кај верниците во Светниколско предизвика големо олеснување. (М.М.)

Link to comment
Подели на овим сајтовима

И у Битољу га наводно памте по страшном зулуму, а још су тада приметили да је он издајник по томе што носи капу(!) какву носе и грчке владике. 

 

 

Зоран Вранишковски во Битола не се прослави ни како млад епископ Јован

 

Битолчани епископот Дремвицки го етикетираа како гркофил

 

9864.jpg

 

ГОЦЕ КАРЕВСКИ

 

БИТОЛА - Под речиси сосема отворено менторство на митрополитот австралиско-новозеландски и администратор на Преспанско-пелагониската епархија, г. Петар, битолчанецот Зоран Вранишковски во јуни 1998 година како млад монах, тогаш и докторант на Аристетоловиот универзитет во Солун, со само 32 години старост, беше хиротонисан во викарен епископ (помошен епископ) Јован Дремвицки. Некои тогаш на таа хиротонија гледаа како на "мудрост" на владиката Петар, кој со својот пулен, всушност, си обезбедил еден глас повеќе во Светиот архијерејски синод што ќе му се најде кога, не многу далечен ден, по заминувањето на тогашниот поглавар на МПЦ г.г. Михаил ќе се избира нов поглавар.

 

Малку подоцна, кога некои го исцртуваа портретот на младиот викарен епископ Јован, барем во делот на неговото администрирање со Преспанско-пелагониската епархија, јавноста во Битола констатира дека не само што во Јован се изјаловиле сметките на владиката Петар, туку сериозни компромиси и се случуваат и на целата епархија. Зашто веќе никому не му беше сеедно тоа што епископот Јован Дремвицки никако не сака да се одрече од грчката владичка капа, на пример, или тоа што еден владика, макар тој бил и викарен, во неделните литургии редовно и отворено ја внесува политиката и жестоко ги дели верниците. Јован Дремвицки, во 1998 година повеќе беше агитатор на ВМРО-ДПМНЕ отколку богомолец, а во својата омраза кон дотогашната власт отиде дотаму што "го отсече од единството со Бога" и му забрани света причесна на тогашниот директор и уредник на "Битолски весник". Човекот му заприлегал на симпатизер на СДСМ.

 

Сепак, Битола, која е и негов роден град, неговите околу две години "службување" во Преспанско-пелагониската епархија уште долго ќе му ги памети, особено поради две работи: прво, поради политикантското ликување (отворено гркофилство, па врзување со "најпатриотската" македонска партија), а второ, поради зулумот што го направи во соборниот храм "Свети Димитрија", по што храмот никогаш повеќе нема да биде тоа што бил. Во епископот Јован Дремвицки, имено, ненадејно се разбудил граджениот инженер Зоран Вранишковски (пред да се замонаши, тој се викаше така и дипломира Градежен факултет) и тој во "Свети Димитрија" реализира толку многу архитектонски авантури што сега с? уште никој не успева да ги подреди. На крајот, токму нему му се случи од храмот "Свети Димитрија", претворен во бесконечно градилиште, да му ги украдат светите мошти на светецот свети Агатангел битолски. Инаку, битолчани го етикетираат епископот Јован Дремвицки како гркофил не само поради грчката епископска капа, туку и поради еден негов многу конректен акт: при една посета на Македонците во Албанија во 1998 година, тој отворено се согласил албанските власти да овозможат на тамошните Македонци да им богослужат грчки свештеници. Наспроти заложбите на неговиот ментор, владиката Петар, што одеа во сосема спротивен правец.

 

Инаку, битолчанецот Зоран Вранишковски, пред да се замонаши, пред рокот и со висок просек дипломирал на Градежниот факултет во Скопје. Потоа Теолошки факултет завршил во Белград, а специјалистички студии и докторат во Солун. До хиротонијата во секоја пригода со дрвја и камења атакуваше врз митрополитот полошко-кумановски Кирил. А тоа што прифатил во епископ да го хиротониса токму владиката Китил мнозина му го пресметуваат како врв на неговиот цинизам.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Овакво велеиздајство свет још није видео (а тек Македонија). И на крају упозорење народу... да је он хтео да уништи темеље македонске државе и народа!

