Jump to content

Orthophill

Члан
  • Content Count

    968
  • Joined

  • Last visited

Everything posted by Orthophill

  1. Здраво, треба ми српски превод молитве митрополита Јоила, против епидемије. Молитву имам на македонски и бугарски. Да ли неко има ту молитву или је расположен да је преводи?

    1. Show previous comments  1 more
    2. Orthophill

      Orthophill

      Господи Иисусе Христе, Боже наш, Архилекару на душите и телата, Кој поради нас стана човек, за да го исцелиш човекот од големата рана; Кој не ги презре неизлечиво болните - десетмина прокажени, но ги исчисти преку спасителната Ти благодат,Кој ги помина како Богочовек дните на Своето земно присуство, правејќи добрини и исцелувајќи ги сите немоќни и болни; Ти правеше добро и го враќаше здравјето на раслабените, слепите, тешките грешници, бесомачните и злонамерниците во телото и душата, односно по плотта и по разумот. Прими ја благонаклоно нашата молитва и помогни ни преку Твојата сила - вирусот убиец, кој има форма на круна и кој причинува страв или смрт кај немоќните и страдалните, да избега. И ако поради многуте наши гревови си го допуштил искушениево, Те молиме како Милостив, да Го отстраниш од нас и од целата вселена. А, ако за испитување на верата си го допуштил неговото госпотство, прекрати ја тревогата на немоќните од неговата епидемија. Ако пак тој ни е даден од злодејтвото на противникот или од невниманието на лесномислените луѓе, порази ја неговата сила како Бог Сесилен. Сочувај ги младите и запази ги немоќните, и тие што во старост пребиваат, излекувај ги од проклетиот вирус и ослободи ги од срце притеснето, и во замена за тоа - дарувај ни добро здравје, олеснување и великодушие, по застапништвото на Владичицата Богородица и на сите Твоие светии. Амин!

    3. Vasilije.

      Vasilije.

      Да је од великосхимника колашинског, превео бих је на било који језик који знам, али овога не знам. :(

    4. PredragVId

      PredragVId

                                                 Молитва против корона вируса

                               (Високопреосвећеног митрополита едеског Јоила)

      Господе Исусе Христе, Боже наш, Први Лекару душе и тела, Који си нас ради постао човек, да би исцелио човека од грехопада Адамовог; Који ниси презрео неизлечиво болесних десет губаваца, него си их очистио спаситељном Својом благодаћу; Који си као Богочовек проживео на земљи, чинећи добро и враћајући здравље и исцељујући сваку немоћ и болест у народу; Ти си чинио добро и враћао здравље раслабљеним, слепим, много сагрешившим, гневнима и злонамернима телесно и душевно, и телу и разуму. Прими благонаклоно нашу молитву и помогни да се савлада смртоносни вирус, који има облик корона вируса и који сеје страх, или смрт, међу немоћнима и незаслужено страдајућим, да се изагна. И ако зарад многих наших грехова допушташ такво искушење, молимо Те као милостив да га одагнаш од нас и од целе васељене.  А ако си због испитивања наше вере попустио његову силу, прекрати напетост над немоћнима, његове заразе широких размера. Ако нам је он дат од злодејства непријатељског или од немара лакомислених људи, порази његову силу као Свесилан Бог. Сачувај омладину и укрепи немоћне; и оне који су у старости, лечи од проклетог вируса и ослобађај свих тескоба срца; и у замену за то – даруј нам добро здравље, олакшање и великодушност, молитвама Пресвете Владичице наше Богородице и свих Твојих Светих. Амин!

