Jump to content

Прогон Православне Охридске Архиепископије у Р. Македонији

Оцени ову тему


Guest свештеник Иван

Препоручена порука

Ево једне занимљиве вести:

 

http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/93329-namesto-po-krstot-vernicite-skokale-da-go-spasat-popot

 

Укратко, у Аустралији је расколнички свештеник приликом пливања за Крст пао у воду са чамца и људи су скочили за њим да га спасу од дављења. А туристи који су гледали шта се догађа помислили су да је падање свештеника у воду део верског ритуала...  :))  :))  :))

Link to comment
Подели на овим сајтовима

  • Одговори 3.1k
  • Креирано
  • Последњи одговор

Популарни чланови у овој теми

Ево једне занимљиве вести:

 

http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/93329-namesto-po-krstot-vernicite-skokale-da-go-spasat-popot

 

Укратко, у Аустралији је расколнички свештеник приликом пливања за Крст пао у воду са чамца и људи су скочили за њим да га спасу од дављења. А туристи који су гледали шта се догађа помислили су да је падање свештеника у воду део верског ритуала...  :))  :))  :))

 

https://www.youtube.com/watch?v=OYTMcIKtFCg#t=291

Link to comment
Подели на овим сајтовима

 

joooj   joooj   joooj   joooj   joooj   joooj   joooj   joooj   joooj   joooj

 

Још једна молба. Ако икако можете без тзв. македонског јер мислим да већина нас га не зна, а многе занима ова тема.

Нек нам Бог да среће да се врате дани, славни дани наше прошлости...

Link to comment
Подели на овим сајтовима

 

Из овога снимка се јасно виде последице вишедеценијског раскола.

winter  winter  winter

  • Волим 1
Link to comment
Подели на овим сајтовима

  • Гости

Цео сам погледао и Бог нека ми опрости , трагикомично...колко је за смех толко и за сузе!

 

За неке делове клипа , уместо радости и прославе празника - звиждуци, интервенција полиције..., туга и жалост!

 

Овај клип - спрдње је очито направљен баш зог тога што су од празника направили спрдњу , негде је очито изгубио сваки смисао овог пратника и сад су новинари то искористили да направе спрдачину, а као последица тога - ово што је Ромејац и написао.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Текстови у листу "Утрински Весник" из 2002 године када је постигнут Нишки споразум лепо објашњавају каква је атмосфера била међу владикама МПЦ, и посебно како су и којом брзином и жестином реаговали политичари у Македонији на могућности да МПЦ изађе из раскола.

 

Текстови су на македонском језику.

 

Овај текст када се тек сазнало (преко радија Дојче Веле) да је постигнут споразум показује како су у првом реду реаговали новинари пре него су се огласили политичари. Текст је писан као да је то само једна занимљивост којом новинар попуњава странице. 

 

Според Дојче веле, постигнат компромис на преговорите во Ниш


СПЦ предлага автономија под име Охридска архиепископија

 

7948.jpg

Српската црква предлага новото име на МПЦ да биде самостојна, автономна православна црква-Охридска архиепископија! Црквата Света Софија в во Охрид

 

Во преговорите меѓу Македонската и Српската православна црква е постигнат напредок во врска со нацртот-докуменот за признавање на МПЦ, јави вчера радиото Дојче веле. Со документот е предвиден определен термин во кој МПЦ ќе има статус на автономна православна црква. Како што јавува Дојче веле, договорено е по потпишувањето на документот веднаш да започнат преговори и за афтокефалноста на МПЦ, а дотогаш таа ќе има право да настапува самостојно во комуникацијата со другите цркви. 

