Jump to content
  • advertisement_alt
  • advertisement_alt
  • advertisement_alt

Ристо, разбираш

Члан
  • Број садржаја

    11
  • На ЖРУ од

  • Последња посета

О Ристо, разбираш

  • Ранг
    Тек дошaо/ла

Скорашњи посетиоци профила

49 посетилаца
  1. Брате ја могу да будем највећи грешник, али расколник нисам, а нисам ни јужни Србин, колико да знаш, али тоа је мање битно. Ја припадам Цркви и Божјом помоћи сведочим Јединство Цркве у Македонију. А ти ако имаш шта да кажеш друго о расколу кажи, нико ти не забрањује. Ако не волиш да читаш о македонском расколу ти прескочи те постове. Шта се љутиш без везе!? Очигледно да ти тражиш пажњу и аплаузе са твојом иронијом.
  2. Конечно во потполност се согласувам со она што го напиша последно! Само, според она што го имам како информација, МПЦ поставува услови, наместо да се смири, затоа до сега нема дојдено до средба. Де не сакаат со Архиепископот Јован да разговараат, де сакаат безусловно признавање на автокефалија... Ама до разговори неминовно ќе дојде, како што стојат работите и тоа изгледа за брзо време. Кој ќе биде поглавар или кој на која Епархија ќе биде, тоа е полесниот дел, ми се чини. Потешкиот дел е да се голтне срамот пред народот, што сега треба пак да бидат заедно со Архиепископот Јован. Многу зла крв протече за овие последни 17 и кусур години. И јас лично, но и сите во Црквата, се молиме да дојде до разговори и тука ќе има икономија на Црквата сигурно. Но пред сè треба да се остават суетите човечки на страна.
  3. Пред да критикуваш кој каде и со кого живее, земи пред вид во какви услови живеат Епископите и монасите во Охридската Архиепископија. Дали некој од монасите беше расчинет од Петар пред да пристапи во Единство со Црквата? За Архиепископот Јован воопшто немаше никаков црковен суд. Како што немало ни во 1990, ако не се лажам, кога само со одлука беа расчинети и Кирил и Петар од тогашниот Архиепископ Гаврил (има и документи за тоа). Крштениејата и ракополагањата се признаваат по икономија на Црквата, бидејќи се извршени по православен обред, и бидејќи МПЦ има апостолско преемство. Но се облагодатуваат откако ќе пристапат во Црквата. За некој што не ја познава еклисиологијата на Црквата, ова може да му се чини како двојни аршини, но Црквата тоа го прави од грижа, а не заради двојни аршини.
  4. Не би рекол дека исповедаш исто што и јас, сè додека мислиш дека редот и поредокот важат само за другите, а МПЦ не треба да се придржува на тоа. Не го својатам јас Христос. Но ако заради било која причина се одвојуваш од Телото Негово, како може да се надеваш на Неговата милост? МПЦ повеќе од половина век еден народ држи надвор од благодатното подрачје на Црквата. Зошто!? Дали е тоа канонскиот ред и поредок, којшто го бараш? Тоа што на секаде во светот има замлати и што некои мислат дека цел свет е Србија, не е причина да не бидам во Црквата и со својот интегритет да му покажам дека греши. Христос не е пристрасен и секако дека моралот ќе го бара од сите нас подеднакво, но што ќе одговори човек што останал во раскол заради некои приземни интереси? Запрашај се и ти и сите Срби на овој форум што размислуваат националистички во Црквата: Дали ќе имаш ти повеќе привилегии пред Бога што си Македонец или Србите што се Срби? Не барај си само оправдание за да останеш надвор од Црквата. Мене во Црквата Христос ми е критериум, а не човек па нека е тоа и Патријарх. Секој канонски Епископ или свештеник ја има благодатта да совршува Литургија. Ако тој недостојно ја совршува, нема јас да одговарам за него пред Бога, меѓутоа, Литургијата не е невалидна заради неговата недостојност. Но ако некој се противи на Единсвтото на Црквата, директно се противи на Единството во Бога. Затоа расколот не е во благодатното подрачје на Црквата. Така исповедале отците на Црквата, така и ние прифативме и исповедаме. П.С. И даље сматрам да је питање раскола у Македонији повезано и са овом темом. Јер оно што се дешава у Украини може да се рефлектира и у Македонију. Не мислим да се тема затрпава непотребним информацијама о македонском расколу, напротив, сматрам да је корисна ова дебата, јер разлози су отприлике исти за раскол и у Украини и у Македонији. Опростите!