 

 

Бурни реакции во Брегалничката епархија по расколничкиот чин на митрополитот велешки и повардарски

 

Јован е гласноговорник на силите што сакаат да ја растурат црквата и државата

 

 

Иван Бојаџиски

 

 9961.jpg

Црквата во Свети Николе

 

ШТИП - Со велепредавничкиот чин на приклучување на Велешко-повардарската епархија кон Српската православна црква, митрополитот Јован само му даде целосен легитимитет на бунтот на свештенството и на верниците од Бергалничката епархија од 2000 година, кога тие од Светиот архијерејски синод на МПЦ побараа негово повлекување од истата, а најупорните дури бараа и негово расчинување. За најголем дел од свештенството и за верниците од Брегалничката епархија најновата "екскурзија со умот" на најмладиот владика во МПЦ е само потврда на нивното едногодишно укажување дека Јован е беден експонент на внатрешните и надворешните сили, чија цел е растурање на црквата и на државата.

 

За администратор брегалнички Јован Дремвицки беше поставен во март 2000 година. Не помина ниту еден месец од неговото доаѓање во епархијата, а свештенството и верниците ги доживеаја првите шокови. Првата манипулација со САС, Јован ја направи веднаш по заседнувањето на тронот на епархијата, кога го присилуваше протоѓаконот Димко Миланов да потпише барање од име на Епархиското собрание, со кое од САС се бара епископот Јован да ја добие титулата митрополит брегалнички. Извршена е голема манипулација бидејќи Епархиското собрание не донело таква одлука, а протоѓаконот потпишал непостоечка одлука зашто Јован врз него применил силни закани.

 

Во наредните неколку месеци владиката Јован продолжува со постојаното иритирање како на свештениците, исто така и на верниците. Тоа беше резултат 44 од 55 свештеници во епархијата со писмо на 15 страници да се обратат до Светиот архијерејски синод на МПЦ и да го известат за проблемите што ги прави Јован Дремвицки во и со Брегалничката епархија. Во информацијата Јован се спомнува како прв владика, кој во "служба" на црквата ги вовел рекетарите (како лична заштита) и оружјето. Група свештеници говорат дека тој и тогаш бил најтесно врзан со владејачката ВМРО-ДПМНЕ зашто рекетарите биле од редовите на оваа партија и биле плаќани од неа. Кај верниците Јован предизвика одбојност со држењето црковни проповеди на грчки јазик и со познатата грчка камилавка на главата.

 

За свештениците од оваа епархија владиката Јован останува запаметен и како личност премногу алчна за богатство. Во таква функција, велат некои од свештениците кои инсистираат на анонимност, Јован ја формира хуманитарната организација на епархијата, за која и во информацијата се тврди дека само ги полнела џебовите на Јован. Притоа, тој во епархијата нуди скапи свеќи, темјан и вино за причест (550 денари литар) и тоа од грчко потекло набавени преку негова продавница во Скопје. И донациите во брашно и сирење биле продавани преку хуманитарната продавница, што Јован ја отворил во Домот на културата, а која на епархијата не и донела ниту денар, иако секој месец таа уредно ја плаќала киријата од 120 евра. Посебна приказна е неговата жед за скапи лимузини во чија набавна цена ја ставал и својата провизија. Така, при усвојувањето на буџетот за 2000 година, од Епархискиот управен одбор Јован бара нови возила зашто "пасатот" е стар и "многу крцка" (а бил купен пред само две години) за да купи ново "БМВ". Подоцна се испостави дека за новото возило Јован си прави купопродажбен договор сам со себе, зашто на епархијата и го "продава" своето лично "БМВ", при што Јован профитирал цели 18.000 евра.

