Jump to content
  • Guest
    Guest

    Демант на информацијата од „Канал 5” телевизија

      Информацијата со наслов: „Лажни попови на штипските гробишта за Духовден” којашто беше објавена од информативната редакција на „Канал 5” телевизија во вестите во 15 часот, не е точна. Одговорно тврдиме дека на гробиштата во Штип денеска, петок 21 Јуни, немало ниту еден свештеник од Православната Охридска Архиепископија, но секако дека утре ќе има.

    Неточно е и тоа дека свештениците на Православната Охридска Архиепископија се прикривале зад идентитетот на МПЦ. Ве уверуваме дека секогаш отворено настапуваме како свештенослужители на Православната Охридска Архиепископија и не чувствуваме потреба од некого да се криеме, а особено не зад идентитетот на МПЦ која, пак, за жал, сè уште во православниот свет и нема свој идентитет.

    Би сакале да апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на грубите инсинуации на некои свештеници од МПЦ коишто Православната Охридска Архиепископија ја претставуваат безмалку како терористичка организација од која треба луѓето да се плашат. Ние сме тука за духовните потреби на Православните верници без разлика на националната припадност, и не ни паѓа ни на крај памет насилно или со било каква измама да вршиме верски обреди кај верници што тоа не го сакаат од нас. Но ве уверуваме дека сè повеќе верници има што бараат токму ние да извршиме некој верски обред знаејќи го фактот дека ние сме Православната Црква во Р. Македонија којашто е призната од сите Помесни Православни Цркви во целиот свет. А најверојатно свештениците на МПЦ засегнати од губењето на тие луѓе како нивни верници, во јавноста излегуваат со груби квалификации и инсинуации. Уште еднаш повторуваме дека денеска свештеници од Православната Охридска Архиепископија на гробиштата во Штип немало, а утре, со Божја помош, ќе има и кој сака може да побара да се изврши помен на покојните.

    Живееме во 21 век и нема да може некој како во комунистичко-тоталитаристичкото уредување да спречи секој еден верник да си ги остварува своите верски потреби онаму каде што сака. Тоа време е поминато иако сè уште има поддржувачи на таквата политика во нашава држава. А како илустрација за тоталитаристичкото убедување на некои уредници на медиуми во нашава држава чувствуваме потреба да го искажеме нашето длабоко незадоволство за крајно непрофесионалниот однос на еден од уредниците на информативната програма на „Канал 5” телевизија, на којашто беше и објавена оваа неточна, да не бидеме груби па да кажеме, лажна информација. Имено, сакајќи да ја демантира оваа вест, Епископот брегалнички и местобљустител битолски г. Марко, се јави во телевизијата „Канал 5” и откако се претстави и ја кажа причината за која се јавува, од страна на уредникот му беше кажано дека нема за што да разговараат и грубо му беше спуштена телефонската слушалка дури без елементарна култура и без да се претстави.

    И ние според законот имаме право да вршиме верски обреди бидејќи тоа е загарантирано право на секој еден човек со меѓународни конвенции на коишто е потписник и Р. Македонија.

    МПЦ не може и не смее со сила да ги принуди верниците да доаѓаат кај нив ако тие по своја волја сакаат своите верски потреби да ги остваруваат во Православната Охридска Архиепископија.

    Наместо свештениците на МПЦ да се занимаваат со правење сплетки и збунување на народот подобро би било да се охрабрат и да го направат потребното за да пристапат во единство со сите Православни во светот.

    Од канцеларијата на брегалничката Епископија

    ПОА

    Демент је везан за овај снимак

    Вест на каналу 5

    http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=10542




    Повратне информације корисника

    Recommended Comments

    Нема коментара за приказ.



    Please sign in to comment

    You will be able to leave a comment after signing in



    Пријави се одмах

×
×
  • Креирај ново...