Гости Guest Написано Јун 2, 2015 Гости Пријави Подели Написано Јун 2, 2015 Владиката Јован, поглавар на Православната охридска архиепископија, по долго време поминато зад решетки, со неформален статус на политички затвореник, во февруари годинава беше пуштен на слобода, во речиси драматични околности. Во Идризово го напиша есејот „Слобода во затворот“, но во јавноста се зборуваше дека во затворот е изложен на малтретирање и закани и дека неговата здравствена состојба е влошена.• Владико Јован, знам дека е непријатно да Ве потсетувам на затворските денови, но сепак би сакал од Вас да слушнам што точно се случуваше во затворот во Идризово. Има ли вистина во приказните дека Вашиот живот беше загрозен и дека се спремаше Ваша ликвидација, како што напишавте во едно писмо до Управата за извршување санкции?- Барем засега не се чувствувам непријатно кога се сеќавам, или кога треба да раскажувам за деновите поминати во затвор. Тие се дел од мене, дел од мојот живот и веројатно така ќе остане засекогаш. Затворот има смисла само ако ги исполнува целите заради кои некој бива затворен, а тоа се воглавно две: да се изврши праведна казна и втората, можеби поважна и од првата, оној кој се затвора да се ресоцијализира. Но, ако затворот не исполни барем една од овие две цели, тогаш е бесмислен.Јас токму така го доживеав затворот Идризово, во кој бев затворен - како бесмисла над сите бесмисли во нашава држава. Во мојот случај немаше ниту праведна казна, прво затоа што немаше праведно судење, туку политичко, а тоа се гледа токму сега откако Врховниот суд го врати предметот на повторно судење во Основниот суд, но немаше ниту ресоцијализација. Ресоцијализација немаше зашто таа ја нема за ниту еден од над илјада и петстотините затвореници во затворот Идризово. Сметам дека не треба да се премолчи оти таму нема доволно храна, а и онаа што ја има е мизерна, па затоа им се дозволува на затворениците од дома да си носат храна во неограничени количини. За постелнина, перница, или прибор за јадење: лажица и вилушка и да не зборуваме.Кога бев во затвор за претходната казна во 2005 година, понекогаш на затворениците им даваа сапун или паста за заби. Последниов пат, во трите години колку бев во затвор, ниту еднаш не беше поделено сапун, паста за заби или тоалетна хартија. Да не зборувам за тоа дека затворениците немаат затвореничка облека туку треба некој од надвор да им донесе облека. Затворот не купува веќе ниту дневен печат за затворениците, а условите во кои живеат се срамни дури и да се прераскажат.Мене, да речеме, ме беа сместиле во соба со 40 други затвореници. Секој по еднаш во денот да кивне или да се накашла, па тоа веќе голема врева, а ако се знае дека во таа соба имаше барем десетина телевизори, ако се знае дека не ретко се случуваше секој телевизор да е вклучен на различен канал, па вие претпоставете каков е тоа хаос. Но, од друга страна, среќа е што не бев во соба каде има глувци, тавтабити, лебарки и вошки. Така, можам да речам дека уште бев и привилегиран. За работа да не правиме ни муабет. Од околу 1.600 затвореници, работно ангажирани се само околу педесетина. Под вакви услови јасно е дека ресоцијализација е невозможна.Затоа сметам, тврдам и нема да престанам тоа да го сведочам насекаде до каде ќе стигнам, дека затворот во Македонија е бесмисла над сите бесмисли. Тоа е само изгубено време и пропаднат дел од животот за затвореникот кому не му се дава никаква шанса ниту да се покае ниту да постане продуктивен за општеството. Што се однесува до мене, воопшто не е тајна дека имав непрестани притисоци да се откажам од патот на единството на Црквата. Бев единствен затвореник во Идризово што и покрај тоа што ги исполнував сите услови да ми го променат затворскиот третман и да добијам третман со кој ќе можам да се ползувам со угодноста „домашно отсуство“, таквиот третман никогаш не ми го доделија. Тоа, нормално, кај мене предизвика негодување и бев принуден да испратам писмо до Управата за извршување на санкции, можеби не толку поради неправдата што ми се правеше, таа не беше ни прва, а знам дека нема да биде ни последна, колку заради неизвесноста што ја имав од таквиот притисок. Ги исполнувате сите услови, а тие не ве пуштаат на домашно отсуство, па си помислувате дека зад тоа стои нешто уште полошо. Во есејот што го споменавте, а кој го напишав во затворот, јас токму и пишувам за тоа дека речиси сите затвореници ги знаат местата каде биле погребувани политичките затвореници во социјалистичка Југославија. Па си велиш, ова лудо наше совремие не е многу поразлично од она во таа Југославија. Не сум јаболко на раздорот • Врховниот суд на Република Македонија ја укина пресудата од 2013 година, со која бевте осудени на казна затвор од 3 години, поради наводни финансиски малверзации. Предметот е вратен на повторно судење. Обвинет сте за проневера на 250.000 евра на МПЦ, кои наводно сте ги испрале со купување недвижности и друг имот. Што ќе кажете при повторното судење во Ваша одбрана?