Jump to content

Фотографије мога града....

Оцени ову тему


Препоручена порука

  • Одговори 663
  • Креирано
  • Последњи одговор

Популарни чланови у овој теми

И јас ја сакам Матка :)

прекрасно место, првпат имав шанса да престојувам во планинарскиот дом кај „Свети Андреја“, 1999, на еко-камп....

Организаторите се потрудија да имаме целосен „увид“ во тоа што е и каква е Матка - имавме предавања за флора и фауна, ендемски видови, за историјата на Матка, малку историја на уметност во контекст на црквата посветена на Свети Андреј Првоповикан, алпинистички, спелеолошки, веслачки курс....

Зорите се прекрасни на Матка, карпите се бојат во сите бои на целиот спектар, додека небото се огледува во езерото, а времето - чиниш - некогаш и застанува...

Има еден интересен настан, кога во склоп на нашите еко-програмски активности, требаше да исчистиме една запустена пешачка патека во месноста Козарево, речиси до самиот врв.... и вредеше - наидовме на остатоци од келија посветена на свети Јован Крстител, остатоци на фрески на самите карпи и извор со најстудена вода која сум ја пиел....

а местото, акумулатор на мистичност.... :)

Матка - матица - на скопската Црна Гора (од црнорисци) - имињата сами објаснуваат :)...

Одамна се спремам да ги изодам сите патеки до познатите црквички и келии, а веќе сум веслал со кајак по езерото.... драго ми е што споделуваме исти впечатоци за Матка....

Се расприкажав, ама тоа под впечатоци од фотографијава која е прекрасна. :)

И... се извинувам на „упадов“.

Поздрав.

ти благодарам за твоето јавување и споделувањето на импресиите од Матка.

ме заинтересира месноста Козарево и остатоците од келијата, па би те замолил да напишеш нешто повеќе за тоа

и слободно упаѓај на темава :)

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Ах Матка је језеро које никада нећу заборавити.

Предивно место, неодољиво лепо .

Пловећи чамцем по језеру, нај занимвљије су ми биле пећине из којих су се уливали хладни извори.

Јединствен доживљај. Чаролија на земљи. Пут који је војска усекла обалом је дивна пешачка

стаза сачуване природе. Своју раскош Матка, дели са посетиоцима остављајући своје слике у срцу и души.

Неколико дана смо провели на Матки пентрајући се до црквице изнад.

Доста сам путовала али Матка заузима посебно место у мом сећању.

matka-0.jpg

Клоним се људи који мисле да је дрскост храброст, а нежност кукавичлук.

Link to comment
Подели на овим сајтовима

ти благодарам за твоето јавување и споделувањето на импресиите од Матка.

ме заинтересира месноста Козарево и остатоците од келијата, па би те замолил да напишеш нешто повеќе за тоа

и слободно упаѓај на темава :)

Матка - како што реков претходно, наречена така затоа што во минатото била матица на сите манастири во скопскиот регион, а можеби и пошироко - и ден денес изобилува со места кои пленат со својата тишина, со погледи од кои застанува здивот, но и опасности.

Од „пристаништето“ кај Свети Андреја (црквата која е задужбина на братот на Крал Марко, во српската и македонската традиција и историографија познат како Андријаш), се весла низводно околу 15 минути. Веслајќи, десно на околу 10 метри над нивото на водата се гледа пешачката патека, која некогаш претставувала траса на возот Ќиро - воз со парна локомотива кој сообраќал на линијата Скопје - Охрид)...

1304151304_9ff1e7cdd9.jpg

кога веслате по езерото, тишината е доволна да ја почувствувате безвременоста на тоа мистично место. Утринска копринена маглина лебди по езерото, а вие, едноставно ги „отворате“ сите свои сетила...

Веројатно и ќе помислите дека сте сфатиле зошто монасите го избрале токму тоа место, препознавајќи ја Убавината.

Одвреме - навреме ќе ги слушате во правилни интервали ударите на веслата во водата, неколку капки ќе ве допрат, а вие само ќе молчите....

spaceout.gif

По 15 тина минути веслање, ќе стигнете до едно, навидум вообичаено заливче од левата страна и, ќе го промашите ако не знаете дека е таму.... кога ќе се вкотвите таму, на само неколку чекори, веќе во шумата, ќе наидете на две природни платоа, големи колку тениско игралиште, кои во поблискот минато биле уредени како места за кампување... месноста се вика КОзарево, затоашто, веројатно само козите во подалечното минато се „осмелувале“ да стигнат таму... мислам дека сфаќате...

spaceout.gif

од тоа место, почнува патека, која, во времето кога јас бев таму, беше потполно обрасната... патека, која час се губи, час се појавува, која речиси ве носи во пропаст, за при крај, после 1,5 - часовно пешачење, да ве донесе на место со поглед кој вдахновува и неизбежно ви „лепи“ насмевка на лице.... дури и ќе си ја симнете шапката вознак на почит, се разбира, ако ја носите...

spaceout.gif

И таму, над еден мал брег, одеднаш, патеката завршува, речиси никаде... сепак се слуша жубор на не толку издашен извор... се наведнувате и пиете... и знаете, дека патот доттука вредел за сиот напор и сомнеж... безвременоста уште повеќе изненадува кога врз карпите околу изворот ќе забележите малтер, траги од греди, навидум остатоци од колиба, а изненадувањето е уште поголемо кога ќе наидете и на остаоци од фрески....

Чии ли солзи и крв го натопувале ова тло низ вековите?

Чија молитва може да се чуе, ако се наслушне внимателно?

Чии ли погледи секое утро се соочувале со бездната пред нивните очи и ѕвезденото небо над нив секоја ноќ?

Чии ли воздишки носи ехото?

Седнувате и воздивнувате...

И можеби се раѓа во вас некаков копнеж и радост, заради Убавината... Не можеби, мора да се роди, местото, сепак, се вика Матка - место од каде се раѓа :)

spaceout.gifspaceout.gifspaceout.gifspaceout.gifspaceout.gif

Link to comment
Подели на овим сајтовима

Ентеријер нашег храма.

70900.jpg

Один монах вошёл в склеп к покойникам и крикнул: "Христос воскресе!" А они ему все хором: "Воистину воскресе!"
--- / -.. --- -- .. -. . --..-- / -- .. ... . .-. . .-. .
http://www.srdjanantic.blogspot.com/

Link to comment
Подели на овим сајтовима

×
×
  • Креирај ново...