  2. Контрадикторан си. Који је проблем да имамо аутокефалију? И веќа корист би имала СПЦ да има викар за Србе у Македонији, у аутокефалну МПЦ-у, него ли садашња ситуација.
  3. Па и нам вака ни е добро. Што ни фали? Си имаме слобода, си имаме своја Црква, храмови, свештеници, владици. И да појдеме во странство можеме да се црквуваме без проблеми и во Вселенската Патријаршија, во Антиохиската, во Бугарската, во Руската и во Романската Црква, па дури и Српската Црква.
  4. Како не сте капитулирани? Дури ни Србите во Македонија не се црквуваат во ПОА. Биди реален.
  5. Каде го најде бројов од 100.000 верници? Во најдобар случај има 1000, а реалниот е околу 200-300.
  6. Се мотаа и патријархот Кирил, кога беше митрополит, и митрополитот Иларион Алфеев, и епископот Тихон. Дури беше на власт ВМРО-ДПМНЕ, РПЦ (и Русија) ја поддржуваа МПЦ. Имаме и наши ученици во академиите на РПЦ.
  7. Ова е знамето на Митрополијата? Јас разбирам да се вее и знамето со грбот на СПЦ, ама да се вее знамето на Р. Србија - не.
  8. Ако е така, зошто на пример митрополитот Амфилохиј, кого искрено го ценам и почитувам, како добар и разумен човек, не наредил да го тргнат знамето од црквата во Котор?
  9. Значи повторно етнофилетизам. Црковните имоти им припаѓаат на сите православни подеднакво, без разлика дали се по етничка припадност Срби, Црногорци, Хрвати, Македонци, Албанци, Бугари, Грци итн. Би требало СПЦ =/= Р. Србија, ама ете во Црна гора тоа се поистоветува. Ако се поистоветува, зошто очекувате поинакви реакции? Нека си биде СПЦ, лојална на државата во која живее, нека го исфрли српството и неговиот опстанок, како примарна цел во своето дејствување, па и односот кон неа ќе се промени. Ама не, Неговата Светост, се дрзнува да не` нарекува “неиспилени Северномакедонци“ и очекува, дека со тоа ќе ги придобие нашите симпатии или ќе не` убеде дека сме јужносрбијанци. Тој ваш понос(гордост)... Само непријатели ви создава. СПЦ да и` дадеше автокефалија на МПЦ, сега ќе си имаше сателит Црква. А вака имате автономна Црква, која само троши пари и прави глупости. Последен проект на автономната Црква е кавга меѓу Србите во Македонија и нормално, патријархот кој ги храни го нарекува стар лицемер.
  10. Истото било договорено и ветено во 1958, ама знаеш кога било исполнето? Никогаш! Затоа се случи автокефалијата на МПЦ. Гледаме што се случува и во Црна Гора, како се бранат не православните светињи, туку српските. Дури и овде има тема како се шара Црна Гора со српски тробојки. Затоа СПЦ се доживува како Црква, која проповеда дека Србството=Православието, односно класичен етнофилетизам иако другите ги обвинува за истото.
  11. ЕКСКЛУЗИВНО: Вселенският Патриарх Вартоломей призова Сръбската Църква и Църквата в Северна Македония да стигнат до взаимно приемливо решение относно църковния проблем • Doxologia INFONEWS WWW.DOXOLOGIAINFONEWS.COM Превод: Йордан Георгиев Васеленска Патријаршија позваќе СПЦ и МПЦ на преговори у Фанар.
  12. Στην «Εκκλησία» των Σκοπίων η επόμενη Αυτοκεφαλία; WWW.ROMFEA.GR
  13. (Видео) Спасовски се сретна со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во седиштето на Цариградската Патријаршија во Истанбул MAKFAX.COM.MK Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, во придружба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и директорот на Комисијата за... Државна делегација на Република Северна Македонија (техничкиот премиер, поранешниот премиер, претседателот на комисијата за верски односи, амбасадорот во НАТО итн.) во официјална посета на Неговата Божествена Сесветост Архиепископот на Константиновград - Новиот Рим и Патријарх Вселенски г. г. Вартоломеј и Вселенската Патријаршија.
  14. Када неко у наше окружење прича да имао виѓења - то је прелест. Када то се дешава у Русији, онда то је откровљење! Али да се држимо до оно што је писао свети апостол Павле Галатима, да виѓења су истинита само ако су у склад за Свето Писмо и свето Предање.
  15. Здружење Богомољаца официјално нема. Али то не значи да богомољци не постоје. А шта значи бити богомољац? 1) Држити се тачно и прецизно до све оно што проповеда Православна Црква, до свих Божјих и Црквених заповести 2) Редовно присуство на богослужбе 3) Редовно читање молитве и Свето Писмо код куќе 4) Постити све посте 5) Чувати чедност и чистоту 6) Увек помагати онима, који имају потребу од помоќ
  16. Идеја богомољачког покрета је преобразба из назови хришќанског у хришќанског начина живота. Можда су богомољци недовољно образовани, можда некада су непослушни своме епископу, можда место свете оце читају и васпитавају се према поучне примери, али живеќи у целомудрије, у жељи да увек помогну другима, да увек пазе на посте и молитву, њихова срца увек горе као најсветла кандила испред олтара Најсвете Тројице. Остаци богомољачког покрета постоје још и у Македонију, тако да сам имао част да упознам чак и старе богомољце који су припадали и у покрету светог владике Николаја. „Наши богомољци – не одбацујте их…“ – (једна напомена свештеницима) – Свети Николај Жички - Православни мисионарски центар "о. Данил Сисојев" WWW.SVEDOKVERNI.ORG У сваком хришћанском народу осетио се после рата по неки особити религиозни покрет. Ови покрети махом су поникли у простом народу...
  17. 44:22 https://www.facebook.com/archangelsgreekorthodoxchurch/videos/2497852933641620/ Видите па поверујте...