- Мислам дека надвор од Македонија нема човек што не знае дека бев неправедно осуден на тригодишна затворска казна. Но, дури и во Македонија, и покрај медиумскиот мрак и тенденцијата на повеќето медиуми да бидат или пристрасни или игнорантски поставени кон моите судски спорови, сметам дека веќе во голема мера се расчу за моето неправедно судење и неправедна затворска казна. Тоа што го кажав при првото судење ќе го повторам и при второто. Еднаш потрошени пари (говорам за споменатите 250.000 евра), за кои бев осуден со правосилна пресуда дека ненаменски сум ги потрошил, и за тоа веќе издржав затворска казна, не сум можел на никој начин да ги „перам“, не заради нешто друго, туку затоа што ги немало, односно биле потрошени. За време на мојот престој во Русија, некои на кои им кажував за тоа зошто бев осуден, смислија интересна досетка. Знаете, велат, зошто судијата ве осуди на затворска казна? Зашто не сте му ја кажале тајната како може еднаш потрошени пари повторно да се потрошат.• Наспроти најавите дека заминувате на лекување и опоравок, после седум робии, Вие бевте прилично активни по излегувањето на слобода. Навистина, бевте на лекување во Санкт Петербург, но се чини дека се трудевте да го надоместите пропуштеното време за промоција на Православната охридска архиепископија. Или грешам?- Го ползувам просторот што ми го отстапувате во вашиот весник да се заблагодарам на Неговата Светост, патријархот Московски и на цела Русија г.г. Кирил, но и на сите други што се погрижија мојот престој во Русија да ме опорави после долгиот затвор. Ги извршив сите неопходно медицински контроли, открив здравствени проблеми што не сум знаел и дека ги имам. Не само заради затворот, јас бев немарен за сопственото здравје и тогаш кога бев на слобода. Некако како да ми недостасуваше време да обрнам внимание на здравјето. Прв пат во животот во Русија имав прилика да направам систематски прегледи на сите делови од телото и главата, да ми биде воспоставена конзилијарна дијагноза и да добивам соодветен медицински третман за проблемите. Но, непречено на тоа, секако дека имав можност да богослужам, да проповедам, а помалку и да патувам. Што се однесува, пак, до Охридската архиепископија (ПОА), мислам дека и неа и нејзиниот претстоител најдобро ги испромовираа неправедните судски постапки кои се водеа против мене и уште 18 други лица од Архиепископијата. Нема некаде во светот каде не се расчу за таквата политичка хајка. На полза на Охридската архиепископија, но за жал на штета на нашата татковина.• Српската православна црква одобри да продолжи дијалогот за решавање на црковниот спор со МПЦ. Тоа е добра вест. Според очекувањата, иницијативата е обусловена со престанок на секаков натамошен прогон на ПОА од страна на македонските световни власти. На удар се и 18 приврзаници на ПОА, од кои двајца се епископи. Очекувате ли тој услов конечно да се исполни? Ве прашувам, зашто малку и самиот сум сомничав. Имено, минатата година, српскиот владика Амфилохие во интервју за „Слободен печат“ испрати позитивни сигнали, од МПЦ стаса соодветна реакција и кога се чинеше дека работата ќе тргне, јаболко на раздорот повторно бевте Вие.- Кој ги следи непристрасно црковните случувања, знае дека Српската православна црква (СПЦ) никогаш до сега не покажала колебливост кон предусловот да престанат сите гонења кон претстоителот на Охридската архиепископија и нејзините членови за да може да започне нов дијалог за статусот на МПЦ која е во раскол. Друго е тоа што во Македонија нема такви непристрасни аналитичари и во недостиг на такви, двајца новинари, едниот од една телевизиска куќа, а другиот од еден дневен весник, се самопромовираат како експерти од областа на црковните збиднувања. И едниот и другиот никогаш не побарале информација, или проверка на информациите од страна на ПОА, а често коментираат за црковните прилики во Македонија. Ако не во потполност, тогаш секако дека во голема мера таквата непрофесионална новинарска пропаганда создава искривена слика за црковната реалност. Пристрасно, нереално, тенденциозно е да се сака Архиепископот Јован да се прикаже како јаболко на раздорот, посебно ако се знае каква почит тој ужива меѓу православните надвор од Македонија. Со поднесување на жртва, преку неправедно страдање и затворање, се градат мостови, се постанува спона за единство, но не и причина за неединство и раскол.• Имам впечаток дека сега горе-долу е позната и формулата, ако така можам да се изразам, по која ќе се решава спорот меѓу МПЦ и СПЦ: враќање на македонската црква во канонско единство со СПЦ, прогласување статус на автономија на МПЦ и признавање од страна на другите сестрински православни цркви под името кое веќе е фактички променето (МПЦ - Охридска архиепископија). Пропуштам што ли некои важни прашања кои би можеле да бидат непремостива пречка во преговорите?