 

За своето осуммесечно управување со Бергалничката епархија беше јасно дека владиката Јован имаше јасно изразена одбојност спрема сите свештеници кои во себе го имаа националното самочувство. Повеќе беше во Грција, отколку во епархијата, го применуваше системот "раздели, па владеј", што подоцна го трансформира во "владеј, па дораздели", кај него имаше елементи на однесување на туѓ, а не на национално освестен митрополит, кој во тоа време, покрај контактите со Грчката православна црква, имал контакти и со југословенскиот амбасадор Јаначковиќ, кој пред Нишката спогодба половина месец бил на "тренинг" во Грција во која е пречекуван со највисоки почести. И, конечно, велат свештениците, уште во 2000 година беше јасно дека Јован не ја сака МПЦ во нејзиниот сегашен облик, како што беше јасно дека е "опиен" од Грчката црква и од своите наредбодатели преку црквата да се урне темелот на македонштината.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

А расколнички синод позива владику Јована да се покаје због греха излазка из раскола!

 

СВЕТИОТ СИНОД ОБЈАВИ ПОМИРЛИВО КОМИНИКЕ ЗА КРИЗАТА ВО МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА

 

Владиците на МПЦ го молат расколникот Јован да се врати

 

Неговата постапка е неканонска, еклисиолошки неиздржана и штетна за единството на Македонската православна црква, оценија македонските митрополити

 

Владиката Јован направил неканонска, еклисиолошки неиздржана и штетна постапка за единството на Македонската православна црква, со поединечно воспоставување евхаристичко и канонско единство со Српската православна црква и со другите помесни православни цркви, оцени вчера Светиот архијерејски синод на МПЦ. Синодот го повика митрополитот Јован да се врати во единство на САС на МПЦ и со тоа да помогне во соборното решавање на статусот на нашата црква. Македонските владици одлуката ја донеле по дводневното заседавање во манастирот "Света Богородица" крај Матка и во Македонската архиепископија.

 

Велешкиот владика Јован вчера не сакаше да ги коментира ставовите на другите седум митрополити. Тој само најави дека в недела во велешката црква "Свети Пантелејмон" ќе одржи богослужба, на која ќе има обраќање. Владиката Јован најавува дека во Велес тој ден ќе пристигнат и десетина автобуси со верници што ја поддржуваат неговата одлука за стапување на Велешко-повардарската епархија во литургиско единство со СПЦ и со другите помесни православни цркви.

 

Синодот на МПЦ очигледно оценил дека на владиката Јован треба да му се даде уште една шанса пред да му се изрече казна поради прекршувањето на Уставот на МПЦ.

 

- Поединечното прифаќање на повикот за воспоставување евхаристичко единство со СПЦ и со другите православни цркви предизвикува поделби во нашата Света црква. Тоа прашање треба да се решава преку телата и органите на МПЦ - оценија митрополитите на МПЦ.

 

Обраќањето на САС на СПЦ преку Информативната служба на српската црква, упатено не до Синодот на МПЦ, туку поединечно "до архијереите, свештенството и верниот народ во РМ", со кое се повикува поединечно секој да пристапи во литургиско општење и канонско единство со СПЦ и со другите помесни православни цркви, македонските владици го оценија како тенденција да создаде "неединство и поделба меѓу епархијата и верниците во МПЦ".

 

Македонските владици наведуваат дека предлогот за воспоставување литургиско општење и канонско единство на МПЦ со СПЦ и со другите православни цркви бил заеднички став на комисиите на СПЦ и МПЦ уште на средбата на 15 и 16 април 1992 година во манастирот "Света Богородица" во Калиште. Тој предлог тогаш бил прифатен од македонската, но отфрлен од српската Црква.

 

- Синодот на СПЦ отстапува од веќе договорените и во практика официјалните комуницирања да и се обраќа на нашата Црква со нејзиното уставно име - Македонска православна црква и до нејзиниот поглавар - охридскиот и македонски архиепископ. Нашата црква се именува како македонска по името на нашата земја Македонија и по името на нашата држава, Република Македонија, а не како што ни се инпутира, божем од националистички и етнофилестистички побуди. Кога би се размислувало така, не би можела ниту една црква православна да се именува како што се именува по името на државата или на земјата, а некои дури само по името на нацијата - потенцира САС на МПЦ.