Македонската црковна делегација на разговорите во Ниш, после повеќе од една година прекин на контактите на двете цркви, заминала со нов предлог за својот статус. Овојпат, МПЦ на масата го стави терминот самостојност, што во принцип не е црковен термин, но е понуден за да се излезе од ќорсокакот. Тоа остави простор за продолжување на дијалогот, бидејќи досега разговорите меѓу црковните делегации секогаш заглавуваа на инсистирањето на Македонската црква на терминот автокефалност. Како што изјави за Дојче веле, г. Пахомие, епископ на Врањската епархија, српската страна ја прифатила оваа нова формула со една додавка: зад терминот самостојност да се додаде и терминот автономна како и името Охридска архиепископија, па така статусот за Македонската православна црква, за кој сега се разговара е самостојна, автономна православна црква-Охридска архиепископија. На прашањето дали Православната црква во Македонија е условена да не го користи името Македонска православна црква заради проблемот со името со Грција, епископот Пахомие дава негативен одговор. Напротив, вели тој дипломатски, доколку Црквата во Скопје го прифати ова решение за својот статус, кога според обичаите на православната црква ќе стапи во литургиска заедница со другите сетрински цркви, ќе може да разговара за својот статус и за името рамноправно и самостојно со другите помесни цркви. Тоа значи дека Црквата во Скопје ќе настапува со своја посебна делегација на собирите на православните цркви. Според епископот Пахомие, за афтокефалноста ќе може да се разговара веднаш штом ќе се прифати тоа што е договорено на последната средба. Според сето ова, обновените разговори на МПЦ и СПС во Ниш навистина навестуваат историско решение на овој проблем. Иако, за поголем дел на Светиот архијерејски синод на МПЦ ова би требало да биде прифатлив предлог, индикативен е молкот и претпазливоста на МПЦ во дозирањето на информациите од преговорите во Ниш. Според наши извори жешкиот костен не е статусот колку што е името на Македонската православна црква. Дојче веле дознава дека на завчерашната дискретно одржана седница на Синодот, разликите меѓу архијереите била такви за да не може да се прифати решението во однос на прашањето на името. Договорено е да се направи уште еден напор да се убедат Србите да попуштат и по ова прашање, и на нивниот Годишен собор да разговараат за оваа отстапка кон Македонската црква. Доколку не се случи тоа, црквените власти во Македонија ќе мора многу сериозно и темелно да работат на подготовките на јавноста за да ја убедат дека според договорот од 17 мај во Ниш, Македонската православна црква за името ќе може да преговара самостојно, поединечно со секоја помесна православна црква.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

А онда су почеле реакције политичара. Наследника оних који су дали "аутокефалију" (и издали томос о истој) МПЦ.

Комисија за верске заједнице(!) је једногласно одлучила да се од Синода МПЦ тражи да одбаци Нишки договор. Члан комисије Миодраг Антоновски сматра да је ово пре свега државно питање (!) а не црквено.

На самом крају текста види се да Нишки споразум осуђује и Абдурауф Пруси који каже да је то и његов лични и став муслиманске заједнице у Македонији!

 

Комисијата за верски заедници едногласно застана против промената на името на МПЦ

 

Владиците-потписници црковно да се казнат и да се покаат

 

Сашко Димевски

 

8816.jpg

Од вчерашната седница на Комисијата за верски заедници

 

Владината Комисија за верски заедници, на вчерашната седница, едногласно му препорача на Синодот на МПЦ да не отстапува од името на Македонската православна црква и автокефалноста на охридската архиепископија, односно да не го прифати нишкиот Нацрт-документ за преименување на МПЦ во Охридска архиепископија и враќање на рангот од автокефална во автономна црква. Наедно, Комисијата препорачува македонските владици да ги продолжат преговорите со СПЦ за признавање на автокефалноста на МПЦ, но само на рамноправни основи.

 

Претседателот на Комисијата за верски заедници, Ѓорѓи Наумов, беше првиот што реагираше на Нацрт-документот, потпишан од владиците во Ниш. Изразувајќи го личниот став, тој побара владиците на МПЦ на денешната седницата на Синодот да покажат единство и да го отфрлат Нацрт-договорот, што е штетен за Црквата, државата, македонскиот народ и, пред с?, за верниците. Наумов се противи на нишкиот договор затоа што, покрај што е направен на српски јазик и не е заверен во архивата на МПЦ ( значи е без печат, штембил и деловоден број), во него никаде не се споменува МПЦ, туку само се признаваат епархии на православната црква во Република Македонија и се намалува рангот на поглаварот на МПЦ од архиепископ на блаженство, односно се бараат измени во Уставот на МПЦ.

