Гости Guest Написано Фебруар 29, 2016 Гости Пријави Подели Написано Фебруар 29, 2016 На многаја и благаја љета Ваше Блаженство! Велика нам је радост и част што смо Ваши савременици! Во неделата на Блудниот син, на 28 Февруари, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован наполни педесет години од животот. Тој отслужи Литургија и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола во сослужение на Неговото Преосвештенство, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко. На крајот од Литургијата, Епископот Марко со пригодни зборови се обрати кон Архиепископот и кон присутниот народ истакнувајќи ги заслугите што Архиепископот Јован ги има за единството на Црквата. По тој повод на Архиепископот му подари енколпија со ликот на Христос како добар пастир. Неговото Блаженство, Архиепископот Јован роден е на 28 февруари, на денот на споменот на светиот апостол Онисим пред точно 50 години. Архиереј е веќе 18 години, а Архиепископ охридски и Митрополит скопски 11 години. Покрај многубројниот народ, во Литургијата учествуваа две монахињи од Воскресенскиот манастир Санкт Петербург каде Архиепископот Јован по излегувањето од затвор, во 2015 година, помина три месеци на опоравување. Во манастирската трпезарија тие ја прочитаа честитката од игуменијата на Воскресенскиот манастир во Санкт Петербург упатена до Неговото Блаженство. Верниот народ му го честита јубиларниот роденден на Архиепископот. http://poa-info.org/vesti/2016/02/20160228.html Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
мирођија Написано Март 2, 2016 Пријави Подели Написано Март 2, 2016 Кад је он само нама жив, Слава Богу за све... Bokisha је реаговао/ла на ово 1 Link to comment Подели на овим сајтовима More sharing options...
Препоручена порука