  5. Е брате, многу си даваш на значење. Ти ли си кретириумот кој од кого е подобар и кога ќе биде подобар и во што да биде подобар? Се залажуваш себе си. Никаде нема да најдеш совршенство на земјава па ниту во Црквата. Единствено во Црквата може да се спасуваш затоа што Христос е Глава нејзина, а не затоа што Епископатот или верниците се совршени. Ако тебе ти е критериум совршеноста на луѓето, пред Христа, тогаш можам само со жалење да констатирам дека ни Бог не може да ти помогне, бидејќи не го бараш Царството Небесно туку земно совршенство на луѓето. Па и сам си слаб, острастен и грешен, сигурно помалку од мене, но сепак со слабости. Зошто си го трошиш времето во раскол? Јас не реков дека сигурно ќе го изопштат Патријархот Вартоломеј, но бидејќи се повикуваш дека ќе останеш во МПЦ сè додека Стефан го спомнува Вартоломеј, само прашав: што ќе се случи ако Црквата донесе таква одлука? А дека може да го изопшти, може. Па ние не сме папски систем, па да го сметаме Цариградскиот за непогрешлив. И тој може да згреши како и другите. Затоа христијаните никогаш не треба да се врзуваат сентиментално за луѓе. Туку да ги љубат како што Бог ги љуби, не сентиментално туку присно и ако некој греши да му се укаже и тоа укажување да не биде сфатено дека некој некого мрази. Не се пристапува во Црквата заради Рајко или Петко, туку заради Христа и Неговата саможртвена љубов.
  6. Тие теории на заговор што ги лиферуваш се приказни за мали деца. Имаш неточни информации и за Грците и за Бугарите. Погледни ја објективната историја, а не онаа што МПЦ ја пишува, дека сите нè мразат. Дури и да е така треба да се запрашаме зошто сите нас нè мразат? Ајде еден да е, ќе речеш, еден како ниеден, ама сите да те мразат треба да се запрашаш дали нешто не е во ред и со тебе? Тоа што СПЦ до сега не ги расчинила владиците на МПЦ и ги чека да пристапат за да може да се даде автокефалија, ти го толкуваш како одолговлекување од геополитички причини. Друго и не се очекува од човек што навикнал политиката да се меша во црковните работи, па мисли дека секаде е исто. Кој го праша народот 1967 година да се одвои МПЦ од СПЦ? Да не имаше референдум случајно? Архиепископот Доситеј којшто комунистите го уцениле од СПЦ да дојде во Македонија за да биде поглавар, бил Србин и зборувал српски па тоа на никој не му сметало. Значи не е во прашање негирање на нација или посебна држава. На политиката им требало да си има своја црква за да манипулира со народот. Ти да не им светеше па знаеш кој кого каде праќал? Не е ниту прв ниту последен случај некој да замине од монаштво. Се случува тоа во сите Цркви, заради слабостите на човекот. Јас знам дека Софрониј го погребаа свештеници од Охридската Архиепископија. Нема тука никакви теории на заговор. Братот на Софрониј со целото семејство се во Охридската Архиепскопија. А кога сме кај Артемиј, СПЦ и него го расчини, заради правење раскол. Што е тука спорно? Значи секој што прави раскол во Црквата е расчинет. Се толерираат владиците на МПЦ затоа што овие не учествувале директно во правењето на расколот туку го наследиле. Што не значи дека Црквата ќе ги толерира до недоглед. Зошто мислиш дека е релевантна архивата на расколничката Преспанско-пелагониска епархија? Според тебе сите имале задни намери што пристапиле во канонската Црква. Дури и да е така, Црквата има моќ да го преобразува човекот, што во расколот не е така. Едно нешто ме радува кај тебе, ако воопшто е искрено. Тоа што сакаш и се молиш да пристапи МПЦ во канонска Црква па да бидеме сите едно во Христа. Дај Боже да биде тоа што побрзо! А што се однесува до колумната што ја пренесува МКД13, само покажува дека во Црквата има слобода на размислување. Лично не се согласувам во потполност со ставовите на Архимандритот Роман Анастасијадис, ама тоа е дијалогот во Црквата, за којшто расколниците се ускратени бидејќи слободно избрале да бидат надвор од Црквата. Пак мешаш сентиментално поврзување со вистинска љубов. Ако веруваш во Едната Света Соборна и Апостолска Црква нема да ја сегментираш на овој начин. Ако МПЦ е дел од Едната Црква тогаш исто е дали си таму или во било која помесна Црква во светот. Ако пак не е, како што и не е, тогаш која е ползата да бидам надвор од Црквата заради сентиментална поврзаност? Ти можеби си крстен во МПЦ, ама твоите баби и дедовци, барем оние кои се починати пред Втората Светска војна не се погребани од МПЦ, бидејќи не постоела како таква на оваа територија. Што би значело сега за тебе, ако сите Цркви се согласат да го изопштат Патријархот Вартоломеј? Зарем ќе се врземе за личноста и ние ќе одиме во пропаст? Тоа се случува и кај нас. МПЦ била канонска, направила грешка и затоа од тогаш е изопштена. Ништо во Црквата не се случува автоматски и секој случај е посебен и на посебен начин се разгледува. Во тоа е и убавината на Црквата, што не секогаш ја следи човечката логика. Со малку поголема вера во Бога пристапете во Единство па секоја неправда Бог ќе ја исправи.