- СПЦ се обвинува дека не е волна на МПЦ, која е во раскол, да ѝ даде автокефалија. Тоа е едноставно невистина, и по тоа ќе видите колку се неинформирани и надвор од реалноста самопрогласените црковни аналитичари во Македонија, кои ги немаат ниту најосновните елементи за градење на своите анализи. СПЦ, едноставно, не е во можност сама да даде автокефалија без согласност со други православни Цркви. Но, дури и под услов утре сите православни Цркви да се сложат да ѝ дадат на МПЦ, која е во раскол, автокефален статус, тоа ќе биде неефективно, бидејќи засега нема согласност меѓу православните Цркви кој ја прогласува автокефалијата, и како се потпишува томосот. Го знам ова прашање најнепосредно, бидејќи учествував на подготвителната конференција за Големиот сеправославен собор која се одржа во Шамбези, а токму за прашањето на доделување на автокефалниот статус на Црквите. На последната подготвителна конференција, која се одржа пред два месеца, јас не бев присутен, бев во Русија, но известен сум од учесниците дека се согласиле темата за доделување на автокефален статус да не излегува пред Големиот сеправославен собор кој се планира да се одржи догодина, и тоа од причина што за неа нема консензуално решение помеѓу Црквите. До пред неколку децении автокефален статус доделуваше само Константинополската патријаршија, а потоа другите Цркви порано или подоцна тоа го прифаќаа. Така, бидејќи доделувањето на автокефален статус се усвои како тема за Големиот сеправославен собор, до сеправославно решение на таа тема никој не може да доделува автокефалија, па ниту Константинополската патријаршија. Како стојат работите, сигурно е дека на претстојниот Голем сеправославен собор нема да биде поставено на дневен ред прашањето за доделувањето на автокефалија, па затоа постои страв дека тоа прашање може уште долго време да остане нерешено.Што се однесува на поставеното прашање, сметам дека автономниот статус, или наречете го ако сакате самостоен, или самоуправен статус, е максимумот што МПЦ која е во раскол во моментов може да го добие. Ништо повеќе од она што веќе одамна го доби ПОА. И тоа би траело до оној момент додека православните Цркви не прифатат со консензус на кој начин ќе се доделува автокефален статус во иднина.Тенденциозност и заблуди• Освен што Вашата лична слобода е conditio sine qua non за преговорите, ќе имате ли Вие некаква друга ролја во дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ? Ако добро разбравме, владиката Давид ќе биде во комисијата на СПЦ задолжена за преговорите. Може ли ПОА да одигра позитивна улога или ќе биде тројански коњ во процесот?- Условот да бидам на слобода за да можат да отпочнат преговорите не го наметна СПЦ , туку Православната охридска архиепископија. СПЦ само ја прифати одлуката на Синодот на ПОА дека за отпочнување на било какви преговори со МПЦ, која е во раскол, потребно е да се исполнат елементарните претпоставки за одржување на тие преговори, а тоа е преговарачите да бидат слободни, да не бидат во затвор. Тоа од причина што СПЦ, од после издавањето на Томосот за автономија на ПОА, кон нашата Архиепископија се однесува како кон автономна Црква, која се прашува и која дава мислење како за суштинските решенија во самата СПЦ, така и прашањата за меѓуцрковните односи воопшто. СПЦ беше недвосмислена и јасна сиве овие години наназад, дека било кои нови преговори со МПЦ, која е во раскол, се невозможни без учество на претставници од ПОА. Таа на тоа остана доследна, но и ние во Охридската архиепископија покажавме и докажавме дека го заслужуваме тоа.Што се однесува на тоа дали ПОА ќе игра позитивна улога, или ќе биде тројански коњ во процесот, сметам дека дури и најголемите скептици меѓу јерарсите во православната Црква, особено после нашите затворања и прогонства, се уверија дека единствениот пат за решавање на долгодеценискиот црковен спор на расколот беше оној кој го изоди Православната охридска архиепископија. Денес ПОА е почитувана не само заради нејзиниот континуитет со древната Охридска архиепископија, туку и заради етосот на сведочење на вистината кој го покажавме пред целиот свет. Нејзиниот првојерарх, Архиепископот охридски и Митрополит скопски, под таа титула е познат на сите меридијани. Во оваа ера на дигитални медиуми, меѓу православните јерарси можеби има некој со кој лично не сум имал можност да се запознам, но сигурно нема таков што не слушнал за затворот на Охридскиот Архиепископ Јован. Тоа е огромен духовен капитал кој ја прави Охридската архиепископија авторитетна Црква. А како таква, таа може да има само конструктивна улога во решавањето на расколот со еден дел од јерархијата во Македонија.• Владико Јован, веројатно знаете дека во Македонија немате многу пријатели и дека се ретки оние кои воопшто го изговараат Вашето црковно име (за мноштвото медиуми Вие сте само Вранишковски). Тоа е така делумно и поради пропагандата која вели дека Вашата активност и позициите на ПОА и на СПЦ во црковниот спор, всушност, се антимакедонски и дека во основа се вперени кон негирање на македонската самобитност. Се надевам дека сте свесни дека ако тоа се покаже точно, во мене ќе го имате најлутиот противник...