 

Во однос на забелешките во повикот дека САС на МПЦ не и одговорил на СПЦ со својот став во врска со "нишката спогодба", македонските владици укажуваат на тоа дека ниту СПЦ досега официјално ја нема известено МПЦ за нејзините ставови по ова прашање. САС на МПЦ и овојпат инсистира комуникациите меѓу МПЦ и СПЦ да бидат на ниво на уставните црковни тела и органи на двете цркви, па во тој дух би побарала продолжување на разговорите меѓу двете цркви на ниво на комисии.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Полиција ће спречити српског владику Иринеја (садашњи Патријарх Иринеј) да одржи Литургију у македонској цркви објашњава Ђорђе Наумов председник комисије за односе са верским заједницама и каже да комисија није дала сагласност за богослужење страним свештеницима!

 

 

Свештениците ќе ги затворат сите цркви за владиката-расколник

 

1282.jpg

Погледи што предупредуваат да се зачува автокефалноста на МПЦ: г.г. Стефан пред сликите на македонските поглавари

 

Полицијата ќе го спречи српскиот владика Иринеј да држи литургии во македонски цркви, предупредува Ѓорѓи Наумов, претседателот на комисијата за односи со верските заедници

 

Свештениците од другите православни цркви што ќе се обидат да одржат литургии во наши цркви без дозвола ќе бидат спречени со интервенција на полицијата, предупреди вчера Ѓорѓи Наумов, претседател на државната комисија за односи со верски заедници и религиозни групи. Наумов се повикува на одредбите на Законот за верските заедници и религиозни групи што предвидуваат задолжителна согласност на комисијата за секоја богослужба на свештениците што се странски државјани.

 

- Српскиот владика Иринеј, или кој било друг великодостојник од некоја друга православна црква, можат да ја поминат државната граница на Македонија само како туристи. Меѓутоа, доколку се обидат да одржат богослужба во некоја наша црква без наша дозвола, ќе бидеме принудени да ја повикаме полицијата да интервенира - вели Наумов.

 

Тој го изјави ова како реакција на најавите на велешкиот владика Јован дека тој наскоро во Велешко-повардарската епархија ќе одржи заедничка богослужба со српски, руски, бугарски и грчки свештеници. Богослужбата, според него, требало да претставува чин на општоправославно прифаќање на оваа епархија по неговата одлука да стапи во канонско и литургиско единство со Српската православна црква.

 

"Дневник" дознава дека свештениците во Велешко-повардарската епархија наскоро би можеле да ги затворат вратите на сите цркви за да му забранат на владиката Јован да влезе.

 

Самоволната постапка на велешкиот владика вчера предизвика и категорична осуда од страна на свештениците во Скопската епархија.

 

- Секое индивидуално издвојување за поединечно воспоставување на евхаристичко, канонско или какво било единство, без соборно одлучување на органите на МПЦ, е неканонско, противуставно, еклисиолошки неиздржано и штетно за единството на МПЦ, се наведува во заклучоците од Свештеничкиот собор одржан вчера во Скопје.

 

Скопските свештеници потенцираат дека никогаш и под никакви услови нема да се откажат од автокефалноста и името на Македонската православна црква.

 

- Во името на нашата црква нема елементи на етнофилетизам бидејќи како и на другите православни цркви, името е врзано за територијата Македонија, односно, Република Македонија. Обраќањето на СПЦ не е акт на христијанска љубов, туку неканонско мешање во внатрешните работи на МПЦ - потенцираат свештениците.

 

Свештеникот Томислав Петковски изјави дека владиката Јован мора да биде црковно казнет поради тоа што го прекршил Уставот.

 

Полошко-кумановскиот владика Кирил повторно ги отфрли тешките обвинувања дека е недостоен за владички чин, кои ги искажа владиката Јован.

 

- Зарем владиците што ја создаваа нашата црковна автокефалност ќе дозволеа некој што е недостоен да стави потпис на документ за автокефалност. Ние мораме да го почитуваме Уставот на МПЦ. Без тоа ќе дојде до безвластие и разнебитување. Никој никому не му го дал кредибилитетот да прави нешто надвор од Уставот - изјави митрополитот Кирил.

 

Тој потсети дека биле потребни 200 години за да се отстрани неправдата со неканонското укинување на Охридската архиепископија, за таа да воскресне во лицето на МПЦ.