  7. МПЦ је део раскола и мислим да може и овде да се расправља о њој.
  8. Судскиот прогонот врз Архиепископот Јован не престанат иако тој не е во затвор моментално. Врховен суд не се изјаснил по жалбата. Може пак да го врати делото на првостепено разгледување. И пак сè од почеток. На владиката Кирил му беше судено и пресудено заради тоа што учествуваше во предизвикувањето на расколот и остана непокајан за тој грев до смртниот час. Кој од другите Епископи што судеа направија раскол? Во голема заблуда си! Нешто си начул, ама не си дослушнал и се служиш со полувистини, а се знае кој се служи со полувистини, да не му го спомнуваме името. За кривично дело перење на пари треба да има пари што се стекнати со кривично дело нелегално. Тоа што некој заштедата си ја дал за да се купи место за служење на Литургија, а не за резбани столици, не се нелегални пари. А по најмалку можел Архиепископот Јован да им ги даде, како што го обвинуваа, оние пари што ненаменски ги потрошил кога бил Епископ во Велес. Значи еднаш потрошени пари од страна на Архиепископот Јован, повторно тој им ги дава на другите да ги трошат. Ако според тебе ова има логика, тогаш си за сериозен медицински преглед. Мислиш дека некој намерно садистички сакал Архиепископот да биде во затвор само за да се фали дека има владика во затвор!? Тоа е многу болно размислување. Тоа што во канонската Црква си видел повеќе лицемерие од љубов само значи дека си видел она што си барал. Ако ја бараш љубовта Божја ќе ја најдеш па дури и во затвор. Нема удобно распетие! Никој од нас не бара да оди во затвор, ама и не бега ако тоа дојде. Архиепископот го уценуваа, ако го пуштат од затвор да ја напушти Македонија. Е затоа Архиепископот не излезе од затвор толку време, бидејќи сакаше да остане со паствата, па макар и во затвор. Но за тоа ќе пишува историјата на Црквата. Ќе читаш ако си жив и здрав. Никој во канонската Црква не оди затоа што таа е идеална и нема недостатоци. Има секакви и во Црквата, почнувајќи од мене како најгрешен. Ама во Црквата сме затоа што Христос е Глава, а на расколот не е. На Неговата милост се надеваме. Тоа што треба Епископатот на МПЦ да го направи не е ниту непознато ниту комплицирано. Тие еднаш и го направија, кога го потпишаа Нишкиот договор. Треба да го прифатат оној статус што го имале пред расколот, со тоа што сега може веднаш да се дефинираат и понатамошните чекори до автокефалијата која, секако, ќе дојде со консензус, бидејќи ем така се договорени сите Цркви пред Соборот на Крит, ем сега се виде со Украина дека еднострано признавање не вродува со плод. Што и да направил Свети Сава тоа било укинато заедно со Охридската Архиепископија 1767 година. Последната канонска состојба на СПЦ како автокефална Црква е од 1920 година запечатена со Томос од Цариградската Црква. Последната канонска состојба на МПЦ била во рамките на СПЦ, затоа решавањето на спорот е во договор со СПЦ. И тука ништо не е комплицирано, доколку се тргнат настрана суетите човечки и политичарите како некои што и нанесоа најголемо зло на Црквата со своето мешање, а сè заради нивни лични интереси, а не заради интересите на Црквата и народот. Дури и да се признае правото на апелација на Фанар, тоа не може да се случи ако нема првична одлука. СПЦ не бара од МПЦ ништо невозможно ниту комплицирано. Само да се врати во статусот пред расколот, како и што го прифатија со Нишкиот договор, ама после под притисок на политиката се откажаа. А ти што велиш? Треба да им се легализира пучот на МПЦ од страна на СПЦ? И ако не се случи тоа тогаш ќе бараме апелации се додека некој не се најде да го легализира пучот? Нели е недозреано такво мислење? Нели мислиш дека така МПЦ наликува на разгалено детиште што по секоја цена сака да му удоволат, без притоа да мрдне со мал прст? Ако мислиш дека го оправдувам Патријархот, ако воопшто дал благослов, расколникот да сослужува во канонска Црква, се лажеш. Тој сам ќе си даде одговор за тоа пред Бога, јас само реков дека ни за расколникот не е полезно тоа. И не е убаво да се бавиш со инсинуации. Кои расархимандрити, какви трудни сопруги, за какви ветувања зборуваш? Тие што пристапија во канонската Црква пристапија, тие што сакаа да останат останаа, некои заминаа. Никој со сила ниту ги принудувал да останат ниту ги бркал. Еден смирен братски совет. Наместо да бараш лицемерие во Црквата и надвор од неа, подобро барај ја милоста и љубовта Божја и ела во Црквата, а не од надвор, како пред прозор, да викаш. Биди ти промената што сакаш да се случи во Црквата. Покажи како треба, ама од надвор не е можно. Треба да си внатре, за да те видат и препознаат. Вака остануваш туѓинец за Црквата. П.С. Пишем на македонском, јер се обраћам лично ономе који ме је прозвао и пише на македонском. Сада је бар лако, ако неко не разуме, да то преведе на google translate.