- Омаловажувањето на мојата личност, кое систематски го спроведуваат некои средства за информирање во Македонија, ги покажува нив како недостојни за професијата со која се занимаваат. Нема мене да ми падне капата ако некој тенденциозен и злонамерен новинар нема да ме ословува со мојата полна титула, бидејќи тој ниту ми ја дал титулата, ниту може да ми ја одземе. Англиската кралица, некој од злоба и заради понижување, може да ја нарекува принцезата Елизабета, или само Елизабета, без ниту една титула, но со тоа таа нема да престане да биде англиска кралица. Мојата титула е општо прифатена во православната Црква, а преку тоа општо прифатена и во политичките, научните и културните кругови во светот. И сега дали некој ќе ме ословува со полната титула и ќе биде пристоен и нормален, или ќе ме споменува само по презимето Вранишкоски, тоа е избор на неговата волја, но истовремено и сведоштво на неговата културна и интелектуална надградба. Јас сум навистина Вранишкоски, и тука нема нешто погрешно, но грешката што ја прават оние што ме ословуваат како Вранишкоски е во тоа што не знаат, или ако знаат тоа го игнорираат, дека луѓето што имаат црковни и општествени титули се ословуваат според титулите, а не само по личните имиња и презимиња. Вие, пак, што се занимавате со медиуми, знаете дека и лошата реклама сепак е реклама. Денес ако ги отчукате на интернет имињата: Архиепископ Јован, Охридски Јован, Митрополит Јован, или пак едноставно ако отчукате: Вранишкоски Јован, ќе ви излезат толкав број на статии колку што нема за претседателот на нашата држава.Сепак, да се вратам и да ви одговорам на прашањето. Зарем некој би бил спремен за поднесе такви прогонства, судења, затварања, а да не говорам за омаловажувањата што ги доживeав последниве 13 години, доколку тоа не го прави за народот кој му е поверен и за татковината во која што живее? За жал, во нашата татковина, сѐ уште идеолошки се пристапува не само кон црковното прашање, туку и кон националното. Кон црковното прашање, и по падот на комунизмот, се продолжи да се постапува идеолошки, зашто некој во времето на кризата на севкупниот идентитет што настапи речиси кај сите народи по распаѓањето на СФРЈ, успеа да ги заведе тајните служби во Македонија кои генерално ја водат и внатрешната и надворешната политика на земјава. Измамата со која тие беа прелажани, а веројатно со истата измама беа прелажани и многу други граѓани во Македонија, е дека Црквата низ вековите наназад го чувала македонскиот идентитет. Тие (тајните служби) без речиси никаква анализа, а да не говорам за научна проверка, таа измама ја прифатија за вистина, и тоа здраво за готово, и денеска имаме ситуација секој кој е против МПЦ да се прогласува и за државен непријател. Тоа е работа која е надвор од умот, но тие служби, не само кај нас, на таков догматски начин работат и во други, многу посилни држави од нашата.Сега се потребни години и децении тие да ги променат своите ставови и да сфатат дека не си непријател на народот, а ниту на државата, ако си против МПЦ. Држава што штити монополи од било кој вид, па нека е тоа и на верски план, таа никогаш неможе да биде демократска, а за жал, Македонија не беше демократска ниту во времето на Црвенковски, ниту пак е во сегашноста. Нас нè гонат веќе полни 13 години. Тринаесет години се доволни секој да си ги покаже намерите и целите. Мислите ако некој имаше најмал доказ за наше противдржавно дејствување, до сега не ќе бевме барем десет пати осудени? Па тие не судат во наместени судски процеси и око не им трепнува, велите ќе нè поштедеа да имаат барем и најмал доказ за тоа дека дејствуваме противдржавно?• Медиумите во Македонија велат дека се претставувате како „српски егзарх“ и дека не го признавате македонскиот идентитет. Ако навистина го спорите македонскиот идентитет - па дури и од комотната позиција на заговорник на фриволната теза дека „поделбата по национална припадност е од редот на незначајните поделби за кои не треба вонреден напор за да се надминат “ - не би можел да разберам како воопшто очекувате разбирање и поддршка од Македонците. Патем речено, во едно Ваше поново интервју велите дека во Македонија, кога сакаат да Ве навредат, ве нарекуваат Србин, Грк, Бугарин... Еве, јас не сакам да Ве навредам и познато ми е Вашето уверување дека црковната припадност за Вас е многу поважна од националната. Па сепак, би сакал од Вас недвосмислено да ми одговорите и на тоа неважно прашање – што сте, всушност, Вие по националност?- Не, јас ниту се претставувам за „српски егзарх”, а ниту сум српски егзарх, ниту пак некогаш сум бил. Мојата титула е „Архиепископ охридски и Митрополит скопски”. Во еден краток период од половината на 2002 година до мај 2005 година носев титула „Егзарх на српскиот патријарх за Р. Македонија”. Но, од издавањето на томосот за автономија на Православната охридска архиепископија, во мај 2005 година, мојата титула е „Архиепископ охридски и Митрополит скопски”. За жал, кај нас секој може да пишува за црковните теми, без оглед на тоа дали има елементарни познавања за тоа или е потполно неписмен не само во терминолошка, туку и еклисиолошка смисла. Пред извесно време давав едно интервју за еден весник во Тајван и ме прашаа: Зошто некои од медиумите во вашата земја ве нарекуваат „егзарх„, кога вие не сте егзарх, туку архиепископ? Што можев друго да им одговорам, освен тоа дека некои новинари во мојата земја, кои се занимаваат со црковна проблематика, не знаат ни толку колку што знае еден тајвански новинар за таа проблематика.