 

Атанас Миовски побара тројцата владици кои го потпишаа документот во Ниш да бидат црковно казнети, а црковните власти да размислат подобро и во иднина на преговори да не испраќаат луѓе кои не и мислат добро на МПЦ. Академик Иван Катарџиев, пак, се осврна на двата големи кикса во последните две години: идејата за поделба на територии и размена на население и сега со менување на името и рангот на Црквата. "Грешките се големи и веќе се направени. Ова сега е политички потег пар екселанс, а со него ни се проблематизира и ентитетот и идентитетот. Според постапката, изгледаме како несериозно општество", објасни Катарџиев. За пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Михајло Георгиевски, "патот кон автокефалноста е тежок, но досега никој не се откажал од него", па затоа побара ние да не бидеме првите кои тоа ќе го направат иако владиците со потписот направија дрзок и велепредавнички чин. Георгиевски побара владиците да се покаат за гревот, додека за митрополитот Јован (кој како што самиот изјави дека доживотно ќе го брани ставот за добивање прво на автономија, па автокефалност) предложи да биде испратен во манастир.

 

Елеонора Петрова од СДСМ смета дека е несериозно да се разговара за автономија на МПЦ кога 35 години имаме автокефална црква. Таа е уверена дека тројцата владици не изразиле свој личен став, туку е тоа претходен договор во Синодот, кој сега како пробен балон се пушта во јавноста. Отецот Борис Чеверчев, највозрасниот член на Комисијата, не сака да ги осуди владиците додека не мине денешната седница на Синодот, затоа што не верува дека ниту еден од владиците нема да направи ништо против МПЦ. Но, смета тој, проблемот со признавањето на МПЦ нема да се реши с? додека државата не го реши проблемот со името со соседна Грција. И Миодраг Антовски смета дека нишкиот документ не е потребен, бидејќи ова сега не е само црковно прашање, како што МПЦ сака да го прикаже, туку, пред с?, државно прашање.

 

На крајот, Абдурауф Пруси се придружи кон општата осуда на потписите на владиците, забележувајќи дека тие таму не отишле сами, туку некој ги испратил. Негов личен став, но и став на муслиманската заедница во Македонија е дека "ќе се почитува мислењето на православните верници во земјата, а не ставот на некоја институција".

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Дешавања међу владикама МПЦ.

Тројица владика који су испред МПЦ потписали споразум стављени су на стуб срама. Притисци на Синод МПЦ чак и од неких чланова истога (Агатангел), довео је до тога да се ова тројица сада морају да се бране од оптужби за велеиздају. Оптужују их да су свесно потписали и прихватили споразум иако им је претходно изричито тражено да тако нешто случајно не ураде. Агатангел се нада да ће споразум бити одбачен и отворено каже да он не прихвата договор. 

 

 

По одобрувањето на спорниот договор од Соборот на СПЦ, највисокиот орган на МПЦ ќе заседава в четврток


Раскол во Црквата ако Синодот изгласа автономија?

Светиот архијерејски собор на Српската православна црква ја усвои и ја одобри Нацрт-спогодбата за воспоставување црковно единство, која во Ниш на 17 мај ја составија и потпишаа црковните комисии од Белград и од Скопје. Соборот на СПЦ очекува нишкиот документ да биде одобрен и од †Црквата во Македонија°, затоа што тоа ќе биде од исклучителен придонес кон единството и сведочењето на православието во современиот свет. Синодот на МПЦ, пак, по ова прашање ќе треба да се изјасни в четврток кога се очекува да највисокиот орган да одржи седница.

 

8706.jpg

Синодот на МПЦ пред судбинска одлука

 

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

Дефинитивно, на оваа средба членовите на Синодот треба да донесат значајна одлука во поглед на решавањето на статусот на Македонската православна црква. Исходот од средбата на владиците, конечно, ќе ја реши дилемата дали МПЦ ќе прифати самостојност под закрила на СПЦ, преименувајќи се во автономна Охридска архиепископија или, пак, ќе го отфрли фамозниот предлог кој предизвика остри реакции во јавноста, но и поделеност во Синодот. Членовите на Синодот, пред задутрешната седница, не сакаат многу да коментираат околу евентуалната завршница на средбата, со образложение дека е тешко однапред да се коментира прашање за кое постои разделеност и различни гледишта во највисокиот орган на МПЦ. 