  9. Прочитај подобро! Тоа беше печатна грешка што веднаш ја поправив. Се гледа кој сака да биде во Единство. Ако на МПЦ сакаше да влезе во Единство со Црквата до сега тоа ќе го направеше. Ти веројатно и не знаеш што се подразбира под перење на пари, па затоа не ти замерувам што тресеш зелени. Само не ги соблазнувај луѓето со дезинформации. Кои се тие нереални услови што ги поставува Црквата? Тоа што бара да се покајат за расколот? Тоа што бара МПЦ да престане со прогонот на Архиепископот Јован и на другите Епископи, клирици, монаси и верници? А реално е од страна на МПЦ да си седи на два стола. Ем бара од СПЦ продолжување на разговорите, ем во исто време од Цариград бара да им додели „автокефалија”, без да покажат ни најмалку каење за тоа што го направиле 1967 година. Ова не е само не реално туку е и безобразно! Не се плаши никој од Охридската Архиепископија да влезат и МПЦ во Единство, за тоа се молиме од секогаш. Затоа што не си ја почувствувал љубовта во Црквата, затоа мислиш дека сите те мразат.
  10. Лично ме боли за таквите како тебе, што се задоволуваат со некаква сентименталност, наместо со љубов во изобилие. Одлуката да се одлачи клирот на МПЦ е од 1967 и тоа на Соборот на СПЦ, како и одлуката од 2005 да не се причестуваат ниту верниците кои се во раскол. Јасно е дека многумина заради сентиментална поврзаност не ја почитуваат таа одлука. Но за тоа самите ќе си дадат одговор пред Бога. Црквата не одлучи така затоа што не ги сака расколниците, туку за да не бидат како Јуда. Ама бадијала му на намигнуваш на слеп, кога не може да те види. И не си ласкај многу, никого од Црквата што ја почувствувал благодатта на Единството со Бога не го боли тоа дали некој расколник ќе се провлече некаде и дали Патријархот ќе му дал да сослужува или не. А, пак, ако тебе те испонува нечија болка, само Господ нека ти е на помош. Под гонење на Црквата не се подразбира само физичко гонење, туку и секое работење против Единството на Црквата. Што прават и клириците и верниците во раскол, ако не работат против Единството на Црквата? Затоа споредбата со рускиот пример не ти е соодветна.
  11. И да је неки расколник саслуживао у канонској Цркви, па нека је то и са благословом Његове Светости, не значи да је аутоматски члан Цркве, као што не значи да ће се свако ко је у канонској Цркви спасити аутоматски. Ако се тај исти расколник врати поново у расколу и настави да прогони канонску Цркву, каква ће бити њему корист што је саслуживао у канонској Цркви? Једино што може саблазнити неке који нису одлучни у вери да остану у расколу. И Јуда се причестио са Христом, па Га издао. Каква је корист била њему од тога што се причестио? Тако се само може наћи на свадби Сина Божјега, необућена у свадбену одећу. Свако од нас има и личну одговорност пред Богом за наше поступке, али у зависности од положаја у коме се налази у друштву, сваки човек има и колективну одговорност за остале људе.

Све поруке на форуму, осим званичних саопштења Српске Православне Цркве, су искључиво лична мишљења чланова форума 'Живе Речи Утехе' и уредништво не сноси никакву материјалну и кривичну одговорност услед погрешних информација. Објављивање информација са сајта у некомерцијалне сврхе могуће је само уз навођење URL адресе дискусије. За све друге видове дистрибуције потребно је имати изричиту дозволу администратора Поука.орг и/или аутора порука.  Коментари се на сајту Поуке.орг објављују у реалном времену и Администрација се не може сматрати одговорним за написано.  Забрањен је говор мржње, псовање, вређање и клеветање. Такав садржај ће бити избрисан чим буде примећен, а аутори могу бити пријављени надлежним институцијама. Чланови имају опцију пријављивања недоличних порука, те непримерен садржај могу пријавити Администрацији. Такође, ако имате проблема са регистрацијом или заборављеном шифром за сајтове Поуке.орг и Црква.нет, пошаљите нам поруку у контакт форми да Вам помогнемо у решавању проблема.

×
×
  • Create New...