Што се однесува, пак, до прашањето за националната припадност, јас не се прикажувам привидно, или извештачено, или насилно, дека сум национално незаинтересиран. Тоа е мој повик од времето на преумувањето, кое се случи во мојата рана младост. Можеби тоа што највеќе ме привлече во христијанството е автентичното толкување на зборовите на апостол Павле: „Каде нема веќе ни Елини ни Јудејци, ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, туку сè и во сè е Христос“. И сега, кога мислам дека сум слободен барем од повеќето видови ропства, а ропство меѓу другото е и она што се наметнува како биолошка нужност (националната припадност), некој повторно сака да ме пороби и да ме стави во уште построг затвор од оној во Идризово и да ме направи роб на нацијата, било која и да е таа. На тоа пркосам и остро се спротивставувам. Како епископ на Црквата Божја, прво самиот треба да се трудам барем доброволно да не западнам под нечие ропство, а потоа и другите да ги поттикнувам кон красотата на животот ослободен од сите ропства.Мене никој не ме прашал дали сакам да се родам во Македонија. Тоа е нужност која јас неможам да ја променам по сопствена волја. Можам да бирам да живеам во таа моја татковина или да се отселам. Но, јас волно избирам да останам и покрај сите непријатности што ги доживувам, а за кои мислам дека ќе признаете оти не се мали. За многу помали непријатности доживеани во сопствената татковина, од оние што сум ги доживеал јас, луѓето ја проколнуваат сопствената родина и се иселуваат од неа. Прашање големо е кој е поголем патриот, оној кој при секој втор збор ја објавува својата национална припадност, а притоа или се отселил од Македонија, или тоа би го направил при прва можна прилика со надеж дека во странство ќе има подобар живот, или пак оној кој смета дека националната припадност му е бреме, ропство кое го стега од сите страни, ама сепак не ја напушта својата татковина зашто е убеден дека Божја волја било тој да се роди токму во таа земја и меѓу тој народ и таму да се бори против ропствата од секаков вид, меѓу кои без исклучок е и ропството на националниот идентитет. Затоа сметам дека е безначајно дали ќе се изјаснам како Елин или Евреин. ДВЕТЕ ЦРКВИ ВО МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СЕ СПОЈАТ • Под претпоставка дека спорот меѓу МПЦ и СПЦ ќе биде решен на задоволство на двете страни, ќе настане една чудна ситуација: во Македонија ќе постојат две помесни цркви, Православната охридска архиепископија чиј поглавар сте Вие и МПЦ-ОА, која е нашата „официјална“ црква. Можно ли е во иднина да дојде до обединување на двете македонски цркви во една и единствена?- Кога би се стигнало до црковно и канонски издржано решение, не е возможно во Македонија да има две православни Цркви. Сега ситуацијата е таква затоа што постои една канонска и призната православна Црква, а тоа е Охридската архиепископија, и една неканонска, но сепак православна Црква што е во раскол, а тоа е МПЦ. Можното решение неопходно ќе треба да го вклучи и решението на спојување на овие две Цркви, доколку би се сакало тоа да биде одрживо. ГАНДИЕВИОТ НАЧИН НА БОРБА СО ТОТАЛИТАРИЗМОТ Е НАЈДОБАР • Би сакал да ве потсетам дека во 2009 година му напишавте писмо на премиерот Никола Груевски, во кое побаравте да се заложи да престане прогонот што почна во времето на Бранко Црвенковски. Од тогаш до денес поминаа 6 години, а Вие, како и сите ние во Македонија, глава не кренавте. Љубопитен сум дали ја следите политичката ситуација во Македонија и што мислите за актуелната криза?- Некој се чувстува задоволен кога има доволно да нарача салата и ракија во кафеана. За друг е тоа мизерија и има желба да лета со параглајдер. Сите ние се разликуваме еден од друг според волјата, но и начинот на кој ја остваруваме слободата и желбата. Јас не би рекол дека сите ние во Македонија глава не сме кренале. Главно потешко поминуваат само тие што сакаат да одат кон врвот Монт Еверест. Другите што се задоволни животот да го минуваат во подножјето, воопшто и немаат проблем со спуштениот врат. Но, тие се мнозинството и затоа надгласуваат. И тука нема дилеми дека тие постојано ќе бидат побројни.Сепак, демократскиот начин на владеење кој барем декларативно го одбравме како општествен поредок во нашата татковина, не подразбира само владеење на мнозинството, туку и владеење на правото. Е, тоа е она што не го обезбеди ниту Црвенковски, а уште помалку Груевски. Владеењето на правото прави баланс меѓу мнозинството и малцинството.Тоа овозможува мнозинството да биде задоволно затоа што не владее неправедно, поттикнувајќи осветољубивост, а малцинството, пак, да нема причина за незадоволство и покрај тоа што не е на власт и не може од позиција на власт да влијае на спроведувањето на правото. Мене ми се чини дека поголем проблем за нашата татковина е тоа што ние сиве овие 25 години транзиционен период не успеавме да создадеме институционална држава, туку продолживме да живееме во авторитарен режим, дали е тоа на Црвенковски и Груевски, иста фирма е.Замислете во нашава земја да има развиени институции кои на основ на анализи и преку сфери на интерес, ќе ја убедат и власта и народот дека ние трпиме ненадоместива штета секоја минута кога Црквата ја поминува во раскол со другите Цркви, кога нашата татковина не може да најде заеднички јазик со соседните држави, кога остануваме предолго на прагот на Европската Унија. Но, тоа тогаш би било демократија, а ова што ни се случува последниве 25 години е нешто слично на оние претходни 45 години кои ги нарекуваме тоталитаризам.Има два начина за слободоумните да се борат со тоталитаризмот. Едниот е со револуција и тој носи човечки загуби, па затоа е неприфатлив, барем за мене, а другиот е сличен на Гандиевиот и тој според мене е најдобар начин за борба со тоталитаристичките режими. Сведочењето на вистината со трпение е најголем доказ за неа. Вистината не е надмена, таа не се наметнува. Таа само превосходи и тоа токму со својата ненаметливост. Бранко Героски http://plusinfo.mk/mislenje/560/vreme-e-makedonskata-crkva-kanonski-da-se-osamostoi-i-da-se-obedini Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