Тројцата потписници на нишкиот документ, Петар, Тимотеј и Наум, на прес-конференцијата на која го бранеа спорниот договор, изјавија дека и досега за време на преговорите меѓу комисиите на МПЦ и на СПЦ биле потпишувани договори, кои подоцна биле одобрувани од Соборот на Српската црква, но отфрлани од Македонската православна црква. Па така, тие и покрај оптимизмот и убеденоста дека документот и не е толку црн како што се толкува во јавноста, сепак, не ја отфрлија можноста Нацрт-договорот со кој МПЦ се преименува во Охридска архиепископија да биде одбиен, па дури и да се донесе одлука преговорите привремено да се прекинат, се разбира, доколку се постигне согласност по прашањето кое е од исклучителна важност за егзистирањето на нашата Црква во рамките на православното семејство. Тоа значи дека седницата на Синодот в четврток ќе покаже дали нејзините членови, односно Црквата како институција, има сили да го отфрли предлогот со кој ќе го продаде името и статусот, само за да излезе од долгогодишната изолација на сметка на евентуалната автономија под закрила на Српската црква, фрлајќи ги во вода заложбите за востановувањето на Охридската архиепископија од 1967 година. 

Инаку, дознаваме дека на тројцата владици, кои се во составот на Комисијата за преговори со СПЦ, пред заминувањето на преговорите во Ниш им било отворено предочено од некои членови на Синодот да не прифаќаат никакви условувања, ниту, пак, да потпишуваат некакви договори. Сепак, и покрај ваквите предупредувања, се случи она што е веќе познато. Двете страни потпишаа документ со кој МПЦ се преименува во Автономна охридска архиепископија, сегашниот архиепископ ја добива титулата архиепископ охридски и митрополит скопски и неговиот избор го потврдува српскиот патријарх Павле, чие име треба да се споменува во почетокот на сите богослужби.

Владиката Агатангел, митрополит брегалнички, нагласувајќи дека средбата в четврток ќе биде одлучувачка, вчера уште еднаш ни потврди дека нишкиот документ треба енергично да се отфрли. Агатангел вели дека тој с? уште стои на ставот дека договорот е штетен и тој верува, односно се надева, дека Синодот ќе го одбие српскиот предлог и покрај тврдиот став на тројцата потписници. ?Јас не го прифаќам нишкиот документ, а што се однесува до другите тие треба да си го кажат своето мислење. Сепак, се надевам дека владиците кои беа отворено ?за°, ќе се премислат и ќе постигнеме општа согласност по ова исклучително важно прашање°, вели Агатангел.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Конференција за новинаре тројице владика који су испред МПЦ потписали Нишки договор.

 

Прес-конференција на потписниците на контроверзниот договор за автономија меѓу МПЦ и СПЦ


Владиката Петар го брани нишкиот документ за автономија

 

†Нишкиот документ е најдобра верзија во поглед решавањето на статусот на МПЦ, за разлика од сите досегашни договори. Но, тоа не значи дека е последен документ. Напротив, тој може да се дополнува, односно да се изменат оние точки со кои не се согласува Синодот. Дури кога поглаварите на Македонската и Српската православна црква ќе го потпишат Нацрт-договорот, тогаш тој станува валиден. Но, Синодот на МПЦ сў уште го разгледува договорот.

 

8400.jpg

 

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

Таа може да не се согласи со него, односно да го отфрли, и притоа да донесе одлука целосно да се прекинат разговорите со СПЦ°, изјави претседателот на Комисијата на САС на МПЦ за односи со другите православни цркви, митрополитот австралиско-новозеландски и администратор преспанско-пелагониски, Петар, на вчерашната прес- конференција што се одржа по притисокот на јавноста, односно по многубројните дилеми кои се појавија за тоа што всушност потпишала нашата црковна делегација во Ниш.

Владиката Петар вчера, повторувајќи во неколку наврати дека нишкиот документ не е дефинитивен и дека тој може да претрпи измени, ако за тоа се согласат членовите на Синодот, објасни доколку се прифати нишкиот документ, СПЦ со тоа и официјално ќе ја признае Охридската архиепископија којашто отсекогаш била оспорувана од нејзина страна, односно признавајќи ја архиепископијата ќе признае дека таа му припаѓа на македонскиот народ. Според владиката Петар, предлог- решението од СПЦ со кое МПЦ ќе се преименува во Охридска архиепископија е засега единственото решение кое ќе го прифати блокот грчки православни цркви. 