 

Постапката на велешкиот владика вчера ја осуди и Друштвото на писателите на Македонија.

 

- Намерата е јасна - да се создаде неединство во МПЦ и недоверба на народот во она што од искона било светилиште на македонската опстојба низ вековите. Македонските писатели веруваат дека Синодот цврсто ќе застане против неканонските и расколничките настојувања на изроди што како такви немаат ништо заедничко со духовната светост што ја подразбира црквата - потенцираат македонските писатели.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Новинари пишу да широм земље и света македонци захтевају да се владика Јован рашчини због велеиздаје. А политичари захтевају да надлежне институције објаве сва сазнања о контактима владике Јована (и Наума), са српском и грчком обавештајном службом... 

Позорница се убрзано поставља и обрачун sFun_bat са владиком Јованом ускоро може да почне... 

 

Верниците бараат расчинувањена владиката Јован

 

Македонските православни верници од Мелбурн и од Викторија во Австралија побараа од Светиот синод на МПЦ да го расчини велешкиот владика Јован и да му забрани секакво свештенослужење.

 

"Со приклучувањето на велешката епархија кон СПЦ тој направи велепредавство кон МПЦ. Тој внесе немир и јад во душите на сите македонски православни верници во Австралија. Го осудуваме и целосно го отфрламе неговиот став дека МПЦ е расколничка црква и дека треба да се врати под канонска и литургиска јурисдикција на СПЦ, се наведува во соопштението од одржаниот собир на верниците на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, одржан завчера во Епинг, Австралија. Тие изразија и недоверба кон австралискиот владика Петар и бараа тој повеќе да не доаѓа во Австралија. "Нашата доверба кон САС на МПЦ ќе се врати само кога расколникот Јован ќе биде развладичен и протеран од МПЦ. Не сакаме да се гнаси ниту еден македонски манастир со него", потенцираат верниците од Австралија.

 

Расчинување на владиката Јован вчера категорично побара и одборот на верниците од сенародниот собир во Велес од Повардарската епархија.

 

"Владиката Јован треба да се расчини и да му се забрани злоупотреба на храмовите на МПЦ за ширење раскол. Потребно е тој да се протера за да се врати мирот. Во спротивно, верниците ќе организираат протестни собири низ целата земја за да го искажеме нашиот револт", предупредуваат верниците од Велес.

 

Политичката партија Народно движење за Македонија вчера ги повика надлежните државни институции да ги изнесат сите релевантни сознанија за контактите на владиците Наум и Јован со припадници на српската и грчката разузнавачка служба.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Овај текст можда најбоље показује какву су хистерију (најблаже речено), новинари (у служби власти), правили у то време:

"Владика Јован вечерас је поставио темпирану бомбу под пазух МПЦ. Фитиљ је већ постављен и само треба да се притисне дугме. Умеју ли подељене и посвађане владике да деактивирају експлозивну направу на време... Или ће страховита експлозија разнети све наоколо што је вероватно и циљ оних који желе да униште македонску државу за почетак..." (хистерију и страх треба добро распирити) логично да ће се читаоци питати  :.mislise.: А после... :229: 

 

 

"... јавност је збуњена због овог дрског и антимакедонског потеза" - излазак из раскола је дрзак и антимакедонски потез... 

 

И онда и новинар каже да је Нишки споразум (кога назива срамним) под жестоким притиском политичара одбијен...

 

А српски патријарх (блаженопочивши) Павле пустио је као из чаробне лампе демоне у срца македонских владика, а владики Јовану је ђаво ушао под мантију - устврди Гордана ("новинар" - писац овог памфлета/чланка).

 

Бомба во пазувите на МПЦ 

Гордана Дувњак

 

Велешко-повардарскиот митрополит Јован вчера постави темпирана бомба во пазувите на Македонската православна црква. Фитилот е веќе поставен, само треба да се притисне копчето. Ќе умеат ли раскараните и поделени владици да ја деактивираат експлозивната направа навреме... Или, пак, страотната експлозија ќе разнесе с? наоколу, што, веројатно, е и целта на оние кои сакаат да ја разнебитат македонската држава, за почеток - преку црквата.