Goku Написано Јун 2, 2015 Пријави Подели Написано Јун 2, 2015 R2D2, ovdje bi dobro došao tvoj nerazdvojni drug C3PO da ovo prevede Nemoguće je čitati ovoliki tekst na makedonskom. obi-wan је реаговао/ла на ово 1 Χριστός ανέστη εκ νεκρών, θανάτω θάνατον πατήσας, και τοις εν τοις μνήμασι ζωήν χαρισάμενο Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
Orthophill Написано Јун 2, 2015 Пријави Подели Написано Јун 2, 2015 ДВЕТЕ ЦРКВИ ВО МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СЕ СПОЈАТ • Под претпоставка дека спорот меѓу МПЦ и СПЦ ќе биде решен на задоволство на двете страни, ќе настане една чудна ситуација: во Македонија ќе постојат две помесни цркви, Православната охридска архиепископија чиј поглавар сте Вие и МПЦ-ОА, која е нашата „официјална“ црква. Можно ли е во иднина да дојде до обединување на двете македонски цркви во една и единствена? - Кога би се стигнало до црковно и канонски издржано решение, не е возможно во Македонија да има две православни Цркви. Сега ситуацијата е таква затоа што постои една канонска и призната православна Црква, а тоа е Охридската архиепископија, и една неканонска, но сепак православна Црква што е во раскол, а тоа е МПЦ. Можното решение неопходно ќе треба да го вклучи и решението на спојување на овие две Цркви, доколку би се сакало тоа да биде одрживо. Ето чак ни Архиепископ Јован не назива МПЦ: секта, лажеправославно итд. Ако може он да не назива МПЦ погрдним имена, ваљда могу и неке из овај форум. александар живаљев је реаговао/ла на ово 1 Ти ме волиш, ал ја не осећам. Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
Orthophill Написано Јун 2, 2015 Пријави Подели Написано Јун 2, 2015 какве су реакције Македонаца на вест о почетку преговора са СПЦ? мислим, јасно им је да то значи широку аутономију, али и одустајање од самопроглашене аутокефалије (што је и довело до раскола). Овај тренутак је најбољи за брзо решење раскола. Политичари и народ имају веќе проблеме од то да расправаљају о Цркви. Политичка криза је највеќа од постојање Македонске државе. Бацају се “бомбе“, протестирају и позиција и опозиција, праве се кампови око владу, скупштину, општине... Када је стигла вест о продужетак преговора она је била позитивно прихваќена мада смутњу су увели преговараче (сем за чудо вл. Григорије, у кога се многе уздају). Не могу да кажем у који епископ се највише сумња, јер све троје (митрополит Амфилохије, епископ Иринеј Бачки и епископ Давид Стобијски) се сматрају за велики непријатељи и македонске Цркве и македонског народа. Но, јасно је ко дан, да ако Бог да, да доѓе до решење, највеќу улогу у то имаќе политика РПЦ, која не само што је неофицијалан посредник, него и гарант исхода будуќе преговоре. Са друге стране, МПЦ још није дискутирала продужетак преговора на синод свих епископа (тренутно стање је: архиепископ, 9 митрополита, 1 викаран епископ и 1 умировљени и тешко обољени митрополит). Један до два митрополита (Агатангел Повардарско-велешки и Иларион Брегалничко-штипски) тешко да би прихватили аутономију, но ако Дебарско-кичевски(Охридски) Тимотеј прихвати не би било проблема. Постоје и друге ратнике против аутономију у нижим чинова. Око термина, аутономија или аутокефалија, можда је најбоље да се успостави неки нови термин словенског назива за умирење страсти нецрквених Македонаца и политичара. Јер, назив „аутономија“ је омрзнут, „аутокефалија“ недостижив. (Реално ни аутономија није достижива, ено ретко ко признаје поглаварски статус архиепископа Јована, па видимо га како саслужује митрополитима.) Са друге стране, ни аутономија, ни аутокефалија народу не би значила ништо превише. Као што не значи ни то кога ќе да помиње прво наш архиепископ. (Али новинару пишу, мада не знају шта је то „В первих помјани...“, па доносе у заблуде људе да ќе да на велики вход архиепископ помене патријарха српског пре константинополског.) Како и да је, који и да је исход преговора, биќе тешко доќи до јединства, јер има превише омраза са обе стране. ПС: Мене највише брине, какав ќе бити статус македонских епархија у дијаспори и да ли ќе Македонска Црква да плаќа разрез Српској Цркви... У нишки споразум нема чланове о ове реалне проблеме. Лазар Нешић, александар живаљев and Макрина је реаговао/ла на ово 3 Ти ме волиш, ал ја не осећам. Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