Владиката Тимотеј, кој вчера призна дека за време на разговорите во Ниш, односно при формулирањето на Нацрт-документот се направени одредени пропусти, за кои станале свесни дури по враќањето, односно по забелешките на другите членови на Синодот, рече дека грчкиот блок цркви дава сигнали дека с? додека не се реши проблемот со името, таа нема да прифати да ја именува нашата црква како Македонска православна црква. ?Никој, освен Грчката црква, во комуникацијата не ни се обраќа со ниту едно друго име освен со МПЦ. Ние стоиме на тоа дека ако се реши прашањето со името на државата, сигурни сме дека и Грчката црква ќе ни се обраќа со вистинското име. На Грците во суштина не им пречи што ние се викаме МПЦ, но тие нема така никогаш да н? именуваат. Проблемот не е во тоа дека ние сакаме да се откажеме од името, туку проблемот е во тоа што другите не сакаат да н? викаат како што ние се викаме°, вели Тимотеј, притоа додавајќи дека МПЦ долги години чекала да го реши својот статус, па оттука таа не мора да брза, туку може да почека уште барем додека не се реши спорот со Грција околу името. 

Митрополитот австралиско-новозеландски, Петар, тврди дека со признавањето на автономијата на МПЦ од страна на Српската црква, која во случајов би требало да се преименува во Охридска архиепископија, ќе се воспостави црковно единство не само со неа, туку со сите православни цркви. ?Не може да се добие автокефалност на друг начин ако претходно не добиеме автономија. Со признавањето на автономијата од СПЦ, автоматски се отвора прашањето за автокефалноста. А, за автокефалност ни е потребна согласност од сите православни цркви. На соборот во Шамбези е донесен заеднички став дека автокефалност може да се добие единствено со консензус на сите православни цркви. Во никој случај не може само една црква да даде автокефалност °, вели владиката Петар. 

Претставниците на Комисијата на Синодот за односи со другите цркви, наспроти нивните тврдења дека со признавањето на автономија веднаш ќе се отвори прашањето за признавање на автокефалноста, не знаат со сигурност колку време ќе трае тој процес. Владиката Тимотеј на крајот од средбата со новинарите призна дека постојат цркви коишто за признавање на нивната автокефалност чекаат или чекале по сто или двесте години, така што не е исклучено и МПЦ да чека толку долго време.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Новинари (по директиви) заузумају борбени став и из пера пуцају као из артиљерије... 

 

 

Владици, слушнете го гласот на народот!

 

8836.jpg

 

Одговорот кој се очекува од осумтемина владици, на чело со дедо Стефан, да биде искажан на денешната Синодска седница, треба да биде едно кусо и категорично "не" на последната и на вака составена понуда на Српската православна црква содржана во спорниот нацрт-документ потпишан на 17 мај во Ниш. Истовремено и едно кусо и категорично "да" за продолжување на натамошните преговори со СПЦ, но само доколку се водат под достоинствени услови и со целосен респект за историскиот и актуелниот контекст на проблемите со признавањето на Македонската православна црква. Тоа не значи ништо друго, освен барање да не се затворат очите пред непобитниот факт за постоење на самостојна и независна македонска држава со сите нејзини белези, но и реалност од егзистирање на автокефална македонска православна црква со богат црковен и духовен живот. Колку и да изгледа тоа докажување пред другите сестрински православни цркви навидум тешко и непремостливо!

Не е претерано доколку се каже дека ова и вакво изјаснување на македонските владици во овој момент има своевиден референдумски карактер. Зашто по својата суштина, а особено по ефектите што може да ги предизвика нишкиот документ, тој има значење на своевиден црковен Рамковен договор. Бидејќи подмолно и на долги патеки ја подотвора вратата за натамошно разнебитнување на македонското национално ткиво. Ако пред десетина дена на Црквата и се закануваше раскол во сопствените редови, поради жестокото противење на двајцата владици да го прифатат она што нивните колеги во форма на некаков нацрт-текст го потпишале во Ниш, сега на МПЦ и се заканува уште поголема опасност - раскол со сопствениот народот. Зашто, доколку неколкутемина избрани црковни претставници, сепак, решат да одат наспроти волјата на сопствениот народ, може лесно да им се случи да станат единствена црква на светот без свои верници. Како генерали без војска, кои со себе го носат товарот на предавството, но и на проклетството изречено од сопствената паства. 