  18. Владика Петар: Има расположение во Цариградската Патријаршија да почнат официјални разговори - 24 Инфо 24INFO.MK Сѐ уште сме во исчекување да почнат официјалните разговори помеѓу Македонската православна црква и... Владика Петар: Има расположение во Цариградската Патријаршија да почнат официјални разговори October 3, 2019 17:55 Сѐ уште сме во исчекување да почнат официјалните разговори помеѓу Македонската православна црква и Цариградската патријаршија по прашањето за автокефалноста. Неофицијалните сознанија се дека има расположение од Цариградската Ппатријаршија нашето прашање да го земе предвид на некоја од своите наредни седници, изјави Владиката Петар, одговарајќи на новинарско прашање какви се моментално релациите со Цариградската Патријаршија. Митрополитот Петар денеска присуствуваше на промоција на монографија за манастирот „Свети Илија” во прилепско Мариово. Досега, вели, нема официјални, но има неофицијални разговори. – До денеска, сѐ уште немаме официјални разговори со Цариградската патријаршија околу прашањето за автокефалноста на МПЦ. Сите досегашни се неофицијални разговори. Очекуваме дека час-поскоро ќе се случи да започнат и официјалните разговори. Инаку, од она што досега го имаме како сознание, од тие неофицијални разговори, е дека има расположение од Цариградската патријаршија нашето прашање за автокефалноста на МПЦ да го земе предвид на некоја од своите наредни седници. Како понатаму ќе се одвиваат работите по тоа прашање, не можеме ништо да предвидиме, бидејќи тоа ќе зависи од повеќе фактори. Секако дека беше споменато и дека може да стане збор и за политички односи што се однесува до нашата земја и до земјите на Балканот, зашто тоа има помало или поголемо влијание. Очигледно е дека сега сме во едно исчекување да почнат тие официјални разговори помеѓу МПЦ и Цариградската патријаршија, изјави Владиката Петар. Запрашан за релацијата на односите со Српската православна црква, Владиката Петар смета дека односите се заладени. –Она што е на релацијата на Македонска православна црква со Српска православна црква е општо познато, не само за македонската, туку и за пошироката јавност дека се заладени односите, но не по наша вина, туку по вина на СПЦ. Уште пред неколку години, сѐ што од нивна страна беше побарано, ние направивме. Доставивме и писмо со кое треба да се определат термин и место каде ќе продолжат разговорите, но тоа не се случи до ден-денеска. Мислам дека нема дискусија за некакви добри односи или релации, рече Владиката Петар. Со Руската православна црква, пак, вели, односите не се заладени, особено што Руската православна црква неколку пати се залагала да има разговори со СПЦ. -Никогаш не сме ги заладиле односите со Руската православна црква. Факт е дека Руската православна црква во повеќе наврати се залагаше да започнат разговорите со СПЦ, вклучувајќи ги и последните чекори кои ги направи кога Вранишковски излезе од затворот и беше таму на опоравување, како што ѝ беше кажано на јавноста. Од тоа што лично го знаеме дека кај РПЦ имаше желба да започнат разговорите со СПЦ, оттогаш работата е статус-кво и нема започнато разговори на релација МПЦ – СПЦ. Она што се случи на Соборот на архиереите на СПЦ, познато е дека оттаму не произлезе никаква информација во нивното соопштение по прашањето на нашата Црква, рече Владиката Петар објаснувајќи ги односите со Цариградската патријаршија и со другите православни цркви. Митрополит Петар је претседник комисије за преговоре око статуса МПЦ.
  19. Епа зошто не се залагате и сега за икономија? Место да оставате цел народ да пропаѓа, седнете и договорете се со епископите на МПЦ. Што е толку невозможно? Ќе си ги договорите условите, како што проповедавте и порано: ќе издаде томос СПЦ, истиот ќе го потврди (или ќе даде и дополнителни услови) Вселенската Патријаршија и толку - решен проблем. Лесно може да се реши се`. Јас немам проблем и арх. Јован да биде поглавар, а нема да има проблем и никој во Македонија. Ако можеше да се реши проблемот со името, може да се реши и овој. После и епископите и монасите од ПОА ќе живеат помирен и подостоинствен живот. Стотици празни манастири има во Македонија, можат и арондации на епархии да се направат. Се` може, ако се има желба и љубов. Ќе се радуваат и небесата и земјата! Зошто да ни се потсмеваат секташите?

Све поруке на форуму, осим званичних саопштења Српске Православне Цркве, су искључиво лична мишљења чланова форума 'Живе Речи Утехе' и уредништво не сноси никакву материјалну и кривичну одговорност услед погрешних информација. Објављивање информација са сајта у некомерцијалне сврхе могуће је само уз навођење URL адресе дискусије. За све друге видове дистрибуције потребно је имати изричиту дозволу администратора Поука.орг и/или аутора порука.  Коментари се на сајту Поуке.орг објављују у реалном времену и Администрација се не може сматрати одговорним за написано.  Забрањен је говор мржње, псовање, вређање и клеветање. Такав садржај ће бити избрисан чим буде примећен, а аутори могу бити пријављени надлежним институцијама. Чланови имају опцију пријављивања недоличних порука, те непримерен садржај могу пријавити Администрацији. Такође, ако имате проблема са регистрацијом или заборављеном шифром за сајтове Поуке.орг и Црква.нет, пошаљите нам поруку у контакт форми да Вам помогнемо у решавању проблема.

×
×
  • Create New...