МилошБГ Написано Јун 2, 2015 Пријави Подели Написано Јун 2, 2015 Koliki treba biti idiot (da,bas to) pa reci da je neko ko je rodjen u Skoplju,kome su roditelji Makedonci,rodjaci,familija...reci za njega da je veliki neprijatelj Makedonije i Makedonskog naroda i to povesti pod neku dobru i lepu diskusiju. Episkop David je rodjen u Makedoniji. Da dodje artemit i napise za nekog vladiku nesto slicno pa cak i lepse,bio bi banovan istog momenta,a ovde se ovako sve dopusta...bar je jedno uvek dobro shvatiti episkop Grigorije je za sve nekako ljude koji su protiv SPC i Srba dobro resenje. Христос воскресе из мертвих,смертију смерт поправ и сушчим во гробјех живот даровав Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
lab_man Написано Јун 2, 2015 Пријави Подели Написано Јун 2, 2015 Овај тренутак је најбољи за брзо решење раскола. Политичари и народ имају веќе проблеме од то да расправаљају о Цркви. Политичка криза је највеќа од постојање Македонске државе. Бацају се “бомбе“, протестирају и позиција и опозиција, праве се кампови око владу, скупштину, општине... Када је стигла вест о продужетак преговора она је била позитивно прихваќена мада смутњу су увели преговараче (сем за чудо вл. Григорије, у кога се многе уздају). Не могу да кажем у који епископ се највише сумња, јер све троје (митрополит Амфилохије, епископ Иринеј Бачки и епископ Давид Стобијски) се сматрају за велики непријатељи и македонске Цркве и македонског народа. Но, јасно је ко дан, да ако Бог да, да доѓе до решење, највеќу улогу у то имаќе политика РПЦ, која не само што је неофицијалан посредник, него и гарант исхода будуќе преговоре. Са друге стране, МПЦ још није дискутирала продужетак преговора на синод свих епископа (тренутно стање је: архиепископ, 9 митрополита, 1 викаран епископ и 1 умировљени и тешко обољени митрополит). Један до два митрополита (Агатангел Повардарско-велешки и Иларион Брегалничко-штипски) тешко да би прихватили аутономију, но ако Дебарско-кичевски(Охридски) Тимотеј прихвати не би било проблема. Постоје и друге ратнике против аутономију у нижим чинова. Око термина, аутономија или аутокефалија, можда је најбоље да се успостави неки нови термин словенског назива за умирење страсти нецрквених Македонаца и политичара. Јер, назив „аутономија“ је омрзнут, „аутокефалија“ недостижив. (Реално ни аутономија није достижива, ено ретко ко признаје поглаварски статус архиепископа Јована, па видимо га како саслужује митрополитима.) Са друге стране, ни аутономија, ни аутокефалија народу не би значила ништо превише. Као што не значи ни то кога ќе да помиње прво наш архиепископ. (Али новинару пишу, мада не знају шта је то „В первих помјани...“, па доносе у заблуде људе да ќе да на велики вход архиепископ помене патријарха српског пре константинополског.) Како и да је, који и да је исход преговора, биќе тешко доќи до јединства, јер има превише омраза са обе стране. ПС: Мене највише брине, какав ќе бити статус македонских епархија у дијаспори и да ли ќе Македонска Црква да плаќа разрез Српској Цркви... У нишки споразум нема чланове о ове реалне проблеме. Da nećete možda da diktirate sastav delegacije SPC... Dvojac Amfilohije-Irinej će posao da odrede kako treba da bi ste što pre dobili autokefaliju.. Господи возвах к Тебе, услиши мя. Да исправится молитва моя,яко кадило пред Тобою,водеяние руку моею,жертва вечерняя.Услиши мя, Господи. Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
Рилски Написано Јун 2, 2015 Пријави Подели Написано Јун 2, 2015 Da nećete možda da diktirate sastav delegacije SPC... Dvojac Amfilohije-Irinej će posao da odrede kako treba da bi ste što pre dobili autokefaliju.. ''МПЦ'' - овци се годинама упињу да ''обелодане'' и докажу да Вл. Иринеј није Буловић, већ заправо Була и да је и он уствари пореклом Македонац.. тако да.. нема бољег човека од њега за преговоре .. Он је више него ''њихов'' александар живаљев је реаговао/ла на ово 1 الحرية أو الموت Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
Гости Guest Написано Јун 2, 2015 Гости Пријави Подели Написано Јун 2, 2015 @@Orthophill, Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
Макрина Написано Јун 2, 2015 Пријави Подели Написано Јун 2, 2015 Моја највећа жеља је да се врати МПЦ у канонско јединство.Недостаје брат Бане на овој теми Ко зна где је он и шта је са њим... Orthophill and Лазар Нешић је реаговао/ла на ово 2 Extra ecclesiam nulla salus. Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
Orthophill Написано Јун 2, 2015 Пријави Подели Написано Јун 2, 2015 Koliki treba biti idiot (da,bas to) pa reci da je neko ko je rodjen u Skoplju,kome su roditelji Makedonci,rodjaci,familija...reci za njega da je veliki neprijatelj Makedonije i Makedonskog naroda i to povesti pod neku dobru i lepu diskusiju. Episkop David je rodjen u Makedoniji. Da dodje artemit i napise za nekog vladiku nesto slicno pa cak i lepse,bio bi banovan istog momenta,a ovde se ovako sve dopusta...bar je jedno uvek dobro shvatiti episkop Grigorije je za sve nekako ljude koji su protiv SPC i Srba dobro resenje. Ја не кажем да је вл. Давид непријатељ Македонског народа! Питали су ме какво је расположење у Македонији и написао сам. Ако ти хоќеш да будем банован само за то што не пишем то што ти хоќеш да читаш, то је твој проблем. Доѓи у Македонији и проповедај можда се мишљење промени! Али сви сте јунаци из Београда! Могао сам да напишем и да су сви попадали у несвест од радости због то што владика Давид је у преговарачки тим али то није истина. Макрина је реаговао/ла на ово 1 Ти ме волиш, ал ја не осећам. Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