Членовите на Синодот денес навистина немаат потреба од големи мудрувања, непотребни тактизирања и процени за штетите од натамошниот развој на настаните. Треба само да го слушнат гласот на сопствениот народ, кој покажа трезвеност, но и подготвеност дури и со протести да ја спречи одлуката за враќање на МПЦ во прегратките на Српската православна црква. Зашто пораките содржани во текстот на нишкиот нацрт-документ, кој веќе доби зелено светло од Светиот синод на српските владици, се добро и навреме разбрани, и покрај толкувањата на одделни владици дека тој со ништо не ги загрозува ниту името, ниту позицијата на МПЦ. Отфрлањето на овој штетен документ, како што веќе го окарактеризираа не само верниците, невладините организации, политичките партии, туку и Богословскиот факултет и Републичката заедница за верски заедници, е повеќе од потребно. Дури и по цена на натамошна изолација на МПЦ и долгогодишен од по трње на патот до сопствениот автокефален статус.

Истите оние владици кои своевремено кренаа невидена врева околу сопствената загрозена позиција во Уставот, заканувајќи се со фрлање анатема врз пратениците кои ќе гласаат за изедначување на статусот на МПЦ со другите верски заедници, сега треба да покажат поголемо чувство за државност. Ако тоа им е мана на многу политичари, тоа не смее да биде случај со оние кои велат дека во секое добро, но и во зло се подготвени да го водат и да бидат заедно со својот народ. А, гласот на народот никогаш не бил толку жесток, директен и убедлив! Можеби затоа што е во прашање сопствениот опстанок.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

И "Оци македонске цркве" (један од њих), износе у јавност ставове да се никако не сме одбацити оно што је расколом добијено (!). Доне Илијевски који каже да је учествовао у свим разговорима са СПЦ и од 1953 до 1973 био председник Верске комисије, институције која је дала "аутономију" МПЦ објашњава ко је то све перфидна игра СПЦ да уништи Македонску државу и македонски народ. Каже да је то што се предлаже противно свим канонским нормама (излазак из раскола је против канона Цркве!) и да су све цркве постале самосталне на исти начин као и македонска (стиче се утисак да је раскол канонски оправдан и да је то једини пут...).

 

 

Доне Илиески, еден од најдобрите познавачи на историјата на МПЦ, за најновите случувања


Автономијата значи бришење на историјата на Македонската црква

ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ, КОСТА ПОПОВСКИ

 

8515.jpg

Доне Илевски

 

Ако по 35 години автокефален живот Македонската православна црква се врати на автономија и прифати и признае над неа да има друга црква и туѓ поглавар, ќе претставува обезличување и бришење на тоа што го постигнала и истовремено ќе се отстапи од црковните канони. Македонската црква имала свој самостоен црковен живот, во нејзино име се миротонисувале христијани. Со предлогот од Ниш ние, всушност, навлегуваме и во душите на тие луѓе. Тоа го засега не само нашето национално чувство, туку и душата на човекот. Вака ги коментира последните случувања околу Црквата Доне Илевски, еден од најголемите познавачи на историјата на Македонската православна црква и човек кој учествувал во речиси сите разговори и преговори со Српската православна црква. Од 1953 до 1973 година бил претседател и секретар на Комисијата за верски прашања. 

Според него, денес да се чепне во автокефалноста на Македонската православна црква треба прво да се чепне во тоа што досега е направено, односно да се прогласи за неважечко. "Тоа има големо суштинско значење. Луѓето се крштевале од овие исти попови, од оваа црковна власт. Секој човек што мисли македонски го боли фактот во сопствена држава да се најде во ваква срамна ситуација. Овој договор не е ништо друго, туку продолжување на игрите на Српската православна црква што таа секогаш ги играла", додава Донески и подвлекува дека Србија со последната војна во Косово загубила многу и се свела на белградски пашалук и сега единствено и останало да дејствува преку црквата. Ако се прифати тоа што било договорено од тројцата владици во Ниш, ќе значи состојбите да се вратат во минатото, да се негира тоа што е направено до 1959 година со формирањето на Синодот и да се негира обновувањето на Охридската архиепископија, 200 години по нејзиното укинување. "Враќање на автономен статус значи деградирање на македонската црква. Со тоа таа влегува во канонско единство со Српската православна црква. Ние сме нејзина мајка, а сега се предлага да се случи обратното, да бидеме нејзина ќерка. Со тоа треба да признаеме туѓ патријарх. Тоа значи бришење на сета историја кога Македонската црква живеела свој црковен живот, а Македонците црквувале во таа црква", вели револтирано Доне Илиески и прашува од кои причини и со кои мотиви се прави тоа? "Ја слушав прес-конференцијата на тројцата владици-потписници на документот. Сето тоа е игра. Некој сака со црквата да ни се случи она што сега ни се случува со државата и да се обезличиме сосема како нација. А ние, Македонците, секогаш сме биле врзани за верата, со Охридската архиепископија. Во таа игра има дел и политиката, во таа игра се вмешани и поединци на Црквата. Тоа народот нема да го прифати. Знаете што значи некој да се нарече јуда. Јас таков збор слушнав по состанокот на Синодот. Некои од присутните верници еден од владиците го нарекоа јуда", вели тој. 