 

Своеглавиот владика, кој важи за голем љубител на кавги, интриги и на грчко вино, како и на с? друго што доаѓа јужно од Гевгелија, реши да се ?одметне" од МПЦ и заедно со неговата епископија на своја рака да стапи во канонско единство со Српската православна црква.Синодот е во шок, а јавноста збунета од овој дрзок и антимакедонски потег. А, требаше да му се верува дека токму тој е кадарен за вакви и слични ?големи дела". Кога пред повеќе од еден месец рече дека нема да се откаже додека е жив од својот потпис што го стави под срамниот Нацрт-документ од Ниш. Кога како луто и разгоропадено детиште не се појави на седницата на Синодот на која се одби српскиот предлог, кој ни нудеше враќање во српските прегратки. И тоа не по волја на сите владици, туку под жестокиот притисок на јавноста, на верниците, на политичките партии, на науката, на дијаспората, на секој што има барем трошка љубов и достоинство, кон своите корени и својата самобитност...

 

Не попусто рекле раскарај, па владај! И, прости им боже, на алчните, ненаситните, кои се подготвени дури и да си ја продадат душата за да дојдат до остварување на целта. Не сакајќи да признаат дека со исполнување на своите ситни, човечки слабости, стануваат заробеници на туѓи интереси. Тоа сигурно добро го знае и српскиот патријарх Павле, кој како од волшебна ламба ги пушти демоните во срцата на македонските владици. Промената на тактиката е добро смислена. Под изговор дека се ?исцрпени сите евангелски средства за договор", СПЦ им се обрати одделно на сите владици, играјќи симултанка на повеќе маси. Првата шаховска победа ја извојува и премногу лесно. Владиката Јован, беше и премногу лесен противник. Не е ни некоја голема мајсторија, кога пред себе имаш лесен плен. Земја и народ, кој уште ги лекува последиците од кризата, кога е оспоруван и разнебитуван, не само однадвор, туку и однатре.

 

Веруваме дека српските владици ќе го пречекаат покајникот Јован со раширени раце. Како загубен пастир, кој се вратил во стадото, само што тоа не е негово, ами туѓо. Зашто лесно може да остане без верници, без црква, без народ, зашто како да му се верува на оној што самиот покажува дека е безбожник и кому ?ѓаволот му влегол под мантијата"

 

Митрополитот Јован тврди дека поканата на СПЦ за единство била без никакви условувања.Тоа се распознавало во одлуката да н? признат по секоја цена. Него не го интересира тоа што цената ќе ја плаќаме сите ние. Уште посрамно е да се слуша кога еден владика, како некаква стрина седната на селска чешма, ќе ги озборува другите владици за неморал, за недостиг на патриотизам. Кога се обидува да полемизира со работи кои не се полемизирање, како она дали било подобро да имате признаена држава, а не признаена црква.Дедо Јоване, арам да тие мантијата што ја носиш!

Link to comment
Подели на овим сајтовима

@Student91,


 


Пре него ти одговорим на нека од питања која си поставио, волео бих само да ми кажеш ко је пореклом из Макеоднијуе.,.ти или твој пријатељ.. или можда обојица.. ако није превише интимно а мислим да није..  И још када би ми само рекао одакле је та девојка из Македоније милсим из ког је града, места... и да ли се и код кога од расколничких свештеника или монаха исповеда.. то ће бити јако битно за даљи ток разговора јер ћемо тако много добити на времену ..


 


Поздрављам те ..

.. Нек пропадне није штета !..

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Е да  .. и ово .. јеси ли можда завршио Средњу Богословију на Цетињу? .. чисто ме онако занима..

 

Da spomenem, student sam treće godine PBF-a i završio sam srednju bogoslovski školu. Već duže vreme pratim forum pa sam odlučio da se registrujem, ima dosta kvalitetnih tema i rasprave su dosta konstruktivne i vode se u duhu želje za znanjem, to mi se sviđa, te da se i ja malo aktivnije uključim.
 

 

 :)

 

Поздрављам те +

.. Нек пропадне није штета !..

Link to comment
Подели на овим сајтовима

×
×
  • Креирај ново...