Orthophill Написано Јун 2, 2015 Пријави Подели Написано Јун 2, 2015 Моја највећа жеља је да се врати МПЦ у канонско јединство.Недостаје брат Бане на овој теми Ко зна где је он и шта је са њим... Стварно где је брат Бане? Скоро две године нисам чуо ништа од њега... Јел имаш мати попадијо неке новије информације о њему? Ти ме волиш, ал ја не осећам. Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
МилошБГ Написано Јун 2, 2015 Пријави Подели Написано Јун 2, 2015 Ја не кажем да је вл. Давид непријатељ Македонског народа! Питали су ме какво је расположење у Македонији и написао сам. Ако ти хоќеш да будем банован само за то што не пишем то што ти хоќеш да читаш, то је твој проблем. Доѓи у Македонији и проповедај можда се мишљење промени! Али сви сте јунаци из Београда! Могао сам да напишем и да су сви попадали у несвест од радости због то што владика Давид је у преговарачки тим али то није истина. Joj,mi rastemo na grani i jedemo banane. Ne zelim da budes banovan,samo mislim da administracija ima dvostruke arsine. Uzivaj tebra. p.s.te fore dodji ovde,svi ste junaci iz beograda i ostalo,blah. Христос воскресе из мертвих,смертију смерт поправ и сушчим во гробјех живот даровав Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
коЖељ њацИ Написано Јун 2, 2015 Пријави Подели Написано Јун 2, 2015 Са друге стране, ни аутономија, ни аутокефалија народу не би значила ништо превише. Као што не значи ни то кога ќе да помиње прво наш архиепископ. (Али новинару пишу, мада не знају шта је то „В первих помјани...“, па доносе у заблуде људе да ќе да на велики вход архиепископ помене патријарха српског пре константинополског.) Како и да је, који и да је исход преговора, биќе тешко доќи до јединства, јер има превише омраза са обе стране. ПС: Мене највише брине, какав ќе бити статус македонских епархија у дијаспори и да ли ќе Македонска Црква да плаќа разрез Српској Цркви... У нишки споразум нема чланове о ове реалне проблеме. Мене највише брине што је толики народ, а Македонци су најпобожнији део нашег народа, у расколу. То кога ће да помиње архиепископ и ко ће коме да плаћа порезе је најмањи проблем. Проблем је пре свега црквено јединство и да попови нису склони политици и да им је заиста Христос изнад и испред свега и брига за сопствени народ ово би давно било решено. Данче*, александар живаљев, Orthophill and 1 члан је реаговао/ла на ово 4 Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
Orthophill Написано Јун 2, 2015 Пријави Подели Написано Јун 2, 2015 @@Orthophill, Господин друг Угриновски је ситан политички профитер... Али ипак су му срушили сендвичару у центру Скопља... Ипак, то не значи да КПМ и КПЈ немају велику улогу у саздавање МПЦ. То је факт. Исто ко што је факт да голем број македонских попова који су били за сваки пример меѓу народу, су били комунисти, па чак и партизани. Постоје чак и фотографије на које се виде како македонски попови освештују партизанске заставе. Интересно је да је чим се ослободила Македонија, друг прецедник Лазо Колишевски (одгајен у Богдај и на списак битољских богомољаца) је тражио самостојну Цркву. Али, зар нису исто то тражили и Српски краљеви? Па чак и један велики везир? Зар смем да кажем да је света Пеќка архиепископија муслиманска творевина само због то што је њен обновитељ био велики везир Соколовиќ? (Вучете ме за језик, са историјом...) Ти ме волиш, ал ја не осећам. Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
коЖељ њацИ Написано Јун 2, 2015 Пријави Подели Написано Јун 2, 2015 Али, зар нису исто то тражили и Српски краљеви? Па чак и један велики везир? Зар смем да кажем да је света Пеќка архиепископија муслиманска творевина само због то што је њен обновитељ био велики везир Соколовиќ? Није одговарајућа аналогија али је свакако занимљива. Пре свега комунистичка партија је створила МПЦ да би наштетила и разрушила СПЦ. Мехмед Соколовић није стварао Пећку Патријаршију она је већ постојала, он ју је само обновио и при том није наштетио ни једној Цркви. Дакле пре свега контекст није исти. Исто је само то да су у оба случаја биле политичке одлуке. Политичка одлука Мехмеда је била да кроз обједињену Цркву Срба ојача Турску империју, јер је овим гестом амортизовао дотадашње силне српске устанке и буне по Балкану. Стварањем МПЦ није ојачавана Југославија већ напротив се подилазило национализму једне регије што је касније и довело до распада Југославије. Приде да не понављам да је пећска патријаршија постојала и пре Макарија и пре Мехмеда. Аналогија са српским краљевима је већ мало реалнија, мада опет није доследна. Ако већ признајеш улогу комуниста у креирању МПЦ, што јесу одређене историјске околности, немој покушавати то оправдавати. Јер ни ми Срби се не поносимо оним што је урадио Цар Душан кад је довео нашу цркву у раскол са Цариградом. Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
Препоручена порука