Илиески истакнува дека сето што се случува и историски не е издржано. Како се однесуваат другите цркви кон нас е друга работа. И тука, според него, има голема политика. Тој тврди дека била готова работа Бугарската православна црква да ја признае автокефалноста на Македонската, меѓутоа поради разни интервенции тоа пропаднал. "Ова што се предлага е надвор и од сите канонски норми. Сите цркви станале самостојни како Македонската црква и сите тие биле врзани за градови. На пример, Московската, Цариградска, Јерусалимската и другите патријаршии ги носеле имињата на градовите каде што биле нивните седишта, а подоцна сите тие, со формирање на државите, добивале статус на државни цркви", објаснува Илиески. 

Тој подробно се навраќа на историјатот на возобновувањето на Охридската архиепископија. Наредната година се навршуваат 60 година од денот кога во Издеглавје, Дебарца, во 1943 година се одржа Првото свештеничко собрание кога беше избран првиот архијерејски намесник за ослободената територија. Тоа бил Антим Поповски од Слатино. Во 1945 година се одржал и првиот Црковен собор, на кој била донесена и Резолуција за формирање Македонска самостојна црква. Во 1946 година се одржало Свештеничко собрание и тогаш бил избран Иницијативен одбор за возобновување на Охридската архиепископија, а за претседател бил избран Нестор Поповски, кој всушност се до 1958 година бил фактички поглавар на Македонската православна црква. Во тоа време се вршеле преговори со Српската православна црква, но секогаш од нејзина страна имало големи отпори и опструкции. Откако се видело дека не може да се реши прашањето со преговори бил одржан Втор црковен собор, на кој било договорено македонското црковното прашање да се реши строго според црковните канони. "Јас бев тогаш секретар на Комисијата за верски прашања и добро знам дека Иницијативниот одбор, кој беше во постојан контакт со Доситеј, а кој подоцна стана и поглавар, сите документи ги работеше врз црковни канонски основи. С? што се преземаше беше во рамките на црковната традиција. Така на собирот во Охрид на 3 и 4 октомври 1967 година, во ?Св. Софија" се донесе одлуката да се возобнови Охридската архиепископија, точно 200 години од нејзиното укинување, која не била укината со црковна норма, од црковна власт, туку со уредба на турскиот султан, незаконски од иноверна власт", раскажува Илиески. 

Србите, всушност, ја купиле Охридската архиепископија и за неа на Цариградската патријаршија и платиле 1900 златници. Инаку, Охридската архиепископија е формирана уште во времето на св. Климент. Подоцна на неканонски начин св. Сава се издвоил и ја формирал Српската православна црква. Тоа значи дека таа е излезена од Охридската архиепископија. Подоцна е формирана и Бугарската православна црква, така што Охридската архиепископија е најстара црква на Балканот. На пример, кога се крунисувал Цар Душан учествувал тројца архиепископи, охридскиот, трновскиот и белградскиот.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Агатангел и Кирил (покојни Никола Поповски), прете да ће ако се прихвати Нишки споразум отићи у раскол (раскол у расколу!).

 

Највисокиот орган на МПЦ денеска решава исклучително тешко прашање за нејзиното опстојување во православното семејство


Светиот синод пред историска одговорност

 

Синодот на Македонската православна црква денеска ја одржува историски најзначајната седница на која, дефинитивно, треба да одлучи дали ќе се врати под закрила на Српската православна црква, добивајќи ја за возврат автономијата која на МПЦ и се понуди во Нацрт-договорот потпишан на 17 април во Ниш. Владиците на оваа средба мораат да ја разрешат дилемата дали ќе го прифатат овој спорен документ, кој во јавноста предизвика остри реакции или, пак, ќе го отфрлат, одговарајќи им на тој начин на членовите на Соборот на СПЦ за одлуката по прашањето на автономијата на МПЦ.

 

8815.jpg

 

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

Како што е познато, Соборот во минатата недела позитивно се изјасни во однос на договорот и со нетрпение го очекува повратниот сигнал од македонските црковни великодостоинственици за судбината на идниот статус на нашата Црква. За време на одржувањето на денешната седница, се очекува мирен протест на верниците кои се противат на евентуалното одобрување на, за нив, штетниот договор за иднината на МПЦ.

Нишкиот документ, на кој од наша страна ставија параф владиците Тимотеј, Петар и Наум, уште на денот на неговото обелоденување предизвика осуда од членовите на Синодот, пред с? од владиците Кирил и Агатангел, кои остро се спротивставија на неговото прифаќање, барајќи тој да се отфрли како штетен за опстојувањето на Македонската православна црква, во спротивност тие најавија раскол во највисокото црковно тело. Покрај реакциите внатре во Синодот, овој документ за кој неговите потписници имаат добро мислење, бранејќи го како еден од најдобрите документи усогласени и договорени со СПЦ, вчера го отфрли како неприфатлив и владината Комисија за односи со верските заедници, порачувајќи им на владиците да не ја враќаат Македонската православна црква на рангот на автономна црква. Нацрт-договорот предизвика револт и разочарување и од обичните граѓани кои не се согласуваат со обидот да се промени името на МПЦ, но и од политичките партии кои денеска повикаа на мирен протест, бидејќи, според нив, евентуалното прифаќање на Синодот не значи одраз на автентичниот интерес на православните македонски верници. Против договорот се огласија и македонските црковни општини од дијаспората, оквалификувајќи го како документ со кој се негира историјата на македонскиот народ и Црква. 

Документот е целосно неприфатлив и за Наставно-научниот совет при Богословскиот факултет, според кој не постои можност тој да дополнува или доработува без да се споменува МПЦ и нејзиниот автокефален статус. Димитар Белчовски, професор по црковно право од овој факултет, тврди дека предлогот на Српската црква за автономија на Македонската православна црква дури е поштетен, односно порестриктивен од предлогот за автономијата од 1958 година кога нашата Црква имала статус на целосно независна црква.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

  • Гости

Брате,

 

 

свак ти част што се оволико трудиш, не знам шта друго да ти кажем.... facenew22222222

 

до сад сам читао и тачно се види какав је дух владао пре и нешто после споразума док нису изгласали против.

 

Гледано да је тадашњи њихо епископат бројао 7, ако се не варам, логично се бојали да не избије раскол мећу њима , јер ова тојица што су били у преговору и прлус садашњи архиепископ Јован , била би сигурна већина око изгласавања али ето видимо ко се и ко је све умешао прсте за овај "трагични" споразум!

Link to comment
Подели на овим сајтовима

  • Гости
Агатангел и Кирил (Никола Поповски), прете да ће ако се прихвати Нишки споразум отићи у раскол (раскол у расколу!).

 

е управо сам то и написао....телепатија за оно што си умеђу времену поставио док сам писао овај мој пост!

Link to comment
Подели на овим сајтовима

A jadni narod BJR Makedonije živi u para Crkvi, u raskolu i ne sudeluje u jedinstvu Tela Gospodnjeg. Hvala za ove tekstove, znao sam načelno sve, ali ovo potvrđuje činjenice!

 

Od prošle godine, kada sam u martu posetio Skoplje, počeo sam više da se zanimam za problem makedonske Crkve. Tada je drug sa kojim sam išao našao devojku sa kojom je i dalje u vezi. Vrlo je teško i nezgodno objasniti celokupnu situaciju mladoj osobi koja je odrasla bez svesti o raskolu. 

 

Pre mesec dana, neposredno pred novu godinu, je prisustvovala na Liturgiji na PBF-u sa mojim drugom, bio sam i ja prisutan i nije se pričestila. Pitala ga je šta da radi, nije smeo da joj kaže da se pričesti. Kako da vodi život dole, da li da učestvuje u zajedničarenju sa raskolnicima ili ne? Da li samo da se pričesti kada dođe ovde? Vrlo nezgona životna situacija za sve verujuće u Makedoniji.

"Koji ne ljubi ne poznade Boga; jer Bog je ljubav" - 1Jn 4,8

Link to comment
Подели на овим сајтовима

×
×
